Здружение за поттикнување и промоција на информатиката Асоцијација на студенти информатичари – Скопје

Буџет: 100.000 МКД

Период на спроведување: 22.04 – 22.07.2020

Конституенти

Сите граѓани на Република Северна Македонија на кои им требаат сите информации за коронавирусот на едно место.

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

COVID19.MK

За што е потребна акцијата

Република Северна Македонија секогаш е во чекор со технологијата, информатиката и реформите. Затоа наша задача е да го искористиме тоа во наша полза во борба против Корона вирусот. Преку редовно ажурирање на податоците кои ќе бидат од интерес на граѓаните, како последните податоци за новозаразени па се до мерките за претпазливост и извештаите од седниците на Владата за ново донесените уредби. Покрај комуникација со граѓаните и нивно известување ќе излеземе и во пресрет и на останатите државни институции и јавни претпријатија со ажурирани податоци на дневно ниво, како и мерките преземени од Владата за стопанството и бизнис секторот

Цели и резултати

Цели

  • Општа цел: Да се овозможи лесна анализа на официјалните податоци и моменталната состојба за заболените од коронавирусот во нашата држава. Целта е да се искористат можностите на новите технологии за да се анализира ширењето и да може да се преземат конкретни чекори и соодветни мерки за понатамошно справување со Корона вирусот.
  • Специфични цели:
  • Детална анализа на заразени од корона вирусот за РСМ преку PowerBi платформата
  • Детална анализа за заразени од корона вирусот на светско ниво преку PowerBi платформата
  • Дистрибуција на информации од јавен интерес корисни за граѓаните
  • Агрегација на податоци од официјалните медиуми на Министерството за здравство (Facebook и Twitter)

Резултати 

  • Информираност на јавноста детално и точно во текот на целиот ден т.е. 24/7;
  •  Можност за државните институции, јавните претпријатија и бизнис заедницата да добијат детална анализа;
  • Mожност да ги филтрираат податоците според параметри по желба;
  •  Зголемена достапност на информациите за сите.

Активности

  • Проширување на серверските капацитети на Covid19.mk;
  • Надоградба на софтверот за обработка и прикажување на податоците;
  • Зголемување на достапноста за државните институции и јавните претпријатија;
  • Бизнис информации- достапност на информации до бизнис заедницата за економските мерки на владата за справување со кризата;
  •  Автоматско известување по електронска пошта за дневниот биланс на заразени од COVID-19 за државните институции, јавните претпријатија и бизнис заедницата, медиумите, како и секој заинтересиран граѓанин;
  • Апликативна надоградба со дневни извештаи и уредби произлезени од седниците на Владата на Р.С. Македонија;
  •  Информации во интерес на граѓаните (дежурни аптеки, достава на храна и сл.).

Веб страна

Продолжи со читање

  • Здружение на граѓани РУБИКОН Скопје

    Буџет: 98.000 МКД Период на спроведување: 11.05 – 11.08.2020 Конституенти Воспитно – стручен кадар за деца без родители и родителска грижа, и деца во ризик – без родители и родителска грижа сместени во мали групни домови За проектот поддржан од Цивика мобилитас Растеме со промените! За што е потребна акцијата…

  • Здружение за развој на ромската заедница во Македонија – Сумнал-Битола

    Буџет: 99.000 МКД Период на спроведување: 11.05 – 11.07.2020 Конституенти Целната група се ученици од ромската заедница од прво до петто одделение од општинските основни училишта од Општина Битола во соработка со наставниот кадар од тие училишта и проектниот тим За проектот поддржан од Цивика мобилитас Виртуелна училница за поддршка…

  • Здружение за заштита на животните и животната средина Еднаквост, достоинство, емпатија, натурализам -ЕДЕН

    Буџет: 100.000 МКД Период на спроведување: 11.05 – 11.07.2020 Конституенти Социјално загрозени и маргинализирани категории на граѓани на територија на Град Скопје (опфатени со достава на готвена веганска храна) и општа јавност (опфатени со кампања за едукација) За проектот поддржан од Цивика мобилитас Промени ја исхраната, промени го светот! За…

  • Здружение ХОПС – опции за здрав живот Скопје

    Буџет: 99.031 МКД Период на спроведување: 11.05 – 11.06.2020 Конституенти Луѓе кои употребуваат дроги и нивните семејства, сексуални работници и нивните семејства и деца кои употребуваат дроги и нивните семејства За проектот поддржан од Цивика мобилитас Хуманитарна акција за помош на маргинализирани групи За што е потребна акцијата Проблемите со…

  • Кризен центар Надеж Скопје

    Буџет: 90.000 МКД Период на спроведување: 11.05 – 11.08.2020 Конституенти Жртви на семејно насилство За проектот поддржан од Цивика мобилитас Борбата со семејното насилство не завршува со почетокот на кризна состојба За што е потребна акцијата Во настанатата вонредна ситуација и забраната за движење, ги приморува луѓето да седат затворени…

  • Македонско здружение за заштита при работа Скопје

    Буџет: 97.000 МКД Период на спроведување: 22.04 – 22.06.2020 Конституенти Работници, работодавачи, граѓански организации, синдикални организации, организации на работодавачи, државни институции За проектот поддржан од Цивика мобилитас Подршка на работниците и работодавачите во услови на пандемија За што е потребна акцијата Недоволната информираност на работниците во услови на вонредна состојба…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор