[Aggregator] Downloaded image for imported item #50489

Покана – Јавна расправа за Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, хотел Холидеј Ин, Скопје 21.09.2026 г.

Почитувани,

Секоја година, речиси половина од граѓаните и компаниите придонесуваат преку донации, а за голем дел од бизнис секторот даночните поттикнувања претставуваат важен мотив за вложување во заедницата.  За овој голем потенцијал целосно да се искористи и да придонесе за посилни и поодржливи граѓански организации, потребно е понатамошно унапредување на законската рамка.

Затоа, здружението Конект и Младинската асоцијација ИМКА Битола, со поддршка на Цивика мобилитас, Ве покануваат да учествувате на

Јавна расправа за измени на

Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности (ЗДСЈД)

📅 21 септември 2026 година
📍 Скопје, Холидеј Ин 🕘 11:00 ч

Настанот ќе отвори конструктивен дијалог помеѓу институциите, граѓанските организации, деловниот сектор и другите засегнати страни за унапредување на законската и институционалната рамка што влијае врз филантропијата, донирањето и финансиската одржливост на граѓанските организации.

Во фокусот на дискусијата ќе бидат:

✅ актуелните и предложените измени на ЗДСЈД;

✅ можностите за подобрување на регулативата што го поддржува развојот на граѓанското општество;

✅ дигитализацијата на процедурите поврзани со донациите и спонзорствата;

Како дополнителна вредност на настанот, најавуваме и презентација за запознавање со функционалностите на системот за е-фактура од УЈП за да се информирате со неговата примена во вашата организација.

Потврдите го Вашето учество најдоцна до 17.09.2026г. <<овде>>

Пријавените учесници ќе добијат дополнителни информации за агендата на настанот. Придонесете за формулирање препораки и заклучоци што ќе бидат основа за понатамошно застапување и унапредување на законските решенија.

Настанот се организира во рамки на проектот „Промени за одржливост“ што го спроведува здружението Конект во партнерство со Младинската асоцијација ИМКА Битола.  Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Ве очекуваме.

Со почит,
Конект и Младинска асоцијација ИМКА Битола

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на КОНЕКТ

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор