ЕПИ

Трет повик за поддршка на локалните организации на цивилното општество на РЕКОМ мрежата на помирување

РЕКОМ мрежата на помирување ги повикува организациите на цивилното општество од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Косово да пријават мали проекти која придонесува за ширење на знаењето за судските факти и за јакнење на жртвите, прифаќањето и откривањето на фактите за воените случувања и злосторства во локалната заедница, и за изградба на регионалната култура на сеќавање и помирување.

Рокот за поднесување пријави и проекти е 30.4.2023 година.

РЕКОМ мрежата на помирување (РМП), бившата Коалиција за РЕКОМ, обединува организации на цивилното општество, уметници, писатели, историчари, правници и други поединци кои со своите активности и јавен ангажман го поддржуваат правењето поименичен попис на сите жртви од војните во 1991–2001 година на просторот на поранешна Југославија. Поддршка за регионален попис на воените жртви веќе дадоа 580.000 граѓани на постјугословенските земји, кои во 2011 година ја потпишаа петицијата за основање на РЕКОМ. До 2015 година, лидерите на Хрватска, Србија, Црна Гора, Косово и Македонија (денешна Северна Македонија), како и двајца членови на Претседателството на БиХ, ја поддржуваа граѓанската иницијатива за заеднички попис на сите воени жртви од страна на државите. Во декември 2014 година, Коалицијата за РЕКОМ го усвои Нацрт Статутот на РЕКОМ, кој претходно беше усогласен помеѓу претставниците на лидерите на споменатите земји и експертите на Коалицијата за РЕКОМ, како документ за покренување постапка за основање на РЕКОМ. Меѓутоа, политичките промени во Хрватска, во февруари 2015 година, доведоа до голем пресврт во таа земја по прашањето на соочување со минатото, со што поддршката за иницијативата на РЕКОМ значајно опадна. Во согласност со договорот со лидерите на останатите постјугословенски земји, Коалицијата ја подготви Декларацијата за основање на РЕКОМ, со предлог министрите за надворешни работи од западниот Балкан да ја потпишат на самитот на Берлинскиот процес во Лондон во 2018 година. Постоеше надеж дека и Хрватска, како членка на ЕУ, дополнително ќе се приклучи. Меѓутоа, одлука за потпишување на декларацијата донесе само Владата на Црна Гора, поради што потпишувањето на Декларацијата беше симнато од дневниот ред на самитот на Берлинскиот процес во 2018 година. Следуваше значајна поддршка од Директоратот на ЕУ за политиката на соседство и проширување на ЕУ. Во рамки на подготовките на самитот на Берлинскиот процес во 2019 година, почесниот генерален директор на ЕК, Пјер Мирел, во име на Директоратот за политиката на соседство го посети Сараево, каде од советниците на членовите на Претседателството на БиХ беше информиран дека бошњачкиот и хрватскиот член на Претседателството имаат нови приоритети – обезбедување на регионалната стабилност и безбедност на БиХ и дека Република Српска не го поддржува помирувањето на темелите на судските факти за што се залага Коалицијата за РЕКОМ. Соочена со губењето на политичката поддршка, во декември 2019 година, Собранието на Коалицијата за РЕКОМ на своето XII заседание донесе одлука за преструктуирање на Иницијативата за РЕКОМ. Така, фокусот беше ставен на преземањето на грижата за изготвување на регионален попис на жртвите (130.000), зголемување на истражувачките капацитети со вклучување на факултетите за општествени науки од Хрватска и БиХ, и на обезбедување соодветни финансиски средства. Според податоците на РМП, идентитетот на најмалку 27.500 воени жртви е веќе утврден: идентитетот на околу 7.000 жртви на воени злосторства е утврден со судски пресуди, а Фондот за хуманитарно право (ФХП) и Фондот за хуманитарно право Косово (ФХПК) од повеќе извори го утврдија идентитетот на 13.500 цивилни и воени жртви во врска со војната на Косово. Documenta и ФХП го утврдија идентитетот на околу 7.000 цивилни и воени жртви во војната во Хрватска. Значителен дел од работата е завршен, но исклучително важно е што поскоро да се направи попис на сите жртви и податоците да бидат јавно достапни за проверка. За оваа толку значајна работа битна е посилната поддршка на иницијативите на локално ниво кои ги промовираат перспективите на жртвите и на правдата, регионалното помирување, почитување на жртвите без оглед на етничката припадност, поттикнување на младите да учат, паметат и критички размислуваат за минатото. Оттука, и овој проект на мали грантови кој го осмислија членките на РМП кои учествуваат во истражувањето на човечките загуби и местата на заточеништво, односно Фондот за хуманитарно право (Србија), Фондот за хуманитарно право Косово (косово), Здружението за транзициска правда, помирување и сеќавање во БиХ и Центарот за демократија и транзициска правда (БиХ), Центарот за граѓанско образование (Црна Гора) и Институтот за европска политика (Северна Македонија).

Водич за поднесување предлог проекти

Продолжи со читање

  • Јавен надзор над јавните набавки: неправилности и отстапувања во три големи јавни набавки

    СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ Денес, 19 март 2026 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај (издание бр.1). Издвојуваме дел од клучните наоди: 1. Тендер за корисниците на народни кујни во Скопје: За 1,5 милиони евра, храната се дели на улица и не секогаш според договореното Договорот за јавна набавка на готови оброци за корисниците на народни кујни во вредност од 1,5 милион евра не се спроведува во…

  • Превенција што дава резултати: објавени националните стандарди за превенција од употреба на дроги

    ХОПС – Опции за здрав живот Скопје го објави документот „Национални стандарди за превенција од употреба на дроги“, развиен во рамките на проектот за воспоставување национален систем за превенција во средните училишта, со поддршка од Европската Унија. Овие стандарди претставуваат сеопфатна рамка за планирање, спроведување, следење и проценка на превентивните активности на национално и локално […]
    The post Превенција што дава резултати: објавени националните стандарди за превенција од употреба на дроги appeared first on ХОПС.

  • Легалната миграција и правата на странците во фокус на втората тематска дискусија

    На 10 март 2026 година, во хотел Холидеј Ин во Скопје, се одржа настанот „Легална миграција и правата на странците: состојби и предизвици“, како продолжение на дискусијата одржана на 16 декември 2025 година. Настанот беше организиран од Македонското здружение на млади правници (МЗМП), во рамките […]
    The post Легалната миграција и правата на странците во фокус на втората тематска дискусија appeared first on Myla.

  • Благодарница за организација и постигнати резултати во крводарителството и покажана хуманост и солидарност

    На 17.3.2026 год. (вторник), по повод 17 март – Ден на крводарителството во конференциската сала во хотел Интернационал во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Велес се организираше Свечен настан за доделување на јубилејни признанија за крводарителството. Во рамките на овој настан беше доделена Благодарница…

  • Метаморфозис објави истражување за ефектите од дезинформациите и странските влијанија врз демократските процеси

    Фондацијата „Метаморфозис“ го објави истражувањето „Ефектот на дезинформациите и странските влијанија врз демократските процеси во Северна Македонија во 2025 година“, кое анализира како дезинформациите и пропагандните наративи влијаат врз јавната дебата, довербата во институциите и учеството на граѓаните во демократските процеси. Истражувањето комбинира анализа на дезинформациски наративи и анкета на репрезентативен национален примерок, со што […]

  • Како да се сопре падот на критичкото размислување?

    Критичкото размислување е основа на демократските општества, но и на научното истражување и на интелектуалната слобода и независност. Во рамките на една функционална демократија критичкото размислување им помага на граѓаните да ги оневозможуваат злоупотребите на власта и да им се спротивстават на манипулациите. Тоа е и вештина што филозофите, од Сократ до Џон Стјуарт Мил, […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор