Македонско здружение за заштита при работа Скопје
Објавено: 11/06/2020
Буџет: 97.000 МКД
Период на спроведување: 22.04 – 22.06.2020
Конституенти
Работници, работодавачи, граѓански организации, синдикални организации, организации на работодавачи, државни институции
За проектот поддржан од Цивика мобилитас
Подршка на работниците и работодавачите во услови на пандемија
За што е потребна акцијата
Недоволната информираност на работниците во услови на вонредна состојба и во состојба на пандемија во најголем број случаеви ги доведува работниците во забуна и заблуда заради што можат да бидат злоупотребени. Од друга страна пак, работодавачите се соочуваат со нејаснотии за почитувањето на законските одредби поврзани со безбедноста и здравјето при работа. Акцијата е релевантна на овој повик и ќе ја поддржи Р. С. Македонија во запирање на ширењето на коронавирусот и ќе помогне во ублажувањето на последиците од пандемијата за граѓаните, со фокус на најранливите.
Цели и резултати
Цели
- Општа цел: Подигнување на свесноста на работниците и работодавачите за ризиците од корона вирусот и насоки за превенција од понатамошно ширење
- Специфични цели:
- Зајакнување на заштитата на работниците изложени на ризик
- Подигнување на свеста за опасности и ризици на работните места преку едукација на работниците од услужниот сектор
Резултати
- Обезбедена советодавна помош и безбедносни совети за најзагрозените групи на работници и поддршка на работодавачите за спроведување на БЗР во случај на вонредна состојба;
- Зајакнати капацитети на работниците во услужниот сектор и подобрена соработка и координација помеѓу граѓанските организации и државните институции во справување со последиците од пандемијата Ковид-19.
Активности
- Советодавна помош и поддршка за работниците и работодавачите;
- Стручен тим ќе обезбеди консултации и поддршка и на работодавачите во обезбедување на мислења и ставови од институциите при спроведување на законската регулатива за безбедност и здравје при работа во услови на пандемија;
- Online поддршка и испорачување на образовен модул (креирање on-line видео модул) во два дела теоретски и практичен дел за е – учење за безбедност и здравје при работа на работниците од услужниот сектор кои се на првата линија на услуга во случај на пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19.