Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Од отпад до производ: Како био-отпадот станува дел од нашето секојдневие 

    Био-отпадот претставува органски отпад кој потекнува од домаќинствата, пазарите, градините и прехранбената индустрија. Во оваа категорија спаѓаат остатоци од овошје и зеленчук, талог од кафе, лушпи од јајца, лисја и трева. Иако најчесто се третира како отпад, био-отпадот претставува вреден ресурс. Во контекст на циркуларната економија, тој се користи како суровина за создавање нови материјали, […]

  • Онлајн консултации за измени на Законот за донации и спознорства во јавни дејности, 26.06.2026

    Здружението Конект и партнерите континуирано застапуваат за промени на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности и до сега постигнаа 2 промени на законот. Менувањето на Законот е дел од мерките на Стратегијата за

  • ВОСПОСТАВУВАЊЕ ДИЈАЛОГ ЗА ЕКОНОМСКО ЈАКНЕЊЕ НА ЖЕНИТЕ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР ЖУПА

    На 12.06.2026 година во Женскиот центар во Општина Центар Жупа се одржа настан на тема „Воспоставување на дијалог помеѓу жените и властите за создавање на овозможувачка околина за развој на женското претприемништво и економското јакнење на жените преку креирање на родово базирани политики и буџети“. Преку отворена дискусија и работа во групи, учесничките ги идентификуваа…

  • Поголема поддршка, повеќе можности: Граѓанскиот ресурсен центар поблиску до организациите од  Крива Паланка

    На 18 јуни 2026 година во Општина Крива Паланка, Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) одржа отворен ден со граѓанските организации од Крива Паланка, на кој беа претставени можностите за поддршка, јакнење на капацитетите и развој на граѓанското општество. Пред претставниците на локалните здруженија, Валентина Величковска, извршна директорка на Граѓанскиот ресурсен центар,…

  • Регионален форум на Вардарскиот плански регион за одржлив третман на биоотпадот, Кавадарци

    Во Општина Кавадарци се одржа регионалниот форум за одржлив третман на биоотпадот, дел од проектот „Нула биоотпад: системски промени во партнерство со граѓаните“ поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика Мобилитас што го спроведува Зелен институт во партнерство со Националното здружение на сопственици на приватни шуми.
     
    Модераторката Ана Петровска посочи дека пренасочувањето на биоотпадот од депониите значи не само премин кон „нула отпад“ општини, туку и почист воздух и подземни води и помал ризик од пожари. Поздравно обраќање имаше Зорица Стрезоска од Министерството за животна средина и просторно планирање.

  • Лавандата, пример за социјално претприемништво

     Лавандата – дар од природата за здравје, благосостојба и одржлив развој Лавандата е едно од најпознатите лековити и ароматични растенија, ценета со векови поради своите бројни придобивки за здравјето и квалитетот на животот. Нејзиниот препознатлив мирис придонесува за релаксација, намалување на стресот и подобрување на сонот, додека нејзините природни својства…

  • Светски ден на бегалците – додека сите не бидат безбедни

    Секоја година на 20 јуни светот го одбележува Светскиот ден на бегалците – ден посветен на силата, отпорноста и храброста на милиони луѓе кои биле принудени да ги напуштат своите домови поради војна, насилство, прогон или повреди на човековите права. Оваа година, глобалната кампања на […]
    The post Светски ден на бегалците- додека сите не бидат безбедни appeared first on Myla.

  • Состаноци со Советите за социјална заштита на Општините во Вардарски плански регион

    Состаноци со Советите за социјална заштита, заеднички чекори кон подобри услуги во заедницата. Во рамките на проектните активности од проектот „Соочување со предизвиците и стигматизација“, се одржаа состаноци со Советите за социјална заштита во повеќе општини од Вардарскиот регион, Општина Чашка, Градско, Велес и Росоман. Целта на овие средби беше…

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор