[Aggregator] Downloaded image for imported item #52332

Интерни стандарди за безбедна и професионална работа со корисниците на услугите

На 7 и 9 октомври 2026 година, во просториите на Здружение СТАНИЦА ПЕТ, се одржа дводневна обука за тимот, посветена на унапредување на интерните системи и стандардите за работа со корисниците на услугите на Здружението.

Обуката ја спроведе ангажиран надворешен експерт Гоце Тошев – правник со долгогодишно искуство во развивање на интерни организациски процедури и стандарди, а во фокусот беа три клучни интерни документи: Процедурата за управување со случаи, Процедурата за заштита и безбедност на корисниците на услугите (Safeguarding) и Процедурата за доверливост и постапување со доверливи информации.

Преку интерактивна дискусија, тимот детално ги разгледа содржината, принципите и предвидените механизми во секоја од процедурите. Посебно внимание беше посветено на нивната практична примена во секојдневната работа, вклучително и на постапувањето со случаи, проценката на потребите и ризиците, планирањето и следењето на поддршката, заштитата на корисниците од можни ризици и штета, како и одговорното постапување со личните и доверливите информации.

Дискусијата овозможи заедничко разгледување на различни ситуации што можат да се појават во работата со корисниците и на начинот на кој интерните процедури треба да го насочуваат постапувањето на членовите на тимот. Целта е процедурите да не останат само формални документи, туку да претставуваат практични алатки што обезбедуваат појасни одговорности, доследност во работата и усогласено постапување во различни ситуации.

Развивањето и примената на овие процедури е важен чекор во јакнењето на организациските капацитети на СТАНИЦА ПЕТ. Со воспоставување јасни внатрешни правила и заеднички стандарди, Здружението продолжува да работи на унапредување на квалитетот на услугите, заштитата на достоинството, правата и безбедноста на корисниците, како и зачувувањето на нивната приватност и довербата во поддршката што ја добиваат.

Нашата цел е секој корисник да добие професионална, безбедна и одговорна поддршка, заснована на јасни процедури и заеднички професионални стандарди.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор