[aggregator] downloaded image for imported item #39879

Отворена канцеларија: Пријави повреда на избирачко право!

Хелсиншкиот комитет за човекови права ги известува граѓаните дека во недела, 19 октомври 2025 година, канцеларијата на Комитетот ќе биде отворена во текот на целиот ден со цел да им овозможи на граѓаните да пријават  повреда на избирачкото право за време на првиот круг на Локалните избори.

Комитетот ги охрабрува сите граѓани кои сметаат дека нивното избирачко право е повредено да го пријават случајот во канцеларијата на Комитетот кој се наоѓа на ул. „Наум Наумовски Борче“ бр. 83 во Скопје. Доколку граѓаните не се во можност да дојдат до нашите простории, случаите на повреда на избирачкото право можат да го пријават и на телефонскиот број: 02-3119-073.

Покрај личното и телефонското пријавување овозможена е и пријава преку е-пошта на helkom@mhc.org.mk. Пријавите преку е-пошта треба да содржат кратко образложение за настанатата повреда, локација (изборна единица и број на гласачко место) и време на настанување на повредата на избирачкото право.

Граѓаните можат да ги поднесат пријавите наведувајќи ги своите лични податоци или анонимно. Сите пријави до Комитетот ќе бидат дополнително истражени со цел да се верификува нивната веродостојност.

Тајноста и неповредливоста на личните податоци се загарантирани од страна на Хелсиншкиот комитет и тие нема да бидат објавени без претходна дозвола од страна на граѓаните што ја пријавиле повредата.

The post Отворена канцеларија: Пријави повреда на избирачко право! appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Хелсиншки комитет за човекови права

Продолжи со читање

  • Национален младински форум „Тука сме за да останеме!“: Време е младите да добијат реална моќ во одлучувањето

    Денес се одржа Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!“, кој создаде простор за директен дијалог меѓу млади луѓе од целата држава и претставници […]

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/ТИМ ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН И МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРОДУКЦИЈА

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) објавува јавен повик за ангажирање експерт или тим за подготовка на визуелни и мултимедијални содржини во рамки на кампања за животна средина, јавна партиципација и пристап до правда. Ангажманот опфаќа развој на креативен концепт и подготовка на најмалку 10 содржини за социјални медиуми, вклучително инфографици, кратки анимации и […]

  • Како да се слушне гласот на граѓаните? РЕСИС организираше работилница и дебата во Велес

    Како граѓанските барања и проблеми да бидат повидливи и слушнати од локалната власт? Токму ова прашање беше во срцето на работилницата и јавната дебата што Институтот РЕСИС ја одржа во Велес со граѓани и со претставници на општините од Вардарскиот Регион.

  • Етичка рамка за колумни

    Колумната, како уникатен новинарски жанр, ги надминува традиционалните правила на новинарството и во медиумската теорија се смета за една од најслободните и „најживи“ форми, во која доминираат авторскиот став и интерпретацијата. За разлика од класичниот коментар или уредничкиот текст, колумната често остава простор за личен тон, анегдота, полемика, намерна провокација или потсмев. Во неа не […]

  • Изборите се ранлив момент кога граѓаните се изложени на манипулации и надворешни влијанија

    На 19 мај, во Скопје, Фондацијата Метаморфозис во соработка со International IDEA го организираше настанот „Зајакнување на отпорноста кон изборни манипулации со информации“, посветен на справувањето со странското мешање и манипулациите со информации (ФИМИ), дезинформациите и заканите по изборниот интегритет. Настанот се реализираше во рамки на проектот „Справување со изборно поврзани манипулации со информации и […]

  • Дојди на донаторски кружок

    Почитувани, Седмиот донаторски кружок на Конект ќе се одржи на 04.06.2026 г. во просториите на Македонски Телеком (Кеј 13-ти Ноември“ бр. 6, Скопје) со почеток од 19 часот. Приемот на гостите започнува во 18.30 часот.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор