Forum civica 2 850x300
|

Кога се штеди на превенција, последиците се скапи – граѓанските организации и институциите со заеднички повик за поголеми вложувања во превенцијата

Граѓанските организации и институциите од здравствениот сектор отворија јавен дијалог за унапредување на пристапот до квалитетни превентивни здравствени услуги за жените, девојките и ранливите групи, на тематскиот форум „Кога се штеди на превенција, последиците се скапи“ одржан на 15.10.2025 година. Главните заклучоци од дискусијата се дека неопходно е вклучување на граѓаните и граѓанските организации во планирањето и спроведувањето на превентивните програми, препознавање на граѓанските организации како даватели на превентивни здравствени услуги, потребно е зголемување на буџетите за превенција, како и зајакнување на свеста на граѓаните за нивното право на превентивна здравствена заштита.

На форумската дискусија граѓани и претставници на граѓански организации споделија лични сведоштва за пристапот до програмата за скрининг на рак на грлото на матката и до гинеколошки услуги во руралните средини, предизвиците на младите во сексуалното и репродуктивното здравје, искуства со Програмата за здравствена заштита на мајките и децата, како и состојбите со превенцијата од ХИВ. Форумот обезбеди двонасочна дискусија, на која учествуваа и претставници на Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и Меѓупартиската парламентарна група за ХИВ и СРЗ.

Настанот се одржа како дел од проектот „Унапредување на здравствените права на жените, девојките и ранливите групи“, во чии рамки, во изминатиот период се изврши мониторинг анализа на четири програми за превентивна здравствена заштита.

КЛУЧНИ НАОДИ ОД АНАЛИЗИТЕ

Превенција од ХИВ – Во споредба со 2021 година, буџетот за превенција е намален за околу 70%, што резултира со 50% помал опфат. Здруженијата откриваат еден ХИВ случај на 150 теста, додека здравствените установи еден случај на 1150 теста, што укажува дека за рано откривање критични се заедниците и граѓанските организации.

Скрининг на рак на грлото на матката – Во 2023 година со скрининг биле опфатени само 10% од жените од целната возрасна група,што е далеку под потребните минумум 25% годишно. Недостигот од матични гинеколози е трајна бариера, особено во руралните средини.

Програма за мајки и деца – Укинати се клучни скрининзи (прееклампсија во бременост, слух кај новороденчиња),намалени се средствата за медикаментозен абортус, а услугите за најранливите се недоволно искористени (само 27 жени добиле бесплатна контрацепција и само еден бесплатен преглед за жртва на сексуално насилство во 2024 година).

Програма за партиципација (за бремените жени, родилки и доенчиња) –Дури 92% од Ромките не знаат дека имаат право на бесплатни прегледи за време на бременоста, а 80% платиле за услуги што им следуваат бесплатно. Министерството за здравство покрило партиципација за само 2.850 пораѓања од 16.061 живородени деца во 2024 година, оставајќи 82% непокриени од страна на државата.

Проектот „Унапредување на здравствените права на жените, девојките и ранливите групи“ партнерски го спроведуваат Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, Иницијативата за правата на жените од Шуто Оризари и Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – Заедно посилни, со поддршка од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.

Консолидиран сет на препораки ќе биде финализиран и споделен со Министерството за здравство, надлежните институции и јавноста. Овој процес произлегува директно од барањето и учеството на граѓанските организации на форумот „Кога се штеди на превенција, последиците се скапи“.

Мислењата кои се изразени во ова соопштение не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор