Здружение за развој на општествено-социјални иновации Ваке Уп- Скопјe

Конституенти

Сите граѓани и доктори по психологија на територија на Р. С. Македонија. Граѓаните односно корисниците на оваа апликација ќе можат да користат доколку им е потребно стручна поддршка и помош од психолог за полесно пребродување на кризата

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

Е-ПСИХОЛОГ

За што е потребна акцијата

Во оваа веб апликација ќе бидат сите потребни информации и достапност на медициските лица кои ќе нудат поддршка на своите корисници. Корисниците со помош на Е-Психолог апликацијата ќе направат заобиколување на стереотипите за посета на психолог преку online решение со можност за комплетна анонимност.

Цели и резултати

Цели

  • Општа цел: Преку платформата ќе се обезбеди безбедно место каде што ќе ги споиме психолозите и нивните клиенти. Според досегашните истражувања што ги спроведовме дојдовме до заклучок дека дел од психолозите имаат потешкотии со обезбедување на канцелариски простор, додека со платформата ќе се помогне да секој стручен психолог да си креира своја виртуелна канцеларија.
  • Специфични цели:
  • Помош на корисници на услугите (добивање на помош од стручни лица кои се со различно место на живеење, без потреба од патувања во различни градови за да се посети посакуваниот психолог или психијатар со можност за анонимност).
  • Решенија за психолозите и психијатрите (олеснување на нивната работа преку онлајн средби, намалување на режиски трошоци, поголема соработка помеѓу психолозите и психијатрите)
  •  Достапност за корисниците на психолошките услуги 24/7/365 дена во годината

Резултати

  • Итна психолошка помош и поддршка на сите граѓани во време на пандемијата од Корона вирусот во текот на целиот ден 24/7
  • Намалување на ризикот за директна изложеност на корисниците и докторите на COVID-19 Зголемена достапност од повеќе аспекти (финансии, локација, време) за корисниците на услугите но и слободата на докторите
  • Добивање на помош од стручни лица кои се со различно место на живеење, без потреба од патувања во различни градови за да се посети посакуваниот психолог или психијатар

Активности

  • Подигнување на серверските капацитети за Е-Психолог за поставување на веб апликацијата;
  •  Изработка на софтвер за комуникација помеѓу докторите и клиентите и активирање на каналот;
  •  Зголемување на достапноста за корисниците и прикажување на податоците како и сите верифицирани психолози и психијатри кои ќе имаат онлајн ординација и можност да даваат помош на пациенти преку веб платформа со претходно закажан термин;
  • Можност за видео и чат сесии бидејќи дел од корисниците сакаат да останат анонимни пред докторите.
  • Воспоставување на систем за брза и експертска помош или разговор со психолог на подолг временски период преку закажување на онлајн  сесии без притоа да мора да ги напуштаат своите домови и да чекаат ред пред ординациите на докторите;
  • Автоматско известување по електронска пошта на корисникот за слободни термини на посакуваниот доктор и потсетник за закажани термини;
  • Поставување на временска табела односно распоред на слободни термини на докторите на кои корисниците на услугите ќе можат да си го закажат својот термин од своите домови

Веб страна

Продолжи со читање

  • Здружение на граѓани РУБИКОН Скопје

    Буџет: 98.000 МКД Период на спроведување: 11.05 – 11.08.2020 Конституенти Воспитно – стручен кадар за деца без родители и родителска грижа, и деца во ризик – без родители и родителска грижа сместени во мали групни домови За проектот поддржан од Цивика мобилитас Растеме со промените! За што е потребна акцијата…

  • Здружение за развој на ромската заедница во Македонија – Сумнал-Битола

    Буџет: 99.000 МКД Период на спроведување: 11.05 – 11.07.2020 Конституенти Целната група се ученици од ромската заедница од прво до петто одделение од општинските основни училишта од Општина Битола во соработка со наставниот кадар од тие училишта и проектниот тим За проектот поддржан од Цивика мобилитас Виртуелна училница за поддршка…

  • Здружение за заштита на животните и животната средина Еднаквост, достоинство, емпатија, натурализам -ЕДЕН

    Буџет: 100.000 МКД Период на спроведување: 11.05 – 11.07.2020 Конституенти Социјално загрозени и маргинализирани категории на граѓани на територија на Град Скопје (опфатени со достава на готвена веганска храна) и општа јавност (опфатени со кампања за едукација) За проектот поддржан од Цивика мобилитас Промени ја исхраната, промени го светот! За…

  • Здружение ХОПС – опции за здрав живот Скопје

    Буџет: 99.031 МКД Период на спроведување: 11.05 – 11.06.2020 Конституенти Луѓе кои употребуваат дроги и нивните семејства, сексуални работници и нивните семејства и деца кои употребуваат дроги и нивните семејства За проектот поддржан од Цивика мобилитас Хуманитарна акција за помош на маргинализирани групи За што е потребна акцијата Проблемите со…

  • Кризен центар Надеж Скопје

    Буџет: 90.000 МКД Период на спроведување: 11.05 – 11.08.2020 Конституенти Жртви на семејно насилство За проектот поддржан од Цивика мобилитас Борбата со семејното насилство не завршува со почетокот на кризна состојба За што е потребна акцијата Во настанатата вонредна ситуација и забраната за движење, ги приморува луѓето да седат затворени…

  • Македонско здружение за заштита при работа Скопје

    Буџет: 97.000 МКД Период на спроведување: 22.04 – 22.06.2020 Конституенти Работници, работодавачи, граѓански организации, синдикални организации, организации на работодавачи, државни институции За проектот поддржан од Цивика мобилитас Подршка на работниците и работодавачите во услови на пандемија За што е потребна акцијата Недоволната информираност на работниците во услови на вонредна состојба…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор