Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Општините на првата линија: впечатоци од студиската посета во Холандија

    Проактивната улога на општините, меѓуинституционалната соработка, континуираното градење на капацитетите, волонтеризмот и превенцијата преку заедницата се клучните впечатоци кои ги издвоија учесниците на студиската посета во Холандија која се одвиваше од 9 до 11 јуни 2026 година во Хаг и Делфт.
    Претставници на националните институции поврзани со Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам, на општините Арачиново, Бутел, Гази Баба, Кичево, Сарај, Струга и Чаир и три граѓански организации имаа средби и дискусии со претставници на Министерството за правда и безбедност во Хаг и со претставници на општината Делфт.

  • Учество на панел-дискусија за противпожарна заштита и подготвеност при вонредни состојби

    На 27.06.2026 година, претставник на Доброволното противпожарно друштво Свети Николе учествуваше на панел-дискусија посветена на противпожарната заштита, организирана во рамки на настанот на ИПОС Македонија. Во рамки на излагањето беше ставен акцент на состојбите и предизвиците со кои се соочува противпожарниот сектор, особено во делот на шумските пожари и пожарите на отворен простор. Беше истакната…

  • Кога машината пишува, кој одлучува?

    Пред неколку дена, на средба со млади луѓе, разговорот стигна до вештачката интелигенција (ВИ). Се отворија познатите стравови за лажните видеа, манипулацијата, губењето работни места и можноста машините постепено да преземат дел од она што досега го сметавме за човечка работа. Од целиот разговор, сепак, ми остана една поинаква реченица: „Не треба да се плашиме од вештачката интелигенција. […]

  • Технолошкиот развој ја засилува улогата на Советите за етика во регионот

    Претставници на Советите за етика во медиумите на Западен Балкан и Турција, деновиве се сретнаа на регионален состанок во Сараево, посветен на предизвиците за медиумските саморегулаторни тела и нивно прилагодување кон условите на мед… Повеќе… “Технолошкиот развој ја засилува улогата на Советите за етика во регионот”
    Source

  • Од отпад до производ: Како био-отпадот станува дел од нашето секојдневие

    Био-отпадот претставува органски отпад кој потекнува од домаќинствата, пазарите, градините и прехранбената индустрија. Во оваа категорија спаѓаат остатоци од овошје и зеленчук, талог од кафе, лушпи од јајца, лисја и трева.
    Иако најчесто се третира како отпад, био-отпадот претставува вреден ресурс. Во контекст на циркуларната економија, тој се користи како суровина за создавање нови материјали, енергија и производи што повторно се враќаат во економскиот циклус.

    https://unsplash.com/photos/person-holding-eco-not-ego-signage-_kB9NKpErH4
    Во традиционалниот модел, био-отпадот најчесто завршува на депонии, каде што при разградување без кислород се создава метан – силен стакленички гас кој придонесува за климатските промени. Во циркуларниот пристап, истиот отпад се третира како ресурс и се трансформира во компост, биоматеријали, природни ѓубрива и иновативни производи. На овој начин се намалува количината на отпад, се намалуваат емисиите и се поттикнува развој на зелени технологии и локални бизниси.
    Овој пристап е тесно поврзан со пораката „Eco, not ego“, која потсетува дека одржливите избори ја ставаат еколошката одговорност пред краткорочната индивидуална удобност. Со тоа, био-отпадот се гледа не како проблем, туку како почеток на нов циклус на вредност, обновување и одржлив развој.

    Примери на продукти изработени од био-отпад

    Биопластика и дизајн-предмети од талог од кафе – Coffeefrom (Италија): Италијанскиот стартап Coffeefrom го претвора искористениот талог од кафе во биопластика и композитни материјали кои се користат за дизајнерски производи, пакување и индустриска примена, покажувајќи дека дури и секојдневниот отпад може да добие нова вредност.

    (Извор: EU-Startups, август 2025 – eu-startups.com | Renewable Matter – renewablematter.eu)

    Биоразградливо пакување од мицелиум и земјоделски отпад – Grown.bio (Холандија): Компанијата Grown.bio користи мицелиум и земјоделски отпад за производство на целосно биоразградливи пакувања и изолациски материјали кои нудат одржлива алтернатива на пластиката и стиропорот.

    (Извор: European Circular Economy Stakeholder Platform – circulareconomy.europa.eu | Saladplate, октомври 2025 – saladplate.com)

    Еко-кожа од манго отпад – Fruitleather Rotterdam (Холандија): Fruitleather Rotterdam го рециклира отпадот од манго што не ги исполнува пазарните стандарди и го претвора во издржлив вегански материјал кој се користи за изработка на чанти, паричници и други модни производи.

    (Извор: Plant Based News, мај 2025 – plantbasednews.org | Nature Biotechnology, 2025 – nature.com)

    Фото:https://unsplash.com/photos/a-pile-of-garbage-sitting-on-top-of-a-grass-covered-field-pprCuLQopHw
    Овие примери покажуваат дека отпадот не мора да биде проблем кој треба да се отстрани. Со соодветна креативност, технологија и визија, тој може да стане вреден ресурс кој создава нови производи, нови работни места и помало влијание врз природата.
    Циркуларната економија нè учи дека секој материјал има потенцијал за нов живот. Наместо да гледаме на био-отпадот како нешто без вредност, можеме да го препознаеме како можност за иновации и одржлив развој. Токму во оваа промена на перспективата лежи клучот кон поодржлива иднина.
     
    Оваа статија е подготвена во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    Содржината на оваа статија е единствена одговорност на Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.
    Автори: Јасмина Петровска, Еко Логик и Ана Серафимова, Еко Логик

  • Успешно заврши тркалезната маса за зелена транзиција и CBAM

    На тркалезната маса „Зајакнување на конкурентноста: Енергетската транзиција, CBAM и иднината на македонската индустрија“, Finance Think ја промовираше студијата „Подготвеност за CBAM и зелената индустриска транзиција во Северна Македонија“. Студијата покажува дека подготвеноста за CBAM ќе биде клучен фактор за одржување на конкурентноста на домашните производители на пазарот на Европската Унија. Во 2025 година, извозот […]
    The post Успешно заврши тркалезната маса за зелена транзиција и CBAM first appeared on Finance Think.
    The post Успешно заврши тркалезната маса за зелена транзиција и CBAM appeared first on Finance Think.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор