Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Јавна презентација на „Локал Актив Пелагонија“ во Битола

    По речиси половина година од објавувањето на првите содржини на медиумот на заедницата „Локал Актив Пелагонија“, Институтот РЕСИС организираше јавна презентација* на веб платформата www.lap.mk во просториите на Europe House во Битола.

  • Жените од маргинализирани заедници и понатаму надвор од системот за заштита од дискриминација

    26 март 2026 година, Холидеј Ин Жените од маргинализирани заедници сè уште ретко бараат заштита од дискриминација и покрај постоењето на законска рамка и институционални механизми – покажуваат наодите од мониторингот презентирани на регионалниот форум „Платформа за вклучување на маргинализираните жени во општеството и зајакнување на соработката“, организиран од Хелсиншкиот комитет за човекови права. Настанот […]
    Read More… from Жените од маргинализирани заедници и понатаму надвор од системот за заштита од дискриминација
    The post Жените од маргинализирани заедници и понатаму надвор од системот за заштита од дискриминација appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Градење инклузивни и отпорни заедници (2021- 2026) – од резултати кон одржливи политики

    Македонското здружение на млади правници (МЗМП) на 25 март 2026 година во Скопје го одржа завршниот настан на проектот „Градење инклузивни и отпорни заедници “, на кој беа презентирани резултатите од петгодишната имплементација и се отвори стручна дискусија за актуелните безбедносни предизвици поврзани со радикализацијата […]
    The post Градење инклузивни и отпорни заедници (2021- 2026) – од резултати кон одржливи политики appeared first on Myla.

  • Еднаквост сега: мониторинг-извештај за пристапот на жени од маргинализирани заедници до механизмите за заштита од дискриминација

    Овој мониторинг и извештај се реализирани во рамките на проектот „Еднаквост сега – зајакнување на маргинализираните заедници за социјална инклузија и недискриминација“ поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас имплементиран од Хелсиншкиот комитет за човекови права, ХОПС – Опции за здрав живот и Коалиција МАРГИНИ, чија цел е да придонесе за подобрување на пристапот […]
    Read More… from Еднаквост сега: мониторинг-извештај за пристапот на жени од маргинализирани заедници до механизмите за заштита од дискриминација
    The post Еднаквост сега: мониторинг-извештај за пристапот на жени од маргинализирани заедници до механизмите за заштита од дискриминација appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • ЗЕМЈОДЕЛСТВО БЕЗБЕДНО ОД ПОЖАРИ ВО ОПШТИНА НОВАЦИ

    На 27 март 2026 год. во рамки на проектот ,, Земјоделство безбедно од пожари во Општина Новаци” започна садењето на зелениот заштитен појас кој ќе помогне во справувањето и ограничувањето на ризиците од пожари во земјоделските предели на Општината. Во текот на оваа активност се засадија 1100 садници садници од неколку дрвенести видови, односно 700 садници јавор, 290 садници питом костен, 50 садници див костен и 60 садници евла, во атарот на село Новаци. Заедно со локалната заедница и земјоделците помагаме во спречувањето на пожарите онаму каде што се најопасни, во близина на нивните посеви и имоти. Во засадувањето беа вклучени и младите од Општината, припадници на Волонтерското противпожарно доброволно друштво во Општина Новаци станувајќи на тој начин дел од позитивните промени во општината со цел да се превенираат идните настанувања на пожари. На овој начин повтороно ги вклучивме  млади луѓе, од кои многумина доаѓаат од земјоделска средина, како идни засегнати страни. Засадувањето беше на локација покрај Спортско-рекреативна пешачка патека НОВАЦИ – Манастир на Пресвета Богородица во општина Новаци. Во оваа прилика како донација од проектот беше доделена моторна дупчалка за засадување на садници со повеќе бургии која Општината Новаци ќе можат да ја користат во некои идни акции за засадување.
    Засадувањето продолжи на 28-ми март се додека не се засади и последната садница и со тоа затворивме едно важно поглавје во заштитата од пожари на отворен простор во Општина Новаци. Со засадувањето на последното планирано дрвце од зелениот појас за заштита од пожари, комплетиравме една целина која на траен и одржлив начин ќе помогне во спречувањето и ограничувањето на пожари во овој земјоделски предел. Со оваа мерка се спроведува континуирано, нискобуџетно спречување на пожари што ќе им користи на локалните заедници на долг рок, без потреба од значително надворешно финансирање.
     
    Проектот е дел од програмата „Управување со пожари на ниво на предел во Западен Балкан“ (Landscape Fire Management in the Western Balkans (LFMWB)), што се спроведува со поддршка на Владата на Швајцарија претставувана од Швајцарското федерално министерство за надворешни работи (Swiss Federal Department of Foreign Affairs), преку  Швајцарската агенција за развој и соработка (Swiss Аgency for Development and Cooperation – SDC) и во координација со Фармахем од Скопје, како Регионална извршна агенција на програмата.
    Општата цел на Програмата е да ја зголеми отпорноста на шумите и пределите од пожари во Западен Балкан, чија егзистенција и социо-економскиот развој зависат од овие предели, користејќи партиципативен пристап со вклучување на локалното население во процесите, преку промовирање на родова еднаквост и зајакнување на јавната свест за важноста на заштитата на природните ресурси.

  • #Зелен Петок: „Размена наместо отпад“ – мали навики со големо влијание

    Со голем интерес и позитивна енергија се реализираше шестото издание на „Зелен Петок“, повторно посветено на иницијативата „Размена наместо отпад“. Настанот беше организиран како одговор на интересот на граѓаните кои не успеаја да се вклучат претходниот пат, а овојпат покажа дека ваквите акции имаат вистинска вредност и потенцијал да прераснат во редовна практика. На настанот…

  • Партнерство за отворена власт – Конференција за отпочнување на процесот на ко-креација на НАП за ПОВ 2026 – 2028

    Министерството за јавна администрација, во соработка со Метаморфозис фондација и Центарот за граѓански комуникации, организира Конференција за отпочнување на процесот на ко-креација на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026 – 2028, која ќе се одржи на 2 април (четврток) 2026 година во Клубот на органите на државната управа со почеток во 11.00 часот. Конференцијата ќе […]

  • Учество на наставен час по предметот ИЗВИДНИШТВО

    На 25.03.2026 год. (среда) членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес беа поканети да учествуваат на часовите по предметот “Извидништво“ во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ кај наставникот Илчо Стојановски. Тие помогнаа во реализација на настваната програма по предметот и учествуваа во обуката на учениците во делот на првата…

  • ФТ Став бр. 68 за инфлацискиот ефект од енергетскиот шок

    Finance Think изврши моделска пресметка на ефектите од актуелниот геополитички шок врз инфлацијата, која се базира на три сценарија, кои се разликуваат според интензитетот и перзистентноста на ценовниот шок кај енергенсите, како и по начинот на негово пренесување во економијата. Во основното сценарио, се претпоставува дека шокот е веќе делумно вграден во тековните пазарни цени […]
    The post ФТ Став бр. 68 за инфлацискиот ефект од енергетскиот шок first appeared on Finance Think.
    The post ФТ Став бр. 68 за инфлацискиот ефект од енергетскиот шок appeared first on Finance Think.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор