Буџет: 99.031 МКД

Период на спроведување: 11.05 – 11.06.2020

Конституенти

Луѓе кои употребуваат дроги и нивните семејства, сексуални работници и нивните семејства и деца кои употребуваат дроги и нивните семејства

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

Хуманитарна акција за помош на маргинализирани групи

За што е потребна акцијата

Проблемите со кои се соочува наведената целна група се пред се егзистенцијални, односно обезбедување храна за нив и нивните семејства и хигиенски средства за превенција од Ковид 19. Сексуалните работници не нудат сексуални услуги, а за најголем број од нив тоа е единствен приход. Најголем број од луѓето кои употребуваат дроги се невработени, поради стигмата и дискриминацијата, а оние кои се дел од сивата економија заради вонредните мерки не можат воопшто да заработуваат. Најголем дел од децата кои ги контактира ХОПС, а употребуваат дроги, се деца на улица и најчесто со нивните семејства немаат постојано место на живеење. ХОПС контактира бездомни лица и помеѓу луѓето кои употребуваат дроги и сексуалните работници

Цели  и резултати

Цели

  • Општа цел: Ублажување на последиците од Ковид-19 меѓу луѓето кои употребуваат дроги, сексуалните работници, децата кои употребуваат дроги и нивните семејства.
  • Специфична цел: Минимизирање на последиците предизвикани од Ковид-19 преку овозможување на основни прехранбени и хигиенски средства за луѓето кои употребуваат дроги, сексуалните работници, децата кои употребуваат дроги како едни од најпогодените заедници од пандемијата

Резултати 

  • Обезбедени пакети со прехранбени и хигиенски продукти за 71 семејство и поединци од најранливите маргинализирани заедници (луѓето кои употребуваат дроги, сексуалните работници, децата кои употребуваат дроги и нивните семејства)

Активности

  • Набавка на потребни прехранбени и хигиенски продукти;
  •  Дистрибуција на пакети со прехранбени и хигиенски продукти до домовите на корисниците на услугите на ХОПС;
  •  Координација на активностите и тимовите на ХОПС вклучени во оваа акција;
  • Подготвување на извештај за спроведената акција.

Веб страна