[Aggregator] Downloaded image for imported item #51449

МакПрогрес-Винчини Македонија стана наш спонзор и поддржувач!

Со особена благодарност споделуваме дека МакПрогрес -Винчини Македонија стана наш спонзор и поддржувач!
Во рамките на ова партнерство, Винчини Македонија – МакПрогрес во понатамошниот период ќе обезбедува донации -храна за корисниците на услугата „Живеење со поддршка“, придонесувајќи кон создавање подобри и поквалитетни услови за нивното секојдневно живеење.
За нас, оваа поддршка е многу повеќе од донација на храна. Таа е гест на грижа, солидарност и општествена одговорност, но и потврда дека кога заедницата се обединува околу вистинските вредности, можеме да направиме значајна промена во животите на луѓето.
Им благодариме на Винчини Македонија – МакПрогрес за довербата, поддршката и подготвеноста да бидат дел од нашата мисија.
Веруваме дека ова е само почеток на едно убаво партнерство и дека се повеќе компании, организации и поединци ќе ја препознаат нашата мисија, нашата работа и потребите на лицата со попреченост и ќе одлучат да ни се придружат како поддржувачи.

The post МакПрогрес-Винчини Македонија стана наш спонзор и поддржувач! appeared first on Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености Велес

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор