Вкупен буџет: 90.500 МКД
Времетраење: 22.04.2020 – 22.06.2020

КОНСТИТУЕНТИ

Млади од рурални средини во Пелагонискиот регион

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Примена на ИТ алатки за комуникација во функција на психо-социјална поддршка и мотивација на младите луѓе во руралните средини во пелагонискиот регион во време на КОВИД19

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Менталното здравје и благосостојбата на младите луѓе од руралните средини во Пелагонискиот регион е од особено значење за времена појавата на КОВИД19. Разбирливо е дека за време на ваквата пандемија, луѓето чувствуваат страв, се загрижени, вознемирени и презаситени од постојаното менување на информациите и медиумското покривање во врска со ширењето на вирусот. Иако од особена важност е информираноста, сепак менталното здравје кај младите од руралните средини претставува сериозен предизвик на кој треба да се посвети големи внимание. Нашите заложби се во насока на уверување на младите луѓе од руралните средини дека преку примена на ИТ алатките за комуникација, текстовите како и онлајн разговорите ќе им бидат достапни и ќе имаат континуитет во текот на кризата КОВИД19.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Стратегиски пристап за справување со стресот и вознемиреноста кај младите луѓе од руралните средини во Пелагонискиот регион преку примена на ИТ алатки за комуникација.

Специфични цел: Зголемување на свеста кај младите луѓе од руралните средини за важноста на менталното здравје и благосостојбата.

Резултати

  1. Зголемување на свесноста кај младите луѓе од руралните средини за важноста на менталното здравје за време на панедмијата;
  2. Практична примена на ИТ алатки за комуникација при реализација на различни активности.

АКТИВНОСТИ

  1. Тематски работилници и онлајн сесии во согласност со нивните интереси, генерирање идеи за изработка на заедничко видео со порака за останатите млади,
  2.  Креирање на видео од 1 минута со порака за сите млади
  3.  Онлајн прирачник за ментална и социјална поддршка и прикачување на веб страна и социјалните медиуми.

Веб страна