[Aggregator] Downloaded image for imported item #42880

Годишен извештај за состојбата со човековите права во 2024 година

Годината 2024 во светот беше исполнета со промени што го редефинираа глобалниот политички, економски и општествен пејзаж. Од продолжувањето на руската воена инвазија врз Украина, преку хуманитарната катастрофа во Газа, подемот на крајната десница во европските држави, победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, па сè до бројните политички потреси во САД и Европа — светот се соочи со комплексни предизвици кои ќе имаат долгорочни,последици во годините што следат.

Оваа година не само што ја тестираше издржливоста на општествените системи, туку и ги нагласи поделеноста, тензиите и кризите што го обликуваат светот во 21 век.

Она што е очигледно и извесно во општата неизвесност е дека јазот меѓу богатите и сиромашните и натаму се продлабочува, а повторно најголеми жртви се најранливите групи граѓани.

Во Република Северна Македонија, врз основа на наодите за 2024 година кои произлегуваат од работата на Хелсиншкиот комитет за човекови права, може да се констатира дека не е постигнат напредок во законскиот и институционалниот систем за унапредување на човековите права.

Генерално, најголема закана за заштитата на човековите права и борбата против дискриминацијата претставува недовербата на граѓаните во институциите.

Редица настани во текот на 2024 година укажуваат на длабоки и системски предизвици вo правосудниот систем. Недостигот од транспарентност, несоодветната примена на законите и непочитувањето на независноста на институциите доведуваат до сериозно нарушување на владеењето на правото.

И оваа година ја одбележа нескриеното дејствување на антиродовите движења. Тиего користат родот и сексуалноста како клучен дел од својата реторика, зборувајќи за прашања како што се репродуктивните права, правата на ЛГБТИ+ лицата и родовата еднаквост, поттикнувајќи страв и поделби во општеството. Антиродовите движења, користејќи се со пропаганда, притисоци врз општините и државните институции, дезинформации и говор на омраза, најдоа плодна почва кај претставници на владата што се формираше во 2024 година. Нивните заложби се преточија во реалност преку конкретни законски решенија во сферата на образованието.

Министерството за образование и наука изготви предлог-измени на Законот за основно образование и нов Закон за средно образование. Првиот закон имаше цел да се спроведе пресудата на Европскиот суд за човекови права во врска со сегрегацијата на децата Роми во јавните училишта.

Во поднесените предлози, кои подоцна беа усвоени од Владата на Република Северна Македонија и доставени до Собранието, Министерството за образование ги отстрани поимите „сексуална ориентација“, „род“ и „родов идентитет“ како основи за дискриминација, како и терминот „родова еднаквост“, заменувајќи го со изразот „еднакви можности“. Усвојувањето на овие измени ги направи законите за основно и средно образование контрадикторни на одредбите и духот на Законот за спречување и заштита од дискриминација, кој ги препознава родот, сексуалната  ориентација и родовиот идентитет како основи за дискриминација.

Дел од жртвите на родово базираното насилство што побараа правна помош од Хелсиншкиот комитет се соочуваат со сериозни правни пречки, особено затоа што обидите за силување, демнење и вознемирување од страна на насилниците не се соодветно санкционирани, или пак предлозите за изрекување на заштитни мерки не се прифаќаат од судовите.

Во однос на говорот на омраза, кој и оваа година е регистриран во загрижувачки голем број случаи, потребни се построги санкции — правосудните органи треба да воведат поригорозни мерки против лицата што шират говор на омраза по етничка и национална основа. Потребно е и зголемување на ефикасноста на Јавното обвинителство, особено во делот на постапувањето по пријавите, со редовно објавување на статистика за решени случаи.

Во областа на криминалот од омраза, инцидентите што се случуваат врз основа на етничка припадност и понатаму се најзастапени — дури 82,3% од вкупниот број регистрирани инциденти.

Годишниот извештај на Хелсиншкиот комитет за 2024 година содржи конкретни случаи од практиката кои јасно ги покажуваат вкоренетите системски проблеми и нивното влијание врз правата на граѓаните во земјата.

Во декември 2024 година беа одбележани 30 години од формирањето и работењето на Хелсиншкиот комитет за човекови права во Република Северна Македонија.

The post Годишен извештај за состојбата со човековите права во 2024 година appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Хелсиншки комитет за човекови права

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор