Здружение на граѓани РУБИКОН Скопје
Објавено: 11/06/2020
Буџет: 98.000 МКД
Период на спроведување: 11.05 – 11.08.2020
Конституенти
Воспитно – стручен кадар за деца без родители и родителска грижа, и деца во ризик – без родители и родителска грижа сместени во мали групни домови
За проектот поддржан од Цивика мобилитас
Растеме со промените!
За што е потребна акцијата
Како резултат на актуелната криза со Ковид 19, зголемен е бројот на инциденти од страна на деца згрижени во МГД-ви – бегства, насилство, самоповредување… Во исто време, здравствената клиника „Детска психијатрија“ не е во функција, а дел од децата се со хронични растројства во емоции и поведение. Во недостаток на овој вид здравствена поддршка на децата, потребно е јакнење на вештините на вработените за превенција и справување со ризични ситуации. Освен овој проблем, забележителна е промената на општата атмосфера во МГД-ви, неквалитетно структурирано време на децата, зголемена анксиозност, агресивни испади, несоодветна комуникација, зачестени конфликтни ситуации, емоционални празнења.
Цели и резултати
Цели
- Општа цел: Придонес кон подобрена грижа за децата без родители и родителска грижа во малите групни домови во услови на криза
- Специфични цели:
- Зајакнување на капацитетите на стручните работници вклучени во директна грижа за деца без родители и родителска грижа во услови на криза
- Унапредување и адаптација на постоечките програми и протоколи за кризни интервенции
Резултати
- Зајакнати вештини на стручните работници за квалитетна грижа за децата во услови на криза;
- Унапредени програми и процедури за работење во услови на криза.
Активности
- Средба (онлајн) со координатори и раководители за информирање за проектните активности;
- Анализа на состојбата и детекција на тешкотиите во функционирањето;
- Подготовка на прашалник за проценка на состојбата;
- Спроведување на проценка преку дистрибуција на прашалник;
- Анализа на добиените резултати;
- Подготовка на Извештај;
- Подготовка на Препораки за справување со предизвиците;
- Прашалник за оценка;
- Тековно одговарање на прашања – во писмена форма или преку видео повици;
- Обезбедување на Програма за работа во услови на криза;
- Анализа и ревизија на постоечките програми, процедури и правилници за работа во и вон кризата од Ковид 19;
- Консултативни средби (онлајн) со Координатори на МГД за подготовка на Програмата;
- Координативен состанок (онлајн) со Директори на ЈУМ Центар за социјална работа Скопје, ЈУМЦСР Штип, ЈУМЦСР Берово, ЈУМЦСР Кавадарци;
- Подготовка на Програма за работење во услови на криза;
- Организирање онлајн обуки за сите 41 вработен во МГД – Јавната установа Детски дом 11 Октомври, Скопје, МГД – Штип, МГД Кавадарци, МГД Берово;
- Работилница за комуникациски вештини, стратегии и техники во работа со деца (2 тренинг сесии);
- Тренинг сесија за тимско работење во услови на криза и воспоставување на унифициран пристап (2 средби);
- Разбирање на влијанието на стресогените фактори врз дневното функционирање во МГД и реперкусии врз однесувањето на децата (2 средби);
- Организирање на онлајн работилница за 5 Координатори на МГД-ви;
- Управување со промени и кризен менаџмент;
- Овозможување на континуирана стручна поддршка од надворешни лица за справување со предизвиците во секојдневното работење со децата преку менторски пристап;
- Индивидуални средби според потребите на вработените за добивање на психо-социјална поддршка преку менторски пристап (најмалку две средби);
- СОС Телефонска линија за интервентна поддршка на вработените за справување со ситуации на висок ризик;
- Подготовка на наративен и финансиски Извештај;
- Организирање на средби со секој тим поединечно по завршување на кризата со КОВИД – 19.