Буџет: 96.000 МКД

Период на спроведување: 22.04 – 22.06.2020

Конституенти

Ромската заедница во Република Северна Македонија, но и хуманитарните и граѓанските организации, донаторите, бизнис заедница и медиумите

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

Хуманитарна помош преку систем на мониторинг и координација за донации во ромската заедница

За што е потребна акцијата

И покрај тоа што различни институции, хуманитарни и граѓански организации, донатори, бизнисмени и индивидуалци организираат хуманитарни акции со цел да се надмине кризата кај најранливата категорија во ромската заедница потребно е да се воспостави механизам на мониторинг и координација бидејќи не се знае до кога ќе трае кризата потребно е да се направи систем во кој сите чинители кои ќе сакаат да направат донација во ромската заедница да знаат каде е најитно со што ќе се внимава временски и географски да бидат опфатени сите оние на кои најмногу им е потребна помош. Ваквиот систем на мониторинг и координација ќе придонесе за рамноправна и навремена распределба на хуманитарна помош.

Цели и резултати

Цели

  • Општа цел: Обезбедување на рамноправна и навремена распределба на хуманитарна помош на целата територија на Република Северна Македонија во ромската заедница
  • Специфични цели:
  • Креирање на систем за мониторинг на хуманитарната помош врз кој државата, граѓанскиот сектор, донаторите, бизнис заедница и граѓаните се координираат и информираат за дадените донации во ромската заедница.
  •  Да се спроведе превентивна акција во една општина каде што е најпотребно.

Резултати 

  • Онлајн систем за координација и мониторинг на донации во ромската заедница.
  •  Спроведена превентивна акција во општина Велес со која што ќе бидат опфатени 160 семејства

Активности

  • Мапирање на досега спроведени акции во ромската заедница;
  •  Креирање на он-лајн алатка за мониторингот и координацијата;
  •  Мапирање на 160 најзагрозени ромски семејства во општина Велес;
  •  Прибирање на понуди од фирми (продавници, аптеки) за подготовка на 160 пакети  Доставување на пакетите преку Црвениот Крст во општина Велес;
  • Распределба на пакетите преку тим лидерите на АВАЈА до ромските семејства.

Веб страна