Буџет: 90.950 МКД

Времетраење: 22.04 – 22.07.2020

Конституенти

Жени од рурални средини од наjпогоденото место овоj период, Куманово и селата во кумановскиот крај

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

КОВИД-19 и гласот на жената од руралната средина

За што е потребна акцијата

Во рамките на овоj проект главен сегмент на интервенциjа се родовите прашања односно положбата на жената во руралната средина во услови на Ковид-19, затоа што организациjата во фокусот ги има земjоделството и руралниот развоj. Покрај тоа, организациjата ги третира и родовите прашања во руралните средини кои што и тоа како се погодени во овие услови на функционирање во време на епидемиjа кога жената е затворена дома, со двоjно повеќе обврски, помал пристап до информации, минимална електронска писменост, немање на услови за почитување на препораките на Министерството за здравство во целост.

Цели и резултати

Цели

  • Општа цел: Зголемена социjална инклузиjа на жените од руралните средини во локалната заедница за време на епидемиjата од Корона вирусот.
  • Специфична цел: Жените од руралните средини препознаени од пошироката jавност и институциите како група погодена од кризата предизвикана од Корона вирусот

Резултати 

  • Зголемена информираност на пошироката jавност со секоjдневните предизвици со кои што се соочуваат жените од руралните средини во време на епидемиjата од Корона вирусот

Активности

  • Идентификување на жените од руралните средини кои што ќе ги искажат jавно своите ставови и размислувања за функционирање во време на Корона вирусот;
  • Изработка на кратка новинарска сториjа со консултациjа на психолог и совети за жените од руралните средини и полесно справување со епидемиjата;
  • Изработка на интерактивно видео со пренесување на пораките и советите од психологот од страна на самите жени од руралните средини за полесно живеење во време на Корона;
  • Обjавување на изработеното видео на локалните медиуми во Куманово.

Веб страна