Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Мобилен правен ден – Ропотово

    Јулското сонце не е пречка кога целта е правдата да биде поблиску до луѓето. На 06 јули го спроведовме првиот Мобилен правен ден во с. Ропотово, Општина Долнени, каде граѓаните добија советување, информации и поддршка за остварување на своите социјални и други права. Теренската работа не е само административна поддршка, таа значи да се биде…

  • КОДЕКС НА НОВИНАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

    ПРЕАМБУЛА Слободата на медиумите е неприкосновено право. Мисијата на новинарството се темели врз правото на секој човек да има пристап до информации и идеи, во согласност со Универзалната декларација за човекови права и Уставот на Република Северна Македонија. Задача и обврска на новинарите е да ги почитуваат вистината и правото на јавноста да биде навремено […]

  • Елаборат за четириесетите – XL Средби на извидници Велес 2026

    Почитувани извидници, извидничкиот одред “Димитар Влахов” од Велес одбележувајќи ја седмата деценија на постоење на извидништвото во Велес и Денот на Државноста на Македонија, Ве поканува на традиционалните XL Средби на извидници 2026. Во периодот од 1975 до 2026 година, успевaме да организираме четириесет Средби на извидници од кои последните…

  • Регионален форум на Североисточниот плански регион за одржлив третман на биоотпадот, Куманово

    На 2 јули 2026 во Куманово се одржа Регионален форум на Североисточниот плански регион за одржлив третман на биоотпадот, во рамки на проектот „Нула биоотпад: системски промени во партнерство со граѓаните”, поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика Мобилитас, а спроведуван од Зелен институт во партнерство со Националното здружение на сопственици на приватни шуми.

    Целта на проектот е да се придонесе за транзиција кон „нула отпад“ општини, преку системско подобрување на управувањето со биоотпадот, заради помало загадување и ризици од пожари, искористување на ресурсите, рационализирање на работата на јавните комунални претпријатија и поттикнување на циркуларната економија.

    Поздравно обраќање имаше Зорица Стрезоска од секторот за ЕУ од Министерството за животна средина и просторно планирање. Форумот го модерираше Лилјана Поповска, а експертите Катарина Георгиевска и Аријан Тоска го презентираа истражувањето за управување со биоотпад во Североисточниот регион – со порака дека биоотпадот е ресурс, а не проблем.

  • Ново регионално партнерство: Здружението започнува проект поддржан од Western Balkans Fund и Европската Унија

     Со голема чест и задоволство споделуваме дека Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености е добитник на грант од Фондот за Западен Балкан (Western Balkans Fund), кофинансиран од Европската Унија! На 24 и 25 јуни 2026 година во Тирана, Албанија, присуствувавме на дводневната партнерска работилница и свечената церемонија…

  • Регионален форум на Југоисточниот плански регион за одржлив третман на биоотпадот во Радовиш

    На 29 јуни 2026 во Радовиш се одржа Регионален форум на Југоисточниот плански регион за одржлив третман на биоотпадот, во рамки на проектот „Нула биоотпад: системски промени во партнерство со граѓаните”, поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика Мобилитас, а спроведуван од Зелен институт во партнерство со Националното здружение на сопственици на приватни шуми.

    Целта на проектот е да се придонесе за транзиција кон „нула отпад“ општини, преку системско подобрување на управувањето со биоотпадот, заради помало загадување и ризици од пожари, искористување на ресурсите, рационализирање на работата на јавните комунални претпријатија и поттикнување на циркуларната економија.

    Поздравно обраќање имаа Градоначалникот на Радовиш, Љупче Почивалец и Зорица Стрезовска од секторот за ЕУ од Министерството за животна средина и просторно планирање. Форумот го модерираше Ана Петровска, а експертите Наталија Бургиева и Аријан Тоска го презентираа истражувањето за управување со биоотпад во Југоисточниот регион – со порака дека биоотпадот е ресурс, а не проблем.

  • Работна средба на Платформата на граѓански организации за борба против корупција со Делегација на Собранието на Црна Гора

    Претставници на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, на 1 јули 2026 година, остварија работна средба со Делегацијата на Собранието на Црна Гора, која престојуваше во земјава во рамки на студиска посета организирана од канцелариите на Националниот демократски институт (НДИ) во Црна Гора и Северна Македонија. Средбата имаше за цел размена на искуства […]

  • МЦМС стана полноправна членка на Глобалната коалиција на граѓанското општество за УНКАК

    МЦМС го надгради своето членство во Глобалната коалиција на граѓанското општество за УНКАК и од асоцијативна стана нејзина полноправна членка. Ова претставува признание за долгогодишната посветеност на организацијата и дополнително ги засилува капацитетите за граѓански надзор и притисок во борбата против корупцијата.

  • „Локал актив“ стигна во Куманово – следната станица за медиум на заедницата

    Петнаесетина млади, активисти и новинари од Североисточниот Регион беа дел од работилницата што Институтот РЕСИС и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) ја организираа во Куманово. Настанот беше организиран во рамките на проектот „Медиуми на заедницата за посилно граѓанско општество“, поддржан од Владата на Швајцарија преку „Цивика мобилитас“,…

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор