За што зборуваа кандидатите во изборната кампања (1920 x 1080 px)

За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави #1

Месечен преглед на медиумските објави [15 септември – 14 октомври 2025]

За што зборуваа кандидатите во изборната кампања

Изборите за локалната власт беа една од најдоминантните теми во медиумскиот простор со над 11.000 медиумски написи и над 1.100 објави на социјалните мрежи. Анализата открива јасна слика: изборната кампања се води на терен на конкретни, локални решенија, додека темите за транспарентност, отчетност и граѓанско општество остануваат речиси целосно отсутни од јавната дебата.

Доминантни теми: образование, локални услуги, транспорт

Медиумскиот и дигиталниот простор во изминатиот месец беа доминирани од неколку јасни тематски линии. Образованието се појави како апсолутен приоритет во традиционалните медиуми и на социјалните мрежи. Училиштата и градинките се спомнуваа константно, што може да укажува дека семејствата и младите родители се клучна целна група.

Локалните прашања – управување со отпад, чистота на населбите – се втора доминантна тема, следени од јавниот превоз, кој стана централна содржина особено кај кандидатите од поголемите општини. Ветувања за нови автобуски линии, старо-новиот Автобуски брз транзит (Bus Rapid Transit) систем, автобуски ленти и бесплатен превоз се повторуваа низ целата кампања.

Формулата што функционира во оваа кампања е: конкретни проекти + јасен временски рок = највисок ангажман. Отворање паркови, реновирање булевари, поставување контејнери, изградба на градинки – сè додека има визуелна компонента и временска рамка, генерира реакции.

Јаз меѓу медиумската и граѓанската агенда

Еден од најзначајните наоди е јазот меѓу она за што пишуваат медиумите и она на што реагира публиката. Традиционалните медиуми посветиле значително внимание на евроинтеграциите – тема која е меѓу петте најчесто споменувани во новинарските текстови. Сепак, кога се анализираат темите што генерираат најголем ангажман на социјалните мрежи, евроинтеграциите воопшто не се на листата.

Наместо тоа, граѓаните реагираат на теми како здравство, животна средина и секојдневни локални услуги. Овој јаз е критичен и укажува дека додека медиумите ја врамуваат дебатата низ геополитичка и институционална призма, јавната дискусија е многу повеќе фокусирана на непосредни, лични грижи: квалитетот на здравствената заштита, безбедноста на животната средина и состојбата на локалната инфраструктура.

Кампањите кои успеваат да го премостат овој јаз – на пример, со поврзување на инвестициите во локални болници или контрола на загадувањето со европските стандарди – се оние што резонираат на двете нивоа.

Транспарентноста како празна реторика

Иако транспарентноста и отчетноста се често спомнувани од кандидатите, подлабинската анализа покажува дека овие теми се врамуваат скоро исклучиво преку административна ефикасност, а не преку вистинска институционална транспарентност.

Доминантната содржина се фокусира на дигитализација, е-услуги и „едношалтерски систем” за граѓаните. Кандидатите зборуваат за „одговорност кон граѓаните”, но тоа примарно се изразува преку подобрување на услугите, не преку механизми за јавна контрола.

Има малку внимание на покрупни механизми за фискална транспарентност – објавување на детални буџети, отворени тендери, регистри за судир на интереси или јавно достапни записи од седниците на советите. Додека некои кандидати користат силна антикорупциска реторика, ретко нудат конкретни инструменти: објавување на договори, засилени внатрешни ревизии, или листи со поплаки.

Оваа празнина создава впечаток дека на транспарентноста и се приоѓа како на популистичка тема, а не како на програмска обврска. За граѓанските организации, ова претставува јасна стратешка можност: темите мора активно да се вметнат во јавната дебата, најдобро преку нивно поврзување со конкретни случаи на неефикасност, еколошки проблеми или локални услуги кои граѓаните ги доживуваат секојдневно.

Финансирањето на граѓанското општество е целосно отсутно

Анализата покажува дека темите за финансирање на граѓанското општество воопшто не се на агендата на ниту еден од медиумски експонираните кандидати. Нема дискусија за улогата на граѓанските организации во локалната демократија, нема ветувања за поддршка на граѓанските иницијативи, нема визија за соработка помеѓу локалната власт и организираното граѓанство.

Ова не е изненадување, но е важен наод за граѓанскиот сектор: без проактивно вметнување на овие теми во јавната дебата, тие ризикуваат да останат невидливи не само во кампањата, туку и во идните четири години локално управување.

Каде се одвива дискусијата?

Анализата на платформите за објавување информации открива значајна нерамнотежа помеѓу оние каде политичарите инвестираат и оние каде публиката навистина реагира.

Иако политичарите најмногу објавуваат на Јутјуб (YouTube) (просечно 36 објави по политичар), оваа платформа дава еден од најслабите резултати – само околу 20 интеракции по објава. Долгите видео-формати се скапи, бараат многу ресурси, но не го даваат очекуваниот ефект.

Спротивно на тоа, ТикТок (TikTok) се појавува како најмоќната платформа – со просечно 598 интеракции по објава. Краткиот, вертикален видео-формат е најефикасниот начин за мобилизација на публиката.

Фејсбук (Facebook) останува платформа за широк досег и засилување на содржината/пораката, додека Инстаграм (Instagram) функционира како мост за визуелно раскажување. Телеграм (Telegram) покажува висока активност (~37 објави по политичар), но со речиси нула реакции – што значи дека е платформа за еднонасочно емитување, не за вистински дијалог со граѓаните.

Говорот на омраза

Токсичните содржини во онлајн политичкиот простор следат два различни модела:

Високо-видливите кандидати се соочуваат со голем обем, но ниска интензивност на токсичност – на пример, околу 4-5% од коментарите се класифицирани како говор на омраза, но бројот на такви коментари е висок поради големиот вкупен обем на дискусија.

Помалите, потесните кампањи покажуваат понизок обем, но повисока интензивност – каде стапките на токсичност можат да достигнат 12-18%, што укажува на потесни, но повеќе поларизирани публики каде навредливите содржини полесно се зацврстуваат.

Најголемиот ризик не е само во апсолутните бројки, туку во интензитетот и контекстот: онлајн токсичноста се концентрира под објави со конфликтно врамување, идентитетски сигнали или опозициски пораки, и на мал број портали и Фејсбук страници кои постојано го шират најактивниот дискурс.

Методологија

Податоците во овој преглед потекнуваат од сеопфатен мониторинг на јавниот дискурс реализиран преку платформата Pikasa Analytics, која комбинира автоматизирано следење со напредна анализа на содржините од онлајн медиуми и социјални мрежи.

Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија што го спроведуваат МЦМС, НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска. Мислењата и ставовите изразени во оваа објава не ги одразуваат ставовите на Владата на Швајцарија.

Продолжи со читање

  • Практична поддршка за полесно финансиско известување

    На 30 април 2026 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) во Скопје, тимот на Цивика мобилитас одржа работилница за финансиско известување. Работилницата беше наменета за добитниците на партнерските грантови од повикот ЦМ-ПГ-2. Вкупно 19 учесници од сите 11 грантисти, вклучително координатори на проекти и лица задолжени за финансии,…

  • Придонесот на граѓанските организации во медиумската слобода

    „Обликување иднина во мир“ е глобалната порака под која оваа година се одбележува 3 Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, посветен на улогата на новинарството во заштитата на човековите права, демократските процеси и јавниот интерес. Денот се одбележува од 1993 година, по одлука на Обединетите нации и препорака…

  • Седма едукативна работилница во Куманово за унапредување на здравјето на мајките и децата со фокус на мајчиното ментално здравје

    На 23.04.2026 година во Куманово се одржа седмата по ред едукативна работилница посветена на здравјето на мајките и децата, со посебен фокус на мајчиното ментално здравје. На работилницата учествуваа 18 жени, бремени или во период до 12 месеци по породувањето. Работилницата им овозможи на учесничките да добијат важни информации за…

  • Наша моќ, наша планета: Граѓанскиот сектор предводник на промените

    Секоја година, 22 април нè потсетува дека планетата не се заштитува само со големи ветувања, туку со секојдневни работа, одлуки, практични решенија и заедници кои знаат дека имаат моќ да направат промена. Овогодинешното мото на Денот на планетата Земја, „Нашата моќ, нашата планета“, особено силно се поврзува со работата на…

  • Меѓународниот ден на Ромите низ призмата на граѓанското општество

    Меѓународниот ден на Ромите е уште една можност за проверка на напредокот на општеството за предизвиците со кои се соочуваат нашите сограѓани, но исто така и е и можност да го препознаеме придонесот на сите оние што секојдневно работат на нивно надминување. Во тој процес, граѓанските организации имаат клучна улога….

  • Средба со раководителката на секторот за Источна Европа на СДЦ

    Тимот на Цивика мобилитас на 5 март се сретна со Северин Доне-Декарт (Séverine Donnet-Descartes), раководителката на секторот за Источна Европа во Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Таа се интересираше за предизвиците во граѓанското општество, како и за можностите што програмата ги нуди за граѓанските организации во земјата. Александар…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор