[Aggregator] Downloaded image for imported item #50918

Потпишани меморандуми за соработка

Градиме партнерства за заеднички цели и подобри можности за сите!
Во рамките на проектот „Заедно сме посилни 2“ кој го имплементираме со поддршка на Фондацијата Kvinna till Kvinna, потпишавме Меморандуми за соработка, со што го зацврстуваме нашето партнерство и заедничката заложба за создавање поинклузивно и поправедно општество.
Меморандуми за соработка потпишавме со:
Центар за развој на источен плански регион
Организација ЖЕНА Делчево
Организација на жени на Општина Св.Николе
Гласен Текстилец
Тернипе МК Делчево
Бравура кооператива
Соработката ќе биде насочена кон подобрување на квалитетот на животот, социјалната инклузија и еднаквите можности за лицата со попреченост, жените во ризик и старите лица, како и кон нивно економско и општествено зајакнување. Посебен акцент ќе биде ставен на унапредување на социјалните услуги, пристапот до здравствена и социјална заштита, родовата еднаквост, можностите за вработување и економското зајакнување, како и на поголемото учество на овие групи во општествениот живот.
Веруваме дека преку партнерство, споделување на знаења и искуства и заедничко дејствување, можеме да создадеме повеќе можности и да придонесеме кон заедница во која секој човек има право на достоинствен живот, еднакви можности и активно учество.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености Велес

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор