Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Регионален форум на Југоисточниот плански регион за одржлив третман на биоотпадот во Радовиш

    На 29 јуни 2026 во Радовиш се одржа Регионален форум на Југоисточниот плански регион за одржлив третман на биоотпадот, во рамки на проектот „Нула биоотпад: системски промени во партнерство со граѓаните”, поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика Мобилитас, а спроведуван од Зелен институт во партнерство со Националното здружение на сопственици на приватни шуми.

    Целта на проектот е да се придонесе за транзиција кон „нула отпад“ општини, преку системско подобрување на управувањето со биоотпадот, заради помало загадување и ризици од пожари, искористување на ресурсите, рационализирање на работата на јавните комунални претпријатија и поттикнување на циркуларната економија.

    Поздравно обраќање имаа Градоначалникот на Радовиш, Љупче Почивалец и Зорица Стрезовска од секторот за ЕУ од Министерството за животна средина и просторно планирање. Форумот го модерираше Ана Петровска, а експертите Наталија Бургиева и Аријан Тоска го презентираа истражувањето за управување со биоотпад во Југоисточниот регион – со порака дека биоотпадот е ресурс, а не проблем.

  • Работна средба на Платформата на граѓански организации за борба против корупција со Делегација на Собранието на Црна Гора

    Претставници на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, на 1 јули 2026 година, остварија работна средба со Делегацијата на Собранието на Црна Гора, која престојуваше во земјава во рамки на студиска посета организирана од канцелариите на Националниот демократски институт (НДИ) во Црна Гора и Северна Македонија. Средбата имаше за цел размена на искуства […]

  • МЦМС стана полноправна членка на Глобалната коалиција на граѓанското општество за УНКАК

    МЦМС го надгради своето членство во Глобалната коалиција на граѓанското општество за УНКАК и од асоцијативна стана нејзина полноправна членка. Ова претставува признание за долгогодишната посветеност на организацијата и дополнително ги засилува капацитетите за граѓански надзор и притисок во борбата против корупцијата.

  • „Локал актив“ стигна во Куманово – следната станица за медиум на заедницата

    Петнаесетина млади, активисти и новинари од Североисточниот Регион беа дел од работилницата што Институтот РЕСИС и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) ја организираа во Куманово. Настанот беше организиран во рамките на проектот „Медиуми на заедницата за посилно граѓанско општество“, поддржан од Владата на Швајцарија преку „Цивика мобилитас“,…

  • Успешно реализирана XXVI Вардарска регата “Гемиџии 2026“

    Иако регатата се одвива по 26-ти пат, ова е трета година во која пловидбата заврши во Солун, идентично како онаа на велешките трговци во минатото. Чамците растоварени, пловењето успешно завршено, се сумираат впечатоците од Вардарска регата „Гемиџии“ која по 26-ти пат ја оживеа традицијата и патшествието на велешките трговци во…

  • Преку меѓусекторски дијалог и соработка до усогласена примена на FATF препорака 8

    Ова е заклучокот од успешно реализирана обука за новата FATF Препорака 8, наменета за клучните институции и финансискиот сектор вклучени во системот за спречување перење пари и финансирање тероризам. На обуката, која се одржа на

  • Извршната директорка на ЕСЕ зборуваше за родовите перспективи во борбата против корупцијата и градењето деловен интегритет

    На 25 јуни 2026 година, во организација на Едукативниот центар М6, Францускиот фонд за борба против корупцијата и Expertise France, се одржа настан посветен на деловниот интегритет, антикорупцијата и зајакнувањето на соработката меѓу институциите, бизнис-секторот и граѓанското општество. Настанот ги обедини претставниците на јавните институции, приватниот сектор, граѓанските организации и…

  • Oнлајн сесија за добри локални практики за животна средина: РЕДИ Рециклажа

    На 29 јуни 2026 година, Здружение СТАНИЦА ПЕТ организираше онлајн сесија посветена на иницијативата REDI Recycling, која се одржа преку платформата Zoom, со паралелен пренос во живо на Facebook. Гостин на настанот беше Лејла Зекировска, проектен менаџер во Иницијативата за економски развој на Ромите – REDI, која ја презентираше иницијативата REDI Рециклажа – ромско социјално…

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор