Ai ed

Вештачката интелигенција во образованието – да ја научиме иднината

Северна Македонија од тековната учебна година ги направи првите чекори за да воведе вештачка интелигенција (ВИ) во наставата. Вкупно 200 наставници од сите средни училишта во државата ја поминале првата фаза од обуката. Употребата на вештачката интелигенција ќе биде воведена во сите предмети, а од наставниците ќе зависи колку и какви алатки ќе се користат.


Раскажи ми ја накратко лектирата „Алиса во земјата на чудата“, му пишавме на Четџипити (ChatGPT), чет-бот заснован на вештачка интелигенција (ВИ) што е особено популарен меѓу учениците во основно и во средно образование.  

Одговорот што го добивме беше задоволителен и приспособен да го разбере ученик за лектирата за петто одделение, чија содржина и не е така едноставна. Четџипити кажа дека книгата е фантастична приказна за девојчето Алиса, кое во еден сончев ден гледа бел зајак со часовник, решава да го следи и ги набројува нелогичните настани што потоа ѝ се случуваат. На крај ја пишува и главната порака од приказната и прашува дали сакаме, покрај општата верзија, да направи и кратко резиме за секое поглавје посебно.

Еден ученик може комотно да го препише овој одговор од Четџипити и да ја разбере темата на лектирата.

Употребата на алатки од вештачката интелигенција во образованието е неизбежна промена откако употребата на алатки за ВИ стана критична вештина за работните места во иднина. Така и влезот на ВИ во македонските училишта е неминовен чекор во денешниот технолошки пејзаж што брзо се развива.

Или, како што пластично се објаснува – тоа што некогаш беше дигитронот за сметање, тоа сега е ВИ. Можеш до резултатот да дојдеш и без него, но со него е побрзо, поточно, поефикасно…

Но, само ако се користи како алатка, а не како замена за сопственото мислење.

Сепак, прашањата на учениците до чет-ботови за да го поминат материјалот полесно, не е единствениот и вистинскиот начин на кој придобивките од ВИ можат да се користат во образованието.

До каде е ВИ во училиштата во Северна Македонија?

Северна Македонија од тековната учебна година ги направи првите чекори за да воведе ВИ во наставата. Позитивна страна е што има интерес и одреден напредок во иницијативата.

Слабост е што системот има проблеми со инфраструктурата – училишта без доволно ресурси, компјутери или пристап до интернет, отсуство на стратегиска регулатива и на целосна правна рамка.

ai ed 2

Откако летово ја најави новината, тоа што сега го прави Министерството за образование и наука (МОН) е обука на наставниците за примена на вештачката интелигенција во образованието. Вкупно 200 наставници од сите средни училишта во државата ја поминале првата фаза од обуката, според одговорот што го добивме од МОН. Употребата на вештачката интелигенција ќе биде воведена во сите предмети, а од наставниците ќе зависи колку и какви алатки ќе се користат.

Објавен е водич за вештачка интелигенција за  тоа како да се применуваат најпознатите алатки за создавање и уредување текст, за слики и мултимедија, за истражување и учење, како да се користат алатките по одделни области како математика, природни науки, јазици и литература, историја и општествени науки, но и како да се препознаваат можни злоупотреби на податоци.

Почнат е процес на нова мрежна инфраструктура со безжичен пристап до интернет. Досега мрежна инфраструктура е воспоставена во 95 училишта.

Има наставници што веќе ја користат ВИ во своите предавања, но побројни се тие што сега се обучуваат за потоа како ментори да ги обучат и другите во сите училишта низ државата.

Но, што велат истражувањата за тоа до каде е Северна Македонија во овој процес.

ТАЛИС (TALIS) e најголемо меѓународно истражување за настава и учење на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) ().

Резултатите од ова истражување, односно од одговори собрани во 2024 година од наставници и директори во средни училишта во Северна Македонија, покажале дека:

  • 42 отсто наставници користеле ВИ во својата работа (повисоко од просекот на ОЕЦД, кој е 36 отсто).
  • Наставниците имаат тенденција да користат ВИ за ефикасно учење и сумирање тема (81 отсто), генерирање планови за лекции или за активности (81 отсто) и помагање на учениците да вежбаат нови вештини во реални сценарија (75 отсто).
  • Најретката употреба на ВИ е за автоматско приспособување на тежината на материјалите за лекции.
  • Меѓу наставниците што изјавиле дека не користеле вештачка интелигенција во наставата во 12 месеци пред анкетата, 50 отсто кажале дека немаат знаење и вештини за предавање со вештачка интелигенција (пониско од просекот на ОЕЦД кој е 75 отсто), а 56 отсто кажале дека нивните училишта немаат инфраструктура за користење вештачка интелигенција (повисоко од просекот на ОЕЦД, кој е 37 отсто).

Како ВИ го револуционизира образованието

– Зошто асистентот за вештачка интелигенција беше отпуштен од работа?
– Затоа што продолжи да ги оценува тестовите со „LOL“.

Ова е шега, но во глобални рамки ВИ веќе се користи и за оценување тестови.

ai ed

Други начини на кои ВИ може да се вклучи во наставата се и:

  • Поголем пристап до ресурси преку богатство од платформи за да го олеснат и да го подобрат учењето. На пример:
    • Canva Magic Write, кој помага во размена на идеи, скицирање и планирање часови;
    • Curipod, кој им овозможува на наставниците брзо да креираат интерактивни лекции;
    • Eduaide, кој им обезбедува на наставниците повеќе од 100 вида ресурси од кои можат да изберат за да креираат висококвалитетни наставни материјали;
    • Quizizz, кој може да се користи за дизајнирање квизови што ќе креираат персонализиран пат на учење врз основа на одговорите на секој ученик;
    • Picsart и Visme, алатки што генерираат слики и можат да ги направат апстрактните концепти поразбирливи.
  • Понатаму, ВИ овозможува персонализиран пристап, приспособување на содржината на индивидуалните потреби на секој ученик според неговиот стил на учење. На овој начин, вештачката интелигенција им помага на учениците да бидат поангажирани и мотивирани;
  • Им обезбедува на учениците непосредни повратни информации за нивната работа, помагајќи им да ги видат своите силни и слаби страни. Ваквите повратни информации го подобруваат разбирањето и резултатите од учењето, бидејќи им помагаат и на наставниците да знаат на што да се фокусираат во идните лекции;
  • Kреира и дополнува содржина: лекции, активности, процени, дискусии и презентации, едноставно со обезбедување краток текст со клучни зборови.
  • Поинклузивни лекции: вештачката интелигенција има моќни алатки што го прават претходно недостапниот материјал достапен за учениците со посебни потреби. Алатките што нудат претворање текст во говор, визуелно препознавање, препознавање говор и друго, можат да им помогнат на наставниците да ги адаптираат ресурсите така што сите ученици имаат еднаква можност за учење.

Вештачката интелигенција е тука за да остане, а нејзиното влијание продолжува да се развива. Иако слабостите при користењето ВИ предизвика загриженост кај едукаторите низ светот (какви што се слаб критички однос на учениците кон проверка и веродостојност на добиените информации или недоволна подготвеност на наставниците), продуктивната употреба на ВИ-алатките и позитивните придобивки од неа го неутрализираат тој предизвик.

Автор: Пелагија Младеновска

Фотографии: freepik.com


Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски институт за медиуми

Продолжи со читање

  • Направи добро дело за заедницата

    Во рамките на прославата по повод 22 февруари – Светскиот ден на извидниците, а во рамките на кампањата “Направи добро дело“ поттикната од страна на Сојуз на извидници на Македонија, на 21.2.2026 год. (сабота) членовите на извиднички одред “Димитар ВЛахов“ – Велес го исполнија предизвикот за оваа седмица “Направи добро…

  • INNO KIDS Педагошка рамка – Поддршка на иновативно и одржливо образование

    Педагошката рамка на INNO KIDS претставува современ образовен модел кој има за цел да го подобри квалитетот на учењето преку иновативни и интерактивни наставни пристапи. Проектот е кофинансиран од Европската унија и се фокусира на развој на вештини, критичко размислување и одржливо образование кај учениците. Главната визија на рамката е да поттикне учење кое не […]

  • Социјалната правда не се слави, таа се создава!

    Денот на социјалната правда не е датум што треба само формално да се одбележи. Тој треба да не потсети дека правдата не е апстрактен поим, туку конкретна реалност што директно влијае врз животот на луѓето: врз нивната плата, сигурност, достоинство и иднина. За нас од „Гласен текстилец“, социјалната правда не…

  • Над 200 милиони евра годишно за државна помош – потреба од поголема транспарентност и контрола

    Над 200 милиони евра годишно се издвојуваат за државна помош во Северна Македонија, но средствата се раштркани низ различни институции, што го отежнува нивното следење и управување. Според податоците на Комисијата за заштита од конкуренција, државната помош во 2023 година изнесувала 206 милиони евра (околу 1,5% од БДП), а во 2024 година достигнала 235,2 милиони […]
    The post Над 200 милиони евра годишно за државна помош – потреба од поголема транспарентност и контрола first appeared on Finance Think.
    The post Над 200 милиони евра годишно за државна помош – потреба од поголема транспарентност и контрола appeared first on Finance Think.

  • ФТ Став бр. 67 за минималната плата, продуктивноста, инфлацијата и неформалното вработување

    Finance Think го поддржува порастот на минималната плата за да го зачува животниот стандард на примателите. Клучното прашање не е дали минималната плата треба да расте, туку со кое темпо и врз кои економски основи. Непропорционално и значајно зголемување на минималната плата и сите останати плати во економијата без паралелно зголемување на новосоздадената вредност крие […]
    The post ФТ Став бр. 67 за минималната плата, продуктивноста, инфлацијата и неформалното вработување first appeared on Finance Think.
    The post ФТ Став бр. 67 за минималната плата, продуктивноста, инфлацијата и неформалното вработување appeared first on Finance Think.

  • Јакнење на управувањето со државната помош во Западниот Балкан

    Денешната панел-дискусија, „Јакнење на управувањето со државната помош во Западен Балкан: транспарентност, ефикасност и усогласување со ЕУ“, обедини разновидна група носители на политики, претставници на јавни институции од Западен Балкан, меѓународни организации, како и актери од истражувачката и граѓанската сфера. Дискусијата истакна дека државната помош често се перципира како техничко или административно прашање, додека во […]
    The post Јакнење на управувањето со државната помош во Западниот Балкан first appeared on Finance Think.
    The post Јакнење на управувањето со државната помош во Западниот Балкан appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор