Здружение за заштита на животни и животна средина Шепасти Ентузијасти Скопје
Објавено: 11/06/2020
Вкупен буџет: 50.000 МКД
Времетраење: 22.04.2020 – 22.06.2020
Конституенти
Бездомни лица и социјално загрозени семејства и бездомни животни
За проектот поддржан од Цивика мобилитас
Помош за бездомните и ранливи битија афектирани од Kовид-19
За што е потребна акцијата
Помош на загрозените битија од целокупната ситуација со пандемијата КОВИД-19. Го користиме зборот битија, имплицирајќи го значењето на секое живо суштество, како и неопходната грижа која треба да постои кај секој од нас како индивидуи, а потоа и општеството.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел: Ублажување на последиците во пандемијата со фокус на помагање на ранливите групи од ова население – бездомните и ранливи лица, и бездомните животни
Специфични цели:
- Обезбедување на хуманитарна помош за бездомните лица и социјално загрозените семејства, преку храна, облека, хигиенски продукти и најразличен тип на средства со јавни повици за донации од луѓе (мотивирање на реискористување наместо создавање отпад), и купување на она што ќе недостига;
- Обезбедување на цевки хранилки во повеќе големи општини за бездомните животни. Изработка и монтажа на цевки хранилки. Истите ќе бидат поставени во повеќе општини каде флуктуираат бездомни животни, како на пример: Општина Карпош, Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Црниче, Кисела Вода.
Резултати
- Обезбедена хуманитарна помош за најзагрозените на локално ниво преку обезбедување на неопходни средства;
- Подобрена координација помеѓу ГО за ефективни хуманитарни и волонтерски активности;
- Информирана јавност, како и специфичните целни групи за мерките и препораките на државните институции во вонредната состојба преку онлајн кампањи и кратки видеа
Активности
- Набавка и дистрибуција на хуманитарна и санитарна помош за социјално загрозените и маргинализираните групи;
- Набавка, изработка и монтажа на хранилки и поставување низ општини за помош на бездомните животни;
- Онлајн едукација преку кампањи и видеа за мерките за претпазливост, совети за активности во самоизолација и подобрување на психолошката состојбa.