Nedelen pregled 5

За што зборуваат кандидатите на локалните избори 2025? #5

НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД #5 [13 - 17 октомври 2025]

Во последната недела пред изборниот молк имаше засилена активност и обновена мобилизација во медиумските објави со повеќе од 3.000 медиумски текстови и 240 објави на социјалните мрежи, и со јасен раст на ангажманот кон крајот на неделата. Кампањата влезе во завршна фаза со интензивирани дебати, митинзи и последни ветувања, што го реактивираше јавниот интерес по краткиот застој од средината на неделата.

За што зборуваат кандидатите на локалните избори?

Образованието, училиштата и локалните услуги останаа доминантни теми. Со 2.472 текстови и речиси 49.000 интеракции како далеку најдискутирана тема, образованието остана апсолутен приоритет.

Училиштата имаа 1.459 текстови и 29.000 интеракции, што укажува на траен фокус врз семејствата, младите родители и квалитетот на образовните услуги.

Отпадот и чистотата како дел од локалните прашања беатретиот столб на кампањата, додека евроинтеграциите се на четврто место по обем, но со помала емотивна резонанца од домашните теми. Здравството генерираше најголем ангажман по текст (30,6 интеракции по статија), што покажува дека здравствените теми, иако помалку присутни, предизвикуваат најсилни лични реакции.

Меѓутоа, неделата беше обележана и со вонредна мобилизација околу пожарот во ноќниот клуб во Кочани (15 октомври), кој привремено доминираше на социјалната агенда со 82.000 интеракции од 221 објава или просечно 371 интеракција по објава, што го прави далеку највиралниот настан на неделата. Оваа трагедија привремено ги засенчи политичките содржини и пораки и покажа колку брзо емоционалните, безбедносните и хуманитарните случаи можат да ја преземат јавната дискусија.

Што навистина ги движи граѓаните?

Последната недела пред изборниот молк ја потврди формулата што функционира: локални, проверливи проекти + јасен временски рок = највисок ангажман. Образованието, училиштата, локалните услуги и јавниот превоз останаа централни теми.

Што се случува со темите за граѓанското општество?

И оваа недела транспарентноста, отчетноста и финансирањето на граѓанското општество не се на агендата на ниту еден од кандидатите кои е медиумски поекспонирани. Темите за дигитализација се споменуваат, но речиси исклучиво како „побрза администрација” и „е-услуги”, а не како алатки за јавна контрола, објавување на буџети или следење на тендери.

Графиконот на теми покажува дека додека локалните прашања, образованието, училиштата, нелегалните градби, животната средина и јавниот превоз доминираат, темите како дигитализација и иновации се појавуваат само маргинално и кога се споменуваат, тоа е речиси секогаш во контекст на модернизација на услуги, не на отворени податоци, транспарентни тендери или граѓанска контрола.

Овој јаз останува клучен за граѓанските организации: без проактивно вметнување на овие теми во јавната дебата, што е најдобро да се направи преку нивно поврзување со конкретни случаи на неефикасност, корупција или еколошки проблеми, тие ризикуваат да останат невидливи не само во кампањата, туку и во идните четири години локално управување.

Kаде се одвива дискусијата?

Анализата на платформите повторно потврди дека ТикТок (TikTok) е најефикасниот канал за мобилизација, со просечно 496 интеракции по објава, далеку над Инстаграм (Instagram) (152) и Фејсбук (Facebook) (116). Политичарите кои инвестираа во краток, емотивен видео-формат постигнаа несразмерно висок досег споредено со оние кои се потпираа на традиционални формати.

Јутјуб (YouTube) и понатаму останува најнеефикасната платформа со најмногу објави (10 по политичар), но само 17 интеракции по објава. Фејсбук останува платформа за широк досег, додека Телеграм (Telegram) и понатаму функционира како еднонасочен канал со речиси нулти јавни реакции.

Говорот на омраза оваа недела следи две динамики: високо-видливите кандидати се соочуваат со голем обем, но релативно ниска интензивност на токсичност (4-7%), додека помалите, идеолошки или родово-фокусирани кампањи покажуваат повисоки стапки (12-19%).

Кај најекспонираните, говорот на омраза укажува на родово-базирано и идеолошко таргетирање во помалите, но поинтензивни расправи. Ова е значаен наод: жените-кандидати, особено оние од помали или идеолошки партии, се соочуваат со диспропорционално повисока онлајн агресија во однос на нивната видливост.

Методологија

Податоците во овој преглед потекнуваат од сеопфатен мониторинг на јавниот дискурс реализиран преку платформата Pikasa Analytics, која комбинира автоматизирано следење со напредна анализа на содржините од онлајн медиуми и социјални мрежи.


Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија што го спроведуваат МЦМС, НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска. Мислењата и ставовите изразени во оваа објава не ги одразуваат ставовите на Владата на Швајцарија.

Продолжи со читање

  • Практична поддршка за полесно финансиско известување

    На 30 април 2026 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) во Скопје, тимот на Цивика мобилитас одржа работилница за финансиско известување. Работилницата беше наменета за добитниците на партнерските грантови од повикот ЦМ-ПГ-2. Вкупно 19 учесници од сите 11 грантисти, вклучително координатори на проекти и лица задолжени за финансии,…

  • Придонесот на граѓанските организации во медиумската слобода

    „Обликување иднина во мир“ е глобалната порака под која оваа година се одбележува 3 Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, посветен на улогата на новинарството во заштитата на човековите права, демократските процеси и јавниот интерес. Денот се одбележува од 1993 година, по одлука на Обединетите нации и препорака…

  • Седма едукативна работилница во Куманово за унапредување на здравјето на мајките и децата со фокус на мајчиното ментално здравје

    На 23.04.2026 година во Куманово се одржа седмата по ред едукативна работилница посветена на здравјето на мајките и децата, со посебен фокус на мајчиното ментално здравје. На работилницата учествуваа 18 жени, бремени или во период до 12 месеци по породувањето. Работилницата им овозможи на учесничките да добијат важни информации за…

  • Наша моќ, наша планета: Граѓанскиот сектор предводник на промените

    Секоја година, 22 април нè потсетува дека планетата не се заштитува само со големи ветувања, туку со секојдневни работа, одлуки, практични решенија и заедници кои знаат дека имаат моќ да направат промена. Овогодинешното мото на Денот на планетата Земја, „Нашата моќ, нашата планета“, особено силно се поврзува со работата на…

  • Меѓународниот ден на Ромите низ призмата на граѓанското општество

    Меѓународниот ден на Ромите е уште една можност за проверка на напредокот на општеството за предизвиците со кои се соочуваат нашите сограѓани, но исто така и е и можност да го препознаеме придонесот на сите оние што секојдневно работат на нивно надминување. Во тој процес, граѓанските организации имаат клучна улога….

  • Средба со раководителката на секторот за Источна Европа на СДЦ

    Тимот на Цивика мобилитас на 5 март се сретна со Северин Доне-Декарт (Séverine Donnet-Descartes), раководителката на секторот за Источна Европа во Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Таа се интересираше за предизвиците во граѓанското општество, како и за можностите што програмата ги нуди за граѓанските организации во земјата. Александар…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор