Здружение иницијатива за економски развој на Ромите РЕДИ – Скопје
Објавено: 11/06/2020
Буџет: 100.000 МКД
Период на спроведување: 22.04 – 22.06.2020
Конституенти
Вкупно 300 ромски семејства од Прилеп и Битола, од кои 150 ромски семејства населени во „Три Багреми“ и улица „Дебарца“ и 150 ромски семејства населени во „Сточен Пазар“ и „Љубојно“ кои немаат пристап до вода. Индиректна целна група: Општина Битола, Општина Прилеп, Водовод и канализација – Битола и Водовод и канализација – Прилеп, се другите чинители кои индиректно се вклучени во акцијата
За проектот поддржан од Цивика мобилитас
СТОП ЗА ШИРЕЊЕТО НА COVID-19! КРЕИРАНИ ОКОЛНОСТИ ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРОНА
За што е потребна акцијата
Во краткорочен период, преку обезбедување на соодветни околности за пристап до вода и заштитна опрема ќе го заштитиме населението од заканата на зараза со вирусот и ќе го решиме проблемот на немање чиста вода.
Цели и резултати
Цели
- Општа цел: Придонес во создавање на околина за превентива на ширењето на COVID – 19 во ромските заедници во Прилеп и Битола.
- Специфична цел: Обезбедување пристап до вода и заштитна опрема (маски и ракавици) на 300 ромски семејства во Прилеп и Битола
Резултати
- Обезбеден пристап до вода во ромските населби во Прилеп и Битола
- Информирана ромска заедница за мерките и препораките на државните институции во вонредна ситуација
- Обезбедена заштитна опрема за превентива на ширењето на COVID – 19 во ромските населби во Прилеп и Битола
Активности
- Инсталирање на вкупно две јавни чешми во Прилеп и Битола (една по општина);
- Информирање на ромската заедница за мерките и препораките на државните институции во вонредна ситуација;
- Дистрибуирање на 1000 заштитни маски и ракавици за најранливите и најзагрозени ромски семејства во Прилеп и Битола.