[aggregator] downloaded image for imported item #39869

Платформата за родова еднаквост предупредува за неетичко, пристрасно и сексистичко известување за случајот со пронајдената студентка од Косово во Тетово

Платформата за родова еднаквост со најдлабока загриженост реагира на начинот на кој дел од медиумите известуваат за трагичниот случај со младата студентка од Косово, пронајдена мртва во Тетово на ден 5.11.2025.

Наместо професионално, одговорно, родово-сензитивно и етичко информирање, сведоци сме на серија објави кои користат сензационализам, шпекулации и сексистички јазик, вклучително и откривање на идентитетот на девојката и споделување на нејзини фотографии. Таквите практики претставуваат сериозно прекршување на Кодексот на новинарите на Македонија, според кој новинарите имаат обврска за непристрасно известување, заштита на приватноста и почитување на достоинството на жртвите.

Особено го осудуваме јавното излагање на новинарот Невриј Адеми во емисијата на „Клан Косова”, каде што од негова страна беа изнесени шпекулации за употреба на дрога од страна на жртвата. Уште посериозни се забелешките од страна на истиот новинар кој за жртвата изјави дека била многу „активна”. Ваквите изјави не само што не се поткрепени со факти, туку и ја репродуцираат опасната култура на обвинување на жртвите (двојна виктимизација) и вршат и поттикнуваат дополнителна родова дискриминација.

Потсетуваме дека секое неетичко известување во случаи на насилство или смрт го нарушува достоинството на жртвата, им нанесува дополнителна болка на семејството и ја подрива довербата во медиумите. Родово-сензитивното новинарско известување не е избор – тоа е обврска заснована на човекови права, професионализам и општествена одговорност.

Дополнително, укажуваме дека истиот новинар, по јавната реакција на Рита Бегадини, родова активистка и колешка новинарка, која го осуди неговиот настап, ја нападна преку јавна објава на неговиот Фејсбук профил. Таквиот јавен напад врз колешка, проследен со сексистички и дискриминаторски обид за нејзино професионално дискредитирање, претставува сериозен облик на родово засновано вознемирување и е недозволив во јавниот медиумски простор.

Затоа, ги повикуваме:

  • Медиумите и новинарите да ги почитуваат професионалните стандарди и Кодексот на новинарите на С. Македонија;
  • Советот за етика во медиумите и Здружението на новинарите на Македонија да покренат постапка против медиумите и новинарите што го прекршиле кодексот;
  • Јавноста да покаже солидарност и почит кон семејството на жртвата, без дополнително ширење на шпекулации и стереотипи.

Платформата за родова еднаквост ќе продолжи да ги следи медиумските известувања и да реагира секогаш кога биде нарушено достоинството на жените и девојките во јавниот медиумски и дискурзивен простор.

The post Платформата за родова еднаквост предупредува за неетичко, пристрасно и сексистичко известување за случајот со пронајдената студентка од Косово во Тетово appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Хелсиншки комитет за човекови права

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор