[Aggregator] Downloaded image for imported item #41377

На спортот во Северна Македонија му се потребни повеќе жени

Правото за учество во спорт е признаено основно човеково право и e во тесна поврзаност со остварувањето на основните права од образование, здравје, животен стандард, детски права, права на лицата со попреченост итн. Обврската за обезбедување на еднакво учество на девојките и жените во процесите на одлучување во низа на стретешки области вклучително и спортските политики е јасно истакната во низа меѓународни документи и политики. И покрај сите јасни и долгорочни заложби за еднакво вклучување во спортските политики, женскиот спорт во Северна Македонија и понатаму останува маргинализиран. Еден од најголемите предизвици со кои се соочуваме денес е недоволната застапеност на жени на раководни позиции во спортот во Северна Македонија.

Во ситуација кога имаме ново министерство делегирано само за спорт со повеќекратко зголемување на буџетските средства за разлика од претходната Агенција за млади и спорт, вреди да се запрашаме дали и како жените се застапени на раководни позиции во спортските организации во Северна Македонија? И за жал, одговорите кои ги добивме со податоците од основната студија „Родова еднаквост и инклузивност во спортот во Северна Македонија“ укажуваат дека жените остануваат на маргините во спортското одлучување. За жал, и со засебно министерство и со повеќекратно зголемување на средствата, жените се надвор од процесите на одлучување во спортот и без јасни идни планови и напори за подобрување на состојбата. 

Застапеност на жените на позиции на одлучување во спортот

Имено, од спортските организации кои одговорија на анкетниот прашалник (30/60), само 4, односно 13% имаат за претседателки жени, а во 87% од случаевите претседатели се мажи. Додека во 5 (17%) од организациите на позицијата генерален секретар се наоѓа жена, во остатокот (83%) од случаевите генерални секретари се мажи. Во однос на родовата застапеност на членовите на генералното собрание на организациите може да се увиди значајно голема застапеност на мажите од 83%, од кои 10% се мажи со попреченост, наспроти само 17% жени, од кои 3% жени со попреченост.

Оваа голема разлика меѓу мажите и жените не само што го ограничува придонесот на жените во стратешки одлуки во спортскиот сектор, туку создава и средина каде што потребите и интересите на жените спортистки, од национално па надолу на локално ниво, се игнорирани или маргинализирани. Причините за недоволната застапеност на жените на лидерските позиции во спортотските организации може да се објасни со преовладувачките маскулинизирани спортски услови и стереотипните родови улоги, но исто така и со родово слепи институционални норми и процедури. Со што континуирано сме сведоци на продлабочување на нееднаквостите, попречувајќи го прогресот кон инклузивен и фер спортски систем за сите.

Иста е сликата со родовата дистрибуција и кај лицата кои се вработени во спортските организации со полно работно време. Повторно имаме доминација на мажите, но и на значајно ниска застапеност на лицата со попреченост. Оттука, само 1% од вработените лица се мажи со попреченост и ниту една жена, наспроти мажите без попреченост кои сочинуваат 61% и жените со 38%.

Политики на еднаквост во спортските организации  

Ги прашавме спортските организации и федерации дали воспоставуваат внатрешни политики за еднаквост и одговорите упатуваат дека овие политики се подготвуваат но тие остануваат само парче хартија без видлива имплементација. При тоа знаејќи дека токму креирањето и спроведувањето на внатрешни политики за родова еднаквост се клучни бидејќи тие ја поставуваат основата за промена и промовираат праведност, инклузивност и долгорочен развој на сите нивоа во спортот.

Според одговорите, повеќе од три четвртини од организациите (76,7%) тврдат дека родовата еднаквост е дел од нивните стратегии, дел од нив (26,7%) ја имаат вградено во статутите, а имплементацијата најчесто е делумна или воопшто не се спроведува. Политики за вклучување на лица со попреченост речиси и да нема, а квоти за родова застапеност постојат во само 13% од организациите.

Од истражувањето произлезе дека, постојната нормативна рамка во областа на спортот е значително несензитивна во однос на родовите прашања и попреченоста, и не е усогласена со начелата на еднаквост и недискриминација. А дополнителна отежителна околност е тоа што иако постои законската обврска за собирање и обработка на родово сегрегирани податоци низ интерсекциска призма, тоа не се спроведува во пракса, што дополнително ја отежнува процената на состојбата и изработката на соодветни политики.

Бариери со кои се соочуваат жените во спортот

Нашето истражување открива и длабоки структурни и културни бариери кои ги одвраќаат жените од активно вклучување во спортот. Жените често не се охрабрени да се пријават за лидерски позиции, бидејќи спортот сè уште се перцепира како простор за мажи. Недостигот на јавни повици за избор на раководни тела, ограничените можности за професионален развој, како и ниската родова сензитивност во спортските институции, создаваат дополнителни пречки. Жените спортистки, според основната студија, добиваат значително помала финансиска поддршка во однос на машките колеги.

Истражувањето ја нагласува и двојната дискриминација со која се соочуваат жените со попреченост имајќи ограничен пристап до инфраструктура, ресурси и учество во спортот. Недостигот на податоци за нив само ја продлабочува нивната невидливост. Подолу на инфографикот може да ги прочитате изјавите од спортистките од нивното лично искуство:

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор