Кризен центар Надеж Скопје
Објавено: 11/06/2020
Буџет: 90.000 МКД
Период на спроведување: 11.05 – 11.08.2020
Конституенти
Жртви на семејно насилство
За проектот поддржан од Цивика мобилитас
Борбата со семејното насилство не завршува со почетокот на кризна состојба
За што е потребна акцијата
Во настанатата вонредна ситуација и забраната за движење, ги приморува луѓето да седат затворени во своите домови што дополнително може да придонесе до зголемување на фрустрациите, нетрпеливоста и нетолеранцијата особено кај оние лица што претходно покажувале насилно однесување. Во ситуација на физичка близина со насилникот, жртвите немаат многу можности за пријавување на случаите во релевантните институции по телефон, па оттаму пораките преку електронска пошта или преку социјалните мрежи може да им биде полесен начин да пријават насилство и да се извлечат од насилната средина. Токму во таа насока е и овој предлог проект за пријавување на семејно насилство онлајн и неопходно згрижување на жртви на семејно насилство од 24 до 48 часа до обезбедување на неопходната помош од релевантните институции
Цели и резултати
Цели
- Општа цел: Прекин на кругот на семејно насилство преку мерки за превенција и заштита преземени во кризна ситуација предизвикана од КОВИД-19
- Специфични цели:
- Континуирано обезбедување на психосоцијална помош и поддршка и правно советување на жртви на семејно насилство.
- Едукација на жртвите на семејно насилство згрижени во Кризен Центар „Надеж“ за справување со корона вирусот
Резултати
- 100 потенцијални жртви и жртви на семејно насилство добиле стручна помош и соодветно упатување;
- 60 жртви на семејно насилство добиле соодветно психолошко и правно советување преку Националната СОС линија и социјалните мрежи;
- 15 жртви на семејно насилство едуцирани за справување со корона вирусот и потпомогнати со хигиенски пакети;
- Креирани 15 лични планови за безбедност за жртви на семејно насилство.
Активности
- Кризно советување и упатување преку СОС линиите за помош (Национална СОС линија 15 -315 – Телефон на доверба);
- Обезбедување на хигиенски пакети со средства за дезинфекција по истекот на престојот на жените жртви на семејно насилство во Кризен Центар „Надеж“;
- Онлајн кампања за подигнување на свеста за семејното насилство.