Здружение за развој на општествено-социјални иновации Ваке Уп- Скопјe
Објавено: 11/06/2020
Конституенти
Сите граѓани и доктори по психологија на територија на Р. С. Македонија. Граѓаните односно корисниците на оваа апликација ќе можат да користат доколку им е потребно стручна поддршка и помош од психолог за полесно пребродување на кризата
За проектот поддржан од Цивика мобилитас
Е-ПСИХОЛОГ
За што е потребна акцијата
Во оваа веб апликација ќе бидат сите потребни информации и достапност на медициските лица кои ќе нудат поддршка на своите корисници. Корисниците со помош на Е-Психолог апликацијата ќе направат заобиколување на стереотипите за посета на психолог преку online решение со можност за комплетна анонимност.
Цели и резултати
Цели
- Општа цел: Преку платформата ќе се обезбеди безбедно место каде што ќе ги споиме психолозите и нивните клиенти. Според досегашните истражувања што ги спроведовме дојдовме до заклучок дека дел од психолозите имаат потешкотии со обезбедување на канцелариски простор, додека со платформата ќе се помогне да секој стручен психолог да си креира своја виртуелна канцеларија.
- Специфични цели:
- Помош на корисници на услугите (добивање на помош од стручни лица кои се со различно место на живеење, без потреба од патувања во различни градови за да се посети посакуваниот психолог или психијатар со можност за анонимност).
- Решенија за психолозите и психијатрите (олеснување на нивната работа преку онлајн средби, намалување на режиски трошоци, поголема соработка помеѓу психолозите и психијатрите)
- Достапност за корисниците на психолошките услуги 24/7/365 дена во годината
Резултати
- Итна психолошка помош и поддршка на сите граѓани во време на пандемијата од Корона вирусот во текот на целиот ден 24/7
- Намалување на ризикот за директна изложеност на корисниците и докторите на COVID-19 Зголемена достапност од повеќе аспекти (финансии, локација, време) за корисниците на услугите но и слободата на докторите
- Добивање на помош од стручни лица кои се со различно место на живеење, без потреба од патувања во различни градови за да се посети посакуваниот психолог или психијатар
Активности
- Подигнување на серверските капацитети за Е-Психолог за поставување на веб апликацијата;
- Изработка на софтвер за комуникација помеѓу докторите и клиентите и активирање на каналот;
- Зголемување на достапноста за корисниците и прикажување на податоците како и сите верифицирани психолози и психијатри кои ќе имаат онлајн ординација и можност да даваат помош на пациенти преку веб платформа со претходно закажан термин;
- Можност за видео и чат сесии бидејќи дел од корисниците сакаат да останат анонимни пред докторите.
- Воспоставување на систем за брза и експертска помош или разговор со психолог на подолг временски период преку закажување на онлајн сесии без притоа да мора да ги напуштаат своите домови и да чекаат ред пред ординациите на докторите;
- Автоматско известување по електронска пошта на корисникот за слободни термини на посакуваниот доктор и потсетник за закажани термини;
- Поставување на временска табела односно распоред на слободни термини на докторите на кои корисниците на услугите ќе можат да си го закажат својот термин од своите домови