Copy of GLOW Post 1 scaled

ИМКА Македонија ја најавува програмата Leaders-in-Training – LiT 2026–2027

ИМКА Македонија ја најавува новата програма Leaders-in-Training – LiT, која им овозможува на младите на возраст од 15 до 18 години да се развиваат како самоуверени, одговорни и активни лидери. Програмата се реализира во текот на учебната година и комбинира месечни работилници за лидерство со тимска работа, активности во заедницата, авантури на отворено, менторство и рефлексија.

Leaders-in-Training – LiT е наменета за поранешни учесници на летните кампови на ИМКА, нивни пријатели, како и за сите други млади кои се заинтересирани да го развиваат својот лидерски потенцијал. Оваа година едната група ќе се реализира во Битола, а другата на релација Куманово–Штип.

Учиме преку искуство

Од септември до мај, учесниците ќе се среќаваат една сабота во месецот. Секоја средба комбинира практична лекција за лидерство, активности за градење тим и забавен предизвик, при што ќе се обработуваат теми како развој на позитивен начин на размислување, комуникација, емоционална интелигенција, поставување цели и развивање лидерски вештини за работа во камп. Средбите ќе се одржуваат на македонски и англиски јазик.

Освен што ќе учат за лидерството, учесниците ќе имаат можност да ги применат стекнатите знаења и вештини преку практични активности во текот на есента и пролетта.

Волонтерски активности: Учесниците ќе работат заедно за да придонесат позитивно во својата локална заедница, истовремено откривајќи како лидерството и волонтерството одат рака под рака.

Авантуристички активности: Учесниците ќе се вклучат во активности на отворено кои ќе ги поттикнат да соработуваат, да решаваат проблеми, да развиваат истрајност и да размислуваат за својот лидерски развој.

Програмски активности

Септември 2026 — Позитивен начин на размислување и моќта на „Сè уште“

Октомври 2026 — Волонтерски активности

Ноември 2026 — Авантуристички викенд

Декември 2026 — Комуникација и средбана алумни и учесници на LiT во Скопје

Јануари 2027 — Емоционална интелигенција

Февруари 2027 — Како да станете камперски лидер

Март 2027 — Лидерство и поставување цели

Април 2027 — Авантуристички викенд и волонтерски активности

Мај 2027 — Јавно говорење и завршна прослава на програмата

Пат кон идно лидерство

Leaders-in-Training – LiT им нуди на младите можност да го направат првиот чекор кон волонтирање во ИМКА, ангажирање како камперски советници и членување во тимовите на летните кампови. По стекнувањето искуство преку LiT, учесниците продолжуваат да ги развиваат своите вештини и постепено преземаат лидерски улоги во летните кампови на ИМКА:

SPARK дневен камп (Strong Prepared Aspiring Responsible Kids) — ученици од 6. до 8. одделение

GLOW национален камп (Girls Leading Our World) — девојки од средно училиште

YMLP национален камп (Young Men’s Leadership Project) — момчиња од средно училиште

Низ овој процес, младите создаваат пријателства со врсници од различни заедници, ја зголемуваат својата самодоверба преку учење и искуство и градат трајна поврзаност со волонтерството.

Leaders-in-Training – LiT е наменета за млади кои сакаат да учат, да придонесуваат и да се развиваат. ИМКА Македонија верува дека младите не треба да чекаат за да станат лидери. Тие можат да започнат да водат уште сега.

Контакт

Заинтересираните млади, родители и наставници можат да ја контактираат и следат ИМКА Македонија за повеќе информации за програмата Leaders-in-Training – LiT:

Тел.: +389-70-594 341

Е-пошта: leaders@ymca.mk

Instagram: @ymca.mk

Facebook: @ymca.mkd

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на ИМКА YMCA

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор