Покана за настан „Работни места по мерка на семејствата: размена на најдобрите приоди од компаниите шампионки“
Конект и Фондот за население на Обединетите нации, со поддршка на Австриската агенција за развој (ADA), ве поканува на настанот „Работни места по мерка на семејствата: размена на најдобрите приоди од компаниите шампионки“, кој ќе се одржи на 23 септември 2026 година (среда), од 12:00 до 15:00 часот во конференциската сала на Стопанската комора на Северна Македонија (линк до локација).
Настанот се организира во рамките на проектот „Проширување на изборот преку политики за усогласување на семејните и работните обврски“. Настанот ќе ги обедини компаниите шампионки кои учествуваат во проектот од Северна Македонија и Косово*, професионалците за управување со човечки ресурси, бизнис-лидерите, стопанските комори, организациите на работодавачи и бизнис заедницата.
Преку размена на искуства меѓу компаниите, учесниците ќе имаат можност директно да слушнат од компании кои успешно имплементирале политики за работни места по мерка на семејствата и да дискутираат за придобивките од вложувањето во благосостојбата на вработените, рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот и родовата еднаквост. Посебен акцент на настанот ќе биде и промоција на публикацијата „Работни места по мерка на семејствата: Практикум на мерки што функционираат“, практичен ресурс кој ги обединува искуствата, добрите практики, научените лекции и препораките од компаниите шампионки кои спроведуваат политики за работни места по мерка на семејствата.
За време на настанот, учесниците ќе имаат можност да:
- Се запознаат со моделот за работни места по мерка на семејствата и неговите придобивки за бизнисот;
- Ги разгледаат практичните примери од компаниите шампионки од Северна Македонија и Косово*;
- Разменат искуства и воспостават нови контакти со компании посветени на создавање поддржувачки и поинклузивни работни средини;
- Дискутираат за можностите за понатамошна соработка и вклучување.
Ќе ни претставува особена чест доколку ни се придружите и придонесете кон оваа важна дискусија.
Ве замолуваме да го потврдите вашето присуство најдоцна до 21.09.2026 година со пополнување на следниот <<формулар>>. Деталниот дневен ред ќе биде дополнително споделен со пријавените учесници.
*Упатувањата на Косово треба да се сфатат во контекст на Резолуцијата 1244 (1999) на Советот за безбедност
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на КОНЕКТ


![[Aggregator] Downloaded image for imported item #50976](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/09/UNFPA-Nastan-zа-razmena-na-praktiki.png)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #52048](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/10/1R-768x548.webp)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #52046](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/10/Работилница_со_млади_-_Гостивар_1-768x512.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #51987](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/10/FA-2026-za-web-1024x518-1-768x389.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #50953](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/09/mala-i-golema-deponija-OHIS-1024x584.jpg-768x438.webp)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #51967](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/10/Project-Grant-Agreement-number-101259627-768x284.png)