1920x1080 MAM

Една заедница, едно прашање: Која е твојата #MYelomaStory?

Повеќе од 41 милион луѓе во повеќе од 45 земји беа активирани за време на Месецот на миелом 2023

Меѓународна фондација за миелом (ММФ) на крајот на овогодинешното одбележување на Месецот на миелом (МАМ) им се заблагодарува на сите учесници за поддршката на кампањата која опфати повеќе од 41 милион луѓе во светот во повеќе од 45 земји.

ММФ секој март го организира МАМ со цел да ја подигне свеста за оваа болест на глобално ниво; да ги потикне индивидуите и групите да превземат акција која позитивно ќе влијае на заедницата; да ги „урнат“ предрасудите и да се обединат во глобалната заедница за борба против миелом.

Една заедница. Едно прашање. Безброј приказни. Оваа година, заедницата за борба против миелом на глобално ниво одговараше на прашањето: Која е твојата #MYelomaSTORY?”  

1920x1080_MAM_2

ММФ доби илјадници инспиративни видеа кои даваат одговор на прашањето: „Со еден збор раскажете ја вашата приказна за миелом“.

„Пред да направиме компилација од видеата, веќе претпоставувавме дека многумина ќе имаат слични одговори и дека овие одговори ќе имаат уште поголемо влијание кога ќе бидат споделени на различни јазици. Пораките за надеж и издржливост одекнаа низ глобалната заедница за миелом – јасно покажувајќи дека миеломот нема граници“, вели Питер Антон, потпретседател за маркетинг во ММФ.

ММФ, исто така, ја ангажираше ММФ Глобалната мрежа за акција против миелом (GMAN) и соработуваше со сродни организации во Латинска Америка.

Сердар Ердоган, директорот на Глобалната мрежа и програмите за пациенти во Европа и Блискиот Исток, благодарение на организациите доби голем број приказни од целиот свет за борбата со миелом. Тој снимал и видеа од пациенти и нивните партнери, кои биле присутни за време на целиот процес.

„Верувам дека моќта на зборовите се одрази на глобално ниво. Преку нивните приказни за миелом, учесниците на МАМ споделија нешто посебно од нивна перспектива, притоа придонесувајќи за колективната дефиниција за тоа што навистина значи миеломот за глобалната заедница“, вели Сердар.

Screen Shot 2023-03-23 at 6.03.42 PM

Преку социјалните медиуми пациентите, нивните партнери, здравствените работници, експертите за миелом се вклучија во кампањата #MYelomaSTORY и ги споделија своите приказни, со што поттикнаа емпатија и надеж кај членовите на заедницата за миелом.

Јелак Биру, 27-годишен пациент со миелом, раскажува: „Како млад имигрант од Етиопија, сопруг и дипломиран студент, дознав дека имам мултипен миелом на 26-годишна возраст. Животот со миелом не беше секогаш лесен, напротив се соочив со различни ситуации и научив многу вредни животни лекции. Една од тие е дека мора да научиме да живееме со миелом, не за него“.

Screen Shot 2023-03-23 at 6.04.03 PM

Главниот медицински директор на ММФ, д-р Џозеф Михаел, кој е активно вклучен во Иницијативата M-Power на ММФ, вели: „Како афро-американски лекар за миелом, ова стана лична и професионална мисија за мене. Дел од мојата тековна приказна за миелом  е да најдам решение за оваа здравствена нееднаквост преку програмата M-Power; ангажирање со заедницата за подигнување на свеста за миелом; едукација на давателите на примарна здравствена заштита за подобрување на раната и точна дијагноза на миелом; и подобрен пристап и нега на одделите за хематологија/онкологија.

Кристин Батистини, претседател на ММФ за Латинска Америка и претседател на Институтот Еспако де Вида, раскажа како нејзината приказна за миелом започнала во 1997 година, кога на нејзината мајка во Бразил и бил дијагностициран мултипен миелом. „ММФ  беше таму од првиот ден за да не поддржи и да не води низ процесот, како и да ни даде сила и надеж за иднината“.

„МАМ кампањата помогнаа да се подигне свеста за миелом низ целиот свет. И јас, како претседател и основач на Меѓународната фондација за меланом во Латинска Америка, горда сум што сум дел од оваа мисија“, рече Кристин.

Screen Shot 2023-03-22 at 7.52.05 PM

Најдобри моменти од МАМ 2023 година

Кампањата #MYelomaSTORY оваа година опфати над 41 милиони луѓе од повеќе од 45 земји во светот, каде поединци и групи ги споделија своите приказни, објави и фотографии.

Некои од главните моменти на овогодинешниот Месец на миелом вклучуваат:

„Која е твојата #MYelomaSTORY?” видео компилација каде учествуваа членовите на глобалната заедница за борба против миелом од Австралија, Австрија, Аргентина, Бразил, Канада, Данска, Финска, Израел, Португалија, Србија, Шпанија и Турција.

Блогови од пациентите и нивните партнери на тема „живеење со-и не за- миелом “.

Настани во живо на Фејсбук одржани од д-р Бет Фајман, член на раководниот одбор на медицински сестри на ММФ, РН, MSN, APRN-BC, AOCN®, FAAN (2.000 прегледи) и д-р Џозеф Михаел, главниот медицински директор на ММФ (2,1 илјади прегледи) каде беа споделени приказни и совети за живеење со болеста и размена на искуства.

Огромен интерес и учество на работилница за регионална заедница во Сан Диего, Калифорнија и семинарот за семејство на пациенти во Бока Ратон.

ММФ 31-дневен велнес предизвик каде што преку 40 групи за поддршка постигнаа над 45.000 минути движење, внимание и грижа за себе.

Комплет алатки за социјални медиуми каде што фактите за миелом, статистиката и други информации беа споделени и преведени на 10 јазици: чешки, француски, фински, германски, унгарски, корејски, португалски, шпански, тајландски и турски.

Споделени илјадници фотографии од членови на заедницата на веб-страница на MAM.

Заклучоци од „Ѕидот на #MYelomaSTORY“ и креирани инфографици од приказните, фактите и статистиката споделени од пациентите со миелом и нивните партери

Донации за истражување, образование, поддршка и застапување на ММФ.

МАМ 2023 стана моќен доказ за силата и издржливоста на човечовиот дух, како и непоколебливата посветеност на ММФ за подобрување на животот на пациентите со миелом додека напоредно се работи на превенција и лек за оваа болест.

1920x1080_MAM_1

Активно учество на спонзори

Благодарение на несебичниот придонес на поединци и групи, МФМ со задоволство објавува дека МАМ 2023 изврши огромно влијание врз глобалната заедница за миелом – за секој пациент со миелом, партнер, медицинска сестра, лекар и застапник, предизвикувајќи емпатија и надеж преку кампањата #MYelomaSTORY.

МФМ им се заблагодарува за поддршката и вклучување во кампањата #MYelomaSTORY на Платинум спознорите:  2seventy bio, Abbvie, Amgen, Binding Site, Bristol Myers Squibb, GSK, Janssen Pharmaceutical Companies & Johnyopharm, Johnsonpharm Therapeutics, Pfizer, Regeneron, Sanofi и Takeda Oncology.

ЗА МУЛТИПЕН МИЕЛОМ

Мултипен миелом е рак на плазма клетките на коскената срцевина – бели крвни зрнца кои создаваат антитела. Канцерогена или малигна плазма клетка се нарекува миеломска клетка. Миеломот се нарекува „повеќекратен“ бидејќи често има повеќе закрпи или области во коската каде што расте. Може да се појави и како тумор и/или област на губење на коскената маса и влијае на местата каде што коскената срцевина е активна: шупливата област во коските на ‘рбетот, черепот, карлицата, ребрата и областите околу рамената и колковите.

1920x1080_MAM_1b

ЗА МЕЃУНАРОДНАТА ФОНДАЦИЈА ЗА МИЕЛОМ

Основана во 1990 година, Меѓународната фондација за миелом (ММФ) е првата и најголемата глобална фондација која се фокусира конкретно на мултипен миелом. Фондацијата работи со повеќе од 525.000 членови во 140 земји во светот. ММФ е посветена на подобрување на квалитетот на животот на пациентите со миелом додека работи на превенција и лек, фокусирајќи се на четири клучни области: истражување, образование, поддршка и застапување. ММФ има спроведено повеќе од 250 едукативни семинари ширум светот, ја одржува светски познатата InfoLine и во 2001 година ја основа Меѓународната работна група за миелом (IMWG), заедничка истражувачка иницијатива фокусирана на подобрување на опциите за третман на миелом кај пациентите. Во 2012 година, ММФ го лансираше Black Swan Research Initiative®, револуционерен истражувачки проект насочен кон лекување на миелом. ММФ може да се контактира на (800) 452-CURE (2873). Глобалната веб-страница е www.myeloma.org.

Следете ги на:  

Твитер: @IMFmyeloma  

Инстаграм: @imfmyeloma   

Фејсбук: @myeloma   

LinkedIn: International Myeloma Foundation  

1920x1080_MAM_3

Продолжи со читање

  • Учество на осмата меѓународна регата Сава Наутик во Брчко – БиХ

    Претставникот на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, Владимир Ивановски Вуцо и од Вардарска регата “Гемиџии“ Владимир Стојанов и Томе Шескокалов во периодот од 28-30.8.2026 год. на покана на здружението ИКС центар (X centar) од Брчко Дистрихт – БиХ земаа учество на осмата меѓународна туристичка рега “Сава наутик“. На оваа…

  • Погледнете го нашето ново промотивно видео и откријте како органскиот отпад може да стане вредна суровина!

    Преку силен фокус на циркуларната економија и еколошката едукација, сакаме да ги поттикнеме граѓаните на итна акција за правилно сортирање на отпадот — клуч чекор кон здрава животна средина и ублажување на климатските промени. Главни ѕвезди во видеото се наставниците и учениците од основните училишта каде што ги одржавме нашите едукативни работилници. Тие јасно порачуваат: со менување на секојдневните навики и активен граѓански ангажман, секој од нас има моќ да донесе позитивни промени во општеството!
    Ова видео е дел од промотивнтаа дигитална кампања со едукативно-информативни содржини за придобивките и начините за искористувањето на потенцијалот на органскиот отпад.
    Оваа видео е подготвено во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Resource Environmental Center – REC North Macedonia Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Eco – Logic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија, со поддршка од Владата на Швајцарија и Embassy of Switzerland in North Macedonia преку програмата Цивика мобилитас #CivicaMobilitas.
     
    Содржината на оваа видео е единствена одговорност на партнерите во проектот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија #CHinMK, Цивика мобилитас #CivicaMobilitas, или организациите што ја спроведуваат.

  • Европски младински камп во Михелштат: Заедно растеме и создаваме лидери

    Програми Европски младински камп во Михелштат: Заедно растеме и создаваме лидери Кампот Михелштат во Германија беше домаќин на Европскиот младински камп, кој собра 135 учесници од 15 земји. По долго патување, а за некои и пристигнување во Михелштат низ серија на предизвикувачки услови, младите и нивните лидери се обединија околу заедничката тема: “Growing together – rooted in values – rising as leaders“, односно „Растеме заедно – вкоренети во вредностите – се издигнуваме како лидери“. Кампот понуди динамична програма исполнета со различни курсеви, интерактивни работилници и можности за размена на знаења и искуства. Курсевите беа задолжителниот дел и опфаќаа повеќе теми поврзани со менталното здравје, лидерството, активности на отворено поврзани со изградба на куќарки на дрва, обработка на темата “Do no harm” како методологија против било каков вид на насилство, односи со јавност, техники за раскажување приказни, театарски пристап во работата со млади и дигитално образование. Младите учесници и младинските работници активно придонесуваа со сопствените идеи, практики и перспективи, создавајќи простор во кој сите можеа да учат едни од други. Во фокусот беше заедничкото учење за иднината на младинската работа, како и развивањето лидерски способности засновани на вредности, соработка и меѓународно разбирање. Покрај едукативниот дел, програмата беше збогатена со многу креативни и забавни активности. Учесниците имаа можност да бидат дел од интернационален музички бенд, да создаваат уметност низ различни работилници за рачни изработки, цртање и сликање, работилници за дизајнирање восочни свеќи како и склопување и дизајнирање на куќарки за мали птици, да учествуваат во работилници за пеење (ten sing), да посетуваат сесии за релаксација и да учествуваат во спортски активности на терените на кампот во Михелштат. Дури и високите температури не ги спречија учесниците да учествуваат на сите овие настани, но и да уживаат во посетата на локалниот базен. За учесниците, покрај овие обврски, вклучена беше и прошетка до адреналински парк и возење на мал, планински ролеркостер, како и патување со брод по реката Мајна до блискиот град Милтенберг. Од Македонија имаше вкупно 7 претставници. Во изминатите четири години, овој камп прерасна во важно место за средба на европското ИМКА движење. Тој не претставува само меѓународен собир, туку простор каде што младите градат пријателства, споделуваат искуства и се инспирираат стекнатото знаење да го пренесат во своите земји и локални организации. Овој камп служи за сплотување на младинските работници низ камповите во Европа и е особено значаен за нашата земја од аспект на тоа што нуди споделување на искуства поврзани со камп културата која што ИМКА во Битола и во Македонија неуморно се труди да ја издигне на едно повисоко и препознатливо ниво за сите наши локални учесници, волонтери и поширока публика. * Пред да дојдам на кампот во Михелштат немав некои преголеми очекувања. Се надевав дека ќе запознаам нови луѓе, ќе стекнам пријатели и ќе разменам мислења со млади од различни земји. На крајот, сето тоа се исполни, па дури и ги надмина моите очекувања. Најинтересен и највпечатлив дел за мене беше курсот за лидерски вештини. Таму научив многу корисни работи за комуникацијата, тимската работа и начинот на кој еден лидер може позитивно да влијае на другите. Сигурно ќе ги применам овие знаења и во мојата заедница. За време на кампот стекнав поголема самодоверба во споделувањето на моите мислења и научив како подобро да ги разбирам и почитувам луѓето околу мене. Ова искуство ми помогна да пораснам како личност и да станам поотворен кон нови идеи и перспективи. Дефинитивно би го препорачал Михелштат кампот на секој млад човек кој сака да стекне нови искуства, да создаде меѓународни пријателства и да научи нешто корисно и вредно за својата иднина. Никола Гелов Кога првпат слушнав за кампот во Михелштат, сè ми дојде многу неочекувано. Бев пресреќна кога дознав дека и моите другарки добија можност да учествуваат, бидејќи знаев дека заедно ќе доживееме едно незаборавно искуство. Секој ден на кампот ми беше интересен на свој начин. Имав можност да научам многу нови работи и да запознаам луѓе од различни средини. Особено ми се допадна курсот по пеење. Таму научив дека не треба да се плашиме да пробаме нешто ново. Ако никогаш не се обидеме, нема да знаеме што можеме да постигнеме. Секој човек има свој талент и свој начин на изразување, а токму тоа нè прави посебни. Едно од највозбудливите искуства за мене беше активноста во Tree House. Искрено, пред да дојдам на кампот мислев дека тоа не е нешто што би го направила во мојот град. Но, овде решив да излезам од мојата зона на удобност и да пробам нешто ново. На крајот, многу се забавував и бев горда на себе што се осмелив да учествувам. Од курсот по пеење научив и една важна животна лекција: дека не треба да ги осудуваме другите. Секој може да направи нешто на свој начин и тоа не го прави помалку вреден. Наместо да критикуваме, треба да ги прифатиме и почитуваме разликите меѓу луѓето. Кампот ме научи да се дружам со сите, да бидам поотворена и да не донесувам брзи заклучоци за другите. Сфатив дека секој човек има своја приказна и дека сите заслужуваат почит, разбирање и поддршка. Најважната порака што ќе ја понесам со себе е дека треба да бидеме храбри и да не се плашиме од нови предизвици. Нема глупави прашања и нема неуспеси кога учиме нешто ново. Секое искуство е можност да пораснеме и да станеме подобра верзија од себе. Дефинитивно би им го препорачала Михелштат кампот на сите млади кои имаат можност да учествуваат. Пријателствата, чувството дека сте дел од едно големо семејство, новите искуства и сè што се учи таму се нешта што тешко можат да се доживеат на друго место. Тоа е искуство кое засекогаш останува во сеќавање. Јована Кирјаковска   Бидејќи и претходно имав учествувано на два меѓународни кампа надвор од Македонија, дојдов во Михелштат со високи очекувања и чувство на возбуда. Од моите претходни искуства знаев дека ме очекува нешто посебно, а кампот ги надмина сите мои очекувања. Она што најмногу ми се допадна беше разновидноста на курсевите и работилниците. Тие создадоа можност сите учесници да се запознаат подобро, да се дружат и да учат едни од други.

  • ENSURE истакнат како значајна иницијатива за идната подготвеност на првите одговорни служби

    ENSURE истакнат како значајна иницијатива за идната подготвеност на првите одговорни служби На 27 јуни 2026 година, Кирил Михајлов, командир на Доброволното противпожарно друштво Свети Николе, учествуваше на панел-дискусија во Скопје посветена на противпожарната заштита и подготвеноста за вонредни состојби. Во рамки на дискусијата беа разгледани дел од клучните предизвици со кои се соочуваат противпожарните…

  • Реални искуства од шумските пожари во функција на подобра подготвеност преку ENSURE

    Реални искуства од шумските пожари во функција на подобра подготвеност преку ENSURE Доброволното противпожарно друштво Свети Николе продолжува да придонесува кон целите на проектот ENSURE преку своето директно учество во сложени интервенции на шумски пожари во Северна Македонија. За време на големиот пожар во Општина Македонски Брод, тимот на ДПД Свети Николе беше ангажиран како…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор