Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Реакција на Законот за лобирање: Здруженијата и фондациите мора јасно да бидат изземени од Законот за лобирање

    Ја поддржуваме потребата лобирањето во Северна Македонија да биде транспарентно, отчетно и јасно регулирано. Сепак, предложените измени на Законот за лобирање отвораат сериозно прашање за […]

  • Редовни контроли и еволуција на процесот на терен

    Изминативе денови направивме и теренски посети во останатите училишта во Општина Карпош со претставник од Одделението за животна средина од Општина Карпош, за да ја провериме состојбата со компостот во компостарите.
    Заклучивме, дека во некои од нив процесот сè уште трае и на компостот му треба уште малку време за целосно да се дооформи. Дадовме корисни совети за процесот и дискутиравме со директорите и наставниците како да се продолжи.

    Трпеливо чекаме наскоро, да ги „нахраниме“ и останатите училишни дворови со ова одлично природно ѓубриво!

    Со ова на дело се примени принципот на циркуларна економија — ефикасно претворање на отпадот во вреден еколошки ресурс, истовремено создавајќи поздрава, поубава и похумана средина за престој и едукација на децата и граѓаните.

    Оваа активност се реализира со силна поддршка од Општина Карпош, која во континуитет го поддржува и го унапредува системот за селекција на органски отпад и негово компостирање во училишните дворови.

    Преку ваквите проекти, заеднички покажуваме висока еколошка одговорност и поставуваме позитивен пример за идните генерации.

  • МакПрогрес-Винчини Македонија стана наш спонзор и поддржувач!

    Со особена благодарност споделуваме дека МакПрогрес -Винчини Македонија стана наш спонзор и поддржувач! Во рамките на ова партнерство, Винчини Македонија – МакПрогрес во понатамошниот период ќе обезбедува донации -храна за корисниците на услугата „Живеење со поддршка“, придонесувајќи кон создавање подобри и поквалитетни услови за нивното секојдневно живеење. За нас, оваа…

  • Моделот на ХЕРА станува регионален – Отворен прв центар за советување и поддршка на момчиња и мажи во Тирана 

    Моделот на ХЕРА за работа со момчиња и мажи ги надмина границите на Северна Македонија, придонесувајќи за регионално јакнење на експертизата и капацитетите за работа […]

  • Од локален проблем до сторија и активизам: младите од Крива Паланка учеа за медиумите на заедницата

    Како „малите“ локални проблеми можат да се решаваат преку новинарството и активизмот. Ова беше една од главните теми на работилницата во Крива Паланка на која дваесетина млади дискутира, учеа и дознаваа за медиумите на заедницата, етичките стандарди и техниките за пишување новинарски аналитички стории.

  • Од пилотирање до влијание: Greenlead влегува во завршната фаза

    Билтен бр. 4 | Септември 2026 Проектот Greenlead влегува во својот последен месец – но работата за позелена иднина не завршува тука. По месеци на развој, тестирање, учење и споделување искуства, партнерството ги заокружи клучните активности и ги стави резултатите на располагање на оние на кои им се најпотребни: малите и средните претпријатија (МСП), стручното […]

  • ЗАЕДНО ПРАВИМЕ ПРОМЕНА: Од органски отпад до раззеленет училишен двор во ООУ „Аврам Писевски“ !

    Во рамките на заложбите за заштита на животната средина и промоција на одржливите практики, успешно се реализираше уште една значајна фаза од активностите за селекција и управување со органскиот отпад. Во изминатиот период од три месеци, со висок степен на посветеност на наставниците, граѓаните, се спроведуваше организирана селекција, подготовка и селективно собирање на органски отпад во ООУ „Аврам Писевски“. Во оваа еколошка акција, клучната улога и главниот придонес го имаа токму учениците и граѓаните, со што се потврди важноста на заедницата во процесите на зелена транзиција. Одржливо управување со отпадот и видливи резултати.
    На 16.09.2026 год. вредните ученици со голем ентузијазам ја нахранија Билната градина и училишниот двор со природно ѓубриво- компост создаден во нивната компостара.
    Главната цел на оваа иницијатива е примарна селекција на органскиот отпад и негово одлагање во училишните компостари. Преку правилен процес на компостирање, соберениот отпад беше трансформиран во природен, висококвалитетен компост.
     
    Оваа активност се остварува во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со EcoLogic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија.
    Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    #CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)

  • „ЏАБЕ РАБОТИ, ЏАБЕ НЕ СЕДИ“

    Автор: Теодор Катру Работам од 19 години. Прво волонтерски, што значи дека прилично рано ја научив поговорката…

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор