[Aggregator] Downloaded image for imported item #51464

Трет ден студиска посета – знаење, искуство и работа

Во рамките на третиот ден од студиската посета, реализирана во рамките на проектот „Лицата со попреченост одгледуваат органски лековити билки“, финансиски поддржан од Western Balkans Fund и Европската Унија, беше одржана практична обука во работниот центар на Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес.
Обуката беше насочена кон стекнување практични знаења и вештини за преработка и подготовка на производи од органски лековити и ароматични билки. Учесниците имаа можност да се запознаат со различни техники и постапки за изработка на производи со додадена вредност, при што активно учествуваа во практичниот дел од обуката.
Во текот на обуката беа реализирани практични активности од следните области:
– дестилација на етерично масло од лаванда;
– подготовка на вреќички од лаванда;
– изработка на тинктура од лаванда;
– подготовка на чај од лаванда;
– подготовка на масло од невен;
– изработка на крем за нега од невен;
– подготовка на чај од невен;
– подготовка на чајна мешавина од жалфија, рузмарин и босилек;
– изработка на рачно изработени сапуни.
Посебно внимание беше посветено на практичната работа, со цел учесниците не само да се стекнат со теоретски знаења, туку и самостојно да ги применат научените техники и постапки. На тој начин, обуката придонесе кон развивање на нивните практични вештини и поттикнување на нивната активна вклученост во процесите на преработка и создавање производи од лековити билки.
Обуката успешно ја завршија сите учесници. По завршувањето на обуката, на сите учесници им беа доделени сертификати за успешно завршена обука, со што беше одбележан нивниот ангажман, стекнатото знаење и успешно совладаните практични вештини.
Третиот ден од студиската посета претставуваше значаен чекор во јакнењето на капацитетите на лицата со попреченост и нивното активно учество во создавањето и развојот на производи базирани на органски одгледани лековити и ароматични билки.



The post
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености Велес

Продолжи со читање

  • Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на средба со организациите во Куманово

    На 1 октомври 2026 година претставници на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество се сретнаа со граѓанските организации и активистите од Североисточниот регион. Средбата беше посветена на улогата, работата и соработката со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како значаен механизам за унапредување на дијалогот меѓу институциите и граѓанските организации.

  • OТВОРЕНО ПИСМО | Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус?

    Мрежа за заштита од дискриминација испраќа отворено писмо до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод нејзината неодамнешна средба со претставнички на здружението „Јас сум жена“. Со […]

  • Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина

    Од 5 до 7 октомври, во Приштина се одржа Civil Society & Think Tank Forum 2026, официјалната платформа на граѓанското општество во рамки на Берлинскиот процес, на кој учествуваше и Finance Think. Во текот на трите дена, низ повеќе тематски дискусии, претставниците на граѓанските организации и тинк-тенковите од Западен Балкан имаа можност да дадат свои […]
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина first appeared on Finance Think.
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина appeared first on Finance Think.

  • Граѓанското општество од Западен Балкан го даде својот придонес во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес

    Овогодишниот Форум на граѓанското општество и тинк-тенк организации (CSF 2026) се одржа во Приштина од 5 до 7 октомври. Форумот, како официјална платформа на граѓанскиот сектор во рамките на Берлинскиот процес, уште еднаш ја потврди незаменливата улога на граѓанскиот сектор како мост меѓу граѓаните, експертската заедница и донесувачите на одлуки.

  • Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе

    Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе На 4 и 5 октомври 2026 година, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, се одржа базична обука за прва помош, организирана со поддршка на Operation Florian од Велика Британија. На обуката учество земаа членови од три доброволни противпожарни друштва: ДПД Свети Николе, ДПД…

  • ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ

    Вчера (7.10.2026 година) на Пленарна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на прво читање беа разгледани предлог измени и дополнувања на Законот за животната средина. Веќе за 13.10.2026 година е закажана седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на […]
    The post ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор