Здружение за развој на ромската заедница во Македонија – Сумнал-Битола
Објавено: 11/06/2020
Буџет: 99.000 МКД
Период на спроведување: 11.05 – 11.07.2020
Конституенти
Целната група се ученици од ромската заедница од прво до петто одделение од општинските основни училишта од Општина Битола во соработка со наставниот кадар од тие училишта и проектниот тим
За проектот поддржан од Цивика мобилитас
Виртуелна училница за поддршка при реализација на училишните обврски кај ученици Роми од I-V одделение за време на Ковид-19
За што е потребна акцијата
Ромската заедница како популација долго време живее на маргините на општеството. Податоците покажуваат дека таа група вложува огромни напори со цел да се промени негативната слика која долги години ја имаат за нив, променувајќи ги бројните навики на живеење, мислење и делување. Како резултат на стереотипите оваа популација се соочува со бројни препреки, наметнувајќи ја потребата од реализација на бројни проекти во насока на нивна социјална инклузија во општеството. Најголем процент од родителите Роми кои живеат во Битола се невработени. Еден од начините да се реши проблемот со невработеноста е нивна едукација за значењето и можностите за започнување сопствен бизнис, како и можностите за барање работа. Иако, голем дел од родителите во ромските семејства се невработени, сепак тие покажуваат голема грижа за нивните деца, пред се, од здравствен и образовен аспект.
Цели и резултати
Цели
- Општа цел: Организирање на виртуелни училници за едуцирање и реализација на наставни активности на учениците Роми од I-V одделение во време на пандемија од Ковид-19
- Специфични цели:
- Примена на онлајн наставни форми и методи за реализација на процесот на учење.
- Примена на креативни методи и техники за развој на креативноста во процесот на учење кај учениците Роми од I-V одделение.
Резултати
- Олеснување на процесот учење на учениците Роми од I-V одделение;
- Поттикнување на креативноста во воспитно- образовниот процес кај учениците Роми од I-V одделение.
Активности
- Идентификување и поделба на учениците по групи;
- Идентификување на наставници кои ќе работат со учениците Роми;
- Изготвување правилник за работа на наставници и ученици при изведување на онлајн поддршка за време на Ковид-19;
- Онлајн часови за поддршка;
- Онлајн маскенбал;
- Онлајн цртање;
- Онлајн изложба;
- Завршно онлајн дружење со порака за време на Ковид-19.