Здружение за поттикнување и промоција на информатиката Асоцијација на студенти информатичари – Скопје
Објавено: 11/06/2020
Буџет: 100.000 МКД
Период на спроведување: 22.04 – 22.07.2020
Конституенти
Сите граѓани на Република Северна Македонија на кои им требаат сите информации за коронавирусот на едно место.
За проектот поддржан од Цивика мобилитас
COVID19.MK
За што е потребна акцијата
Република Северна Македонија секогаш е во чекор со технологијата, информатиката и реформите. Затоа наша задача е да го искористиме тоа во наша полза во борба против Корона вирусот. Преку редовно ажурирање на податоците кои ќе бидат од интерес на граѓаните, како последните податоци за новозаразени па се до мерките за претпазливост и извештаите од седниците на Владата за ново донесените уредби. Покрај комуникација со граѓаните и нивно известување ќе излеземе и во пресрет и на останатите државни институции и јавни претпријатија со ажурирани податоци на дневно ниво, како и мерките преземени од Владата за стопанството и бизнис секторот
Цели и резултати
Цели
- Општа цел: Да се овозможи лесна анализа на официјалните податоци и моменталната состојба за заболените од коронавирусот во нашата држава. Целта е да се искористат можностите на новите технологии за да се анализира ширењето и да може да се преземат конкретни чекори и соодветни мерки за понатамошно справување со Корона вирусот.
- Специфични цели:
- Детална анализа на заразени од корона вирусот за РСМ преку PowerBi платформата
- Детална анализа за заразени од корона вирусот на светско ниво преку PowerBi платформата
- Дистрибуција на информации од јавен интерес корисни за граѓаните
- Агрегација на податоци од официјалните медиуми на Министерството за здравство (Facebook и Twitter)
Резултати
- Информираност на јавноста детално и точно во текот на целиот ден т.е. 24/7;
- Можност за државните институции, јавните претпријатија и бизнис заедницата да добијат детална анализа;
- Mожност да ги филтрираат податоците според параметри по желба;
- Зголемена достапност на информациите за сите.
Активности
- Проширување на серверските капацитети на Covid19.mk;
- Надоградба на софтверот за обработка и прикажување на податоците;
- Зголемување на достапноста за државните институции и јавните претпријатија;
- Бизнис информации- достапност на информации до бизнис заедницата за економските мерки на владата за справување со кризата;
- Автоматско известување по електронска пошта за дневниот биланс на заразени од COVID-19 за државните институции, јавните претпријатија и бизнис заедницата, медиумите, како и секој заинтересиран граѓанин;
- Апликативна надоградба со дневни извештаи и уредби произлезени од седниците на Владата на Р.С. Македонија;
- Информации во интерес на граѓаните (дежурни аптеки, достава на храна и сл.).