Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Finance Think на World Bank Fiscal Councils Peers Learning Event во Виена

    Finance Think учествуваше на Fiscal Councils Peers Learning Event, организиран од Светската банка и Европската Унија, посветен на размена на искуства и добри практики меѓу фискалните совети, 6-7 јули 2026 во Виена, Австрија. Особено ни е драго што во презентацијата на Фискалниот совет беше истакната соработката со Finance Think како значајно стратешко партнерство кое придонесува […]
    The post 📍 Finance Think на World Bank Fiscal Councils Peers Learning Event во Виена first appeared on Finance Think.
    The post 📍 Finance Think на World Bank Fiscal Councils Peers Learning Event во Виена appeared first on Finance Think.

  • Резиме со резултатите од Дебатната анкета за улогата и моделите на вклучување на Собранието во ЕУ интеграцијата

    Резултатите од Националната дебата за улогата и моделите на вклучување на Собранието во ЕУ интеграциите покажуваат дека со поголемата информираност и собрани знаења за процесот тие станаа покритични. Граѓаните, по дебатата, излегоа со став дека клучните одлуки за ЕУ ги носи Владата, без реален инпут од Собранието, но и со помала доверба во диалогот за […]
    The post Резиме со резултатите од Дебатната анкета за улогата и моделите на вклучување на Собранието во ЕУ интеграцијата appeared first on EPI.

  • Балканот и циркуларната економија: Локални приказни што инспирираат 

    Циркуларната економија сè повеќе се применува во различни сектори – од образование и локални заедници до индустриски системи за производство на енергија и материјали. Био-отпадот во овој контекст претставува клучен ресурс кој овозможува создавање енергија, ѓубрива и нови производи, наместо негово депонирање. Фото:https://www.magnific.com/free-photo/composition-compost-made-rotten-food_17662485.htm#fromView=search&page=1&position=12&uuid=150e8d17-4682-419f-84aa-c94cdfc7a49f&query=Fertilizer+soil+food+waste+  Кога зборуваме за циркуларна економија и управување со био-отпад, често мислиме дека […]

  • ЦПИА на средба со европската комесарка Марта Кос и претставници на граѓанското општество

      На 8 јули, европската комесарка за проширување Марта Кос ја посети Република Северна Македонија за да разговара за напредокот на земјата на нејзиниот пат кон Европската Унија, како и за спроведувањето на клучните реформски приоритети, со посебен акцент на Реформската агенда во рамките на Планот за раст за Западен Балкан. Во рамките на посетата, […]

  • Реализирана ученичката иницијатива „Комуникацијата е клуч за успешно училиште“ во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ – Прилеп

    Во рамки на проектот „Ученици за ученичко учество: Зајакнување на ученичките организации“, учениците од СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ – Прилеп ја реализираа ученичката иницијатива „Комуникацијата е клуч за успешно училиште“.

  • Анализа на потребите на децата во ризик и лицата со попреченост во институциите во Република Северна Македонија

    Целта на оваа „Анализа на потребите на децата во ризик и лицата со попреченост во институциите во Република Северна Македонија“ е да обезбеди сеопфатна проценка на состојбите, потребите и предизвиците со кои се соочуваат децата во ризик и лицата со попреченост сместени во системот на институционална и вонсемејна грижа, преку согледување на практиките и условите […]
    Read More… from Анализа на потребите на децата во ризик и лицата со попреченост во институциите во Република Северна Македонија
    The post Анализа на потребите на децата во ризик и лицата со попреченост во институциите во Република Северна Македонија appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Балканот и циркуларната економија: Локални приказни што инспирираат

    Циркуларната економија сè повеќе се применува во различни сектори – од образование и локални заедници до индустриски системи за производство на енергија и материјали.
    Био-отпадот во овој контекст претставува клучен ресурс кој овозможува создавање енергија, ѓубрива и нови производи, наместо негово депонирање.

    Фото:https://www.magnific.com/free-photo/composition-compost-made-rotten-food_17662485.htm#fromView=search&page=1&position=12&uuid=150e8d17-4682-419f-84aa-c94cdfc7a49f&query=Fertilizer+soil+food+waste+
     
    Кога зборуваме за циркуларна економија и управување со био-отпад, често мислиме дека најдобрите примери доаѓаат од далечни земји и големи компании. Сепак, позитивни приказни постојат и во нашиот регион, покажувајќи дека промените се можни кога постои иницијатива, знаење и соработка.
    Во Северна Македонија, инспиративен пример доаѓа од Неготино. Тројца средношколци – Никола Гичовски, Дончо Димитриовски и Крсте Кочовски – преку проектот „Еко-печурка компостери: Иднината на циркуларна економија“ покажуваат како органскиот отпад може да се претвори во корисен ресурс. Во дворот на училиштето поставиле компостери во кои го селектираат и обработуваат органскиот отпад, создавајќи природно ѓубриво за јавните зелени површини. Дополнително, користат мерна опрема за следење на условите во компостерите, со што обезбедуваат ефикасен процес на разложување.
     
    Во соседна Србија, органскиот отпад веќе се користи како извор на енергија. Во Врбас работи модерна биогасна централа која користи отпад од шеќерната индустрија и земјоделски остатоци за производство на биогас. Потоа, биогасот се претвора во електрична енергија, а преостанатиот материјал повторно се искористува, што претставува одличен пример за затворен производствен циклус.

    Фото: https://unsplash.com/photos/green-plant-on-white-and-purple-floral-ceramic-pot-FTCQPjPfFS4?utm_source=unsplash&utm_medium=referral&utm_content=creditShareLink
     
    Словенија, пак, се смета за еден од лидерите на циркуларната економија во Европа. Органскиот отпад таму се собира одделно повеќе од една деценија, а голем дел од него завршува во домашни компостери. Љубљана е препознаена како „Zero Waste“ град со висока стапка на рециклирање, додека бројни институции и компании активно работат на намалување на отпадот и поефикасно користење на ресурсите.
     
    Сите овие примери испраќаат важна порака: циркуларната економија не е концепт резервиран само за најразвиените земји. Таа веќе постои и се развива во нашиот регион – во училиштата, локалните заедници, индустријата и домовите.
     
    Промената започнува со мали чекори – селектирање на отпадот, компостирање или поддршка на одржливи иницијативи. Кога овие активности ќе станат секојдневна практика, отпадот престанува да биде товар и станува ресурс што создава вредност за општеството и животната средина.
     
    Извори: Република.мк (2026); Energy, Sustainability and Society / Springer Nature (2024); Vlaanderen Circulair (2024); World Bank – Circular Economy in Croatia & Slovenia; Balkan Green Energy News (2025).
     
    Оваа статија е подготвена во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    Содржината на оваа статија е единствена одговорност на Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.
     
    Автори: Јасмина Петровска, Еко Логик и Ана Серафимова, Еко Логик

  • Промотивно видео за селекција на органски отпад и циркуларна економија

    Погледнете го нашето ново промотивно видео кое ја истакнува важноста на селекцијата на органскиот отпад и придобивките од неговото правилно сортирање. Целта на видеото е да поттикне граѓански ангажман и да ја нагласи улогата на органскиот отпад како секундарна суровина во создавањето здрава животна средина и ублажувањето на климатските промени. Во продукцијата учествуваа експерти за […]

  • Промовиран новиот Кодекс на новинарите на Македонија

    Обновена верзија на Кодексот на новинарите на Македонија денеска промовираа Здружението на новинарите на Македонија, Македонскиот институт за медиуми и Советот за етика во медиумите на Македонија, во обид за „фаќање чекор“ со брзите п… Повеќе… “Промовиран новиот Кодекс на новинарите на Македонија”
    Source

  • ЗНМ, МИМ и СЕММ го промовираа новиот Кодекс на новинарите на Македонија

    Здружението на новинарите на Македонија, Македонскиот институт за медиуми и Советот за етика во медиумите на Македонија денеска во Europe House во Скопје го промовираа новиот Кодекс на новинарите на Македонија, како значаен чекор кон унапредување на професионалните и етичките стандарди во новинарството и зајакнување на довербата на јавноста во медиумите. Новиот Кодекс е резултат […]

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор