Буџет: 100.000 МКД

Времетраење: 22.04.2020 – 22.07.2020

Конституенти

Жени од едно-родителски семејства, жртви на семејно насилство, жени останати без формални и неформални приходи заради Ковид-19.

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

ЗАЕДНО ВО СЕ! СОЛИДАРНОСТ, ЕМПАТИЈА, СПОДЕЛУВАЊЕ

За што е потребна акцијата 

Клучно прашање со кое се занимава предлог проектот е олеснување на вонредната состојба воведена заради Ковид-19, за самохраните мајки од едно-родителски семејства, меѓу кои жртви на семејно насилство, жени во ризик од сиромаштија, жени кои немаат дом, кои ги изгубиле приходите поради пандемијата предизвикана од Ковид-19. Оваа целна група се соочува со предизвици и во нормални околности, а во ваква вонредна состојба тие проблеми се особено изразени.

Цели и резултати

Цели

  • Општа цел: Да информира, насочи, предупреди и придонесе кон обезбедување услуги за жени од ранливи категории, со акцент на самохрани родители и членки од едно-родителски семејства, жртви на семејно насилство, жени останати без приходи поради Ковид-19 вонредна состојба
  • Специфични цели:
  • Навремено информирање споделување точни и целосни информации, едуцирање на населението, преку онлајн кампања во три кластери: општи информации, специфични информации за конкретна целна група самохрани родители: социјално загрозени, жртви на семејно насилство, останати без работа поради вонредната состојба, оние што работат од дома и во исто време им помагаат на децата во учењето, корисни контакти и пристап до мерки од владин и невладин сектор
  •  Солидарност и справување со дополнителните предизвици, давање на услуги кои се особено значајни за ранливите категории на жени: едно-родителски семејства, социјално загрозени, жртви на насилство, стари самохрани мајки чии деца се надвор од земјата, преку донација на најпотребни работи.

Резултати 

  • Мапирани најзагрозени семејства и дефинирани можности за најширок опфат со најмалку ресурси;
  •  Реализирана јавна кампања на Една може! за информирање, заштита, превенција, помош, поддршка, и мерки на владин и невладин сектор, со најмалку 40 објави;
  • Споделени најмалку 70 санитарно-хуманитарни пакети со инфо-ливчиња, до најпогодените семејства;
  • Солидарна поддршка при аплицирање на владините можности за целната група, во врза време на вонредната состојба.

Активности

  • Формирање на конечни списоци за поддршка, правење листа на најприоритетни 100 тина семејства, адреси, контакт телефон,  линкови од социјални мрежи. Споделување на контактите на социјално загрозени жени со деца со општина Центар и со други невладини организации со кои контактираме
  • Започнување на јавна кампања на Една може! за информирање, превенција, заштита од Ковид-19 но и споделување на контакти, СОС телефони на дежурни тимови на МТСП и ЈУМ ЦСР за заштита од семејно насилство, како и известување за владини мерки кои се однесуваат на целната група а истата може да ги користи: социјална помош, еднократна помош, училишен и детски додаток, мерки кон самохрани мајки самовработени, трговци поединци, занаетчиски и слични мерки кои ги опфаќаат сите аспекти на сите слоеви на целната група, сами мајки со деца, жени жртви на семејно насилство, социјално загрозени, бездомни и слично. Четири различни кластери на информирање и според тоа по околу осум објави кои ќе бидат од корист на целната група и вирално ќе се шират а за истите ќе бидат објавени најмалку едно интервју на онлајн и/или печатен портал, во однос на можностите за целната група и мерките на Влада.
  • Распределување на санитарно-хуманитарни пакети кон избраните загарантирани 100 семејства
  • Онлајн поддршка при аплицирање на владини мерки: пишување на барања, списоци на документи за апликации, контакт со Инспекција на МТСП за непостапувања по барањата за достапни мерки за целната група.

Веб страна