Здружение за заштита на животните и животната средина Еднаквост, достоинство, емпатија, натурализам -ЕДЕН
Објавено: 11/06/2020
Буџет: 100.000 МКД
Период на спроведување: 11.05 – 11.07.2020
Конституенти
Социјално загрозени и маргинализирани категории на граѓани на територија на Град Скопје (опфатени со достава на готвена веганска храна) и општа јавност (опфатени со кампања за едукација)
За проектот поддржан од Цивика мобилитас
Промени ја исхраната, промени го светот!
За што е потребна акцијата
Како последица од ударот по економијата предизвикан од пандемијата на Ковид-19, дел од граѓаните ја изгубија работата. Во одделни ситуации и двата родитела на малолетни деца во едно семејство остануваа без работа, а сите кредити и останати тековни животни трошоци не престануваат да ги притискаат. Освен тоа, економската криза значи и прекинување на дел од донациите од совесни граѓани и за социјално загрозени и маргинализирани категории граѓани (меѓу нив и бегалците кои моментално престојуваат во нашата земја).
Цели и резултати
Цели
Општа цел: Задоволување на дел од основните човекови потреби кај социјално загрозени и маргинализирани категории граѓани на територијата на Град Скопје, особено кај семејствата каде што еден или повеќе од членовите изгубиле работа, преку дистрибуција на вегански оброци.
Специфични цели:
- Редуцирање на антропогениот притисок врз животната средина (и животните) предизвикан од исхраната со животински продукти.
- Едуцирање за поврзаноста меѓу исхраната и актуелната пандемија, исхраната и уништувањето на животната средина, исхраната и матрицата на злоупотреба во општеството.
- Промовирање на принципите на солидарност и одржливост и поттикнување слични хуманитарни активности кај други чинители во општеството.
Резултати
- Подготвени и дистрибуирани 500 вегански оброци до социјално загрозени и маргинализирани категории граѓани;
- Пет спонзорирани објави на ФБ со досег до приближно 10.000 таргетирани корисници на социјалната мрежа по објава
Активности
- Подготовка на вегански оброци и нивна дистрибуција до социјално загрозени и маргинализирани категории граѓани. Активноста опфаќа подготовка и дистрибуција на балансиран вегански оброк;
- Едукативна онлајн кампања за поврзаноста меѓу исхраната и актуелната пандемија, исхраната и уништувањето на животната средина, исхраната и матрицата на злоупотреба во општеството.