Screenshot 2026 10 13

Извештај во сенка за Поглавје 23 за периодот октомври 2025 – јуни 2026 година

Овој извештај во сенка ги обединува во единствена кохерентна целина сите наоди, заклучоци и препораки што произлегоа од следењето на областите содржани во Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права. Ова е единаесетти ваков извештај што го објaвува Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје, земајќи ги предвид коментарите и мислењата на државните институции и невладините организации. Претходните десет извештаи ги покриваа следниве периоди: октомври 2014 година – јули 2015 година, јули 2015 година – април 2016 година, мај 2016 година – јануари 2018 година, јуни 2018 година – март 2019 година, април 2019 – март 2020 година, април 2020 – септември 2021 година, октомври 2021 – септември 2022 година, октомври 2022 – септември 2023 година, октомври 2023 – септември 2024 година и октомври 2024 – септември 2025 година.

Извештајот го опфаќа периодот од почетокот на октомври 2025 година, заклучно со крајот на јуни 2026 година. Во извештајот се прикажани податоци што се релевантни и пред октомври 2025 година, доколку тие биле потребни за контекстуализација или за појаснување на новостите од тековниот извештаен период, а се релевантни за него. Овој извештај ја следи структурата на Поглавјето 23, а му претходи на годишниот извештај на Европската комисија (ЕК). На крајот на секоја област во рамка се издвоени препораки.

Извештајниот период беше одбележан во знак на спроведувањето на Реформската агенда на Република Северна Македонија на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, која претставува сеопфатен пакет мерки за постигнување на предвидените цели во приоритетните области договорени со EK, меѓу кои е и владеењето на правото.

The post Извештај во сенка за Поглавје 23 за периодот октомври 2025 – јуни 2026 година appeared first on EPI.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Институт за европска политика (ЕПИ)

Продолжи со читање

  • Кој ги штити правата во дигиталниот свет? Подготвуваме нова генерација правници

    Технологијата се менува. Заштитата на човековите права останува темел на правната професија. Дигиталните технологии ги менуваат правните односи, работата на институциите и начинот на кој луѓето ги остваруваат своите права. Вештачката интелигенција, масовниот надзор, обработката на личните податоци, онлајн платформите и сајбер-криминалот отвораат нови прашања […]
    The post Кој ги штити правата во дигиталниот свет? Подготвуваме нова генерација правници appeared first on Myla.

  • Зелените и дигиталните реформи напредуваат нерамномерно, а слабата институционална координација создава дополнителни финансиски ризици

    Северна Македонија бележи напредок во зелената и дигиталната транзиција, но реформите се спроведуваат со различна динамика, а институционалната координација меѓу двата процеса останува ограничена. Доцнењето на реформите не е само административен проблем, туку може да има последици за европските средства, инвестициите и конкурентноста на македонската економија. Ова се главните заклучоци на анализата „Двојна по име, […]
    The post Зелените и дигиталните реформи напредуваат нерамномерно, а слабата институционална координација создава дополнителни финансиски ризици appeared first on IDSCS.

  • МРЕЖА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА: Дискриминацијата не исчезнува со молчење

    Мрежата за заштита од дискриминација изразува сериозна загриженост поради измените во наставната програма за сеопфатно сексуално образование, сега преименувана во „Здравје и заштита на здравјето“, […]

  • ПЛАТФОРМА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ: КОГА ДРЖАВАТА ГО БРИШЕ РОДОТ ОД ОБРАЗОВАНИЕТО, ЈА БРИШЕ И СОПСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ ЗА РОДОВАТА НЕЕДНАКВОСТ

    Платформата за родова еднаквост изразува сериозна загриженост поради одлуката на Министерството за образование и наука да ја измени програмата за сеопфатно сексуално образование, сега преименувана […]

  • Владеењето на правото продолжува да назадува во светот – состојбата се влошува во 62 % од земјите

    Владеењето на правото продолжува да се влошува на глобално ниво, покажува најновиот Индекс за владеење на правото за 2026 година, објавен од меѓународната организација World Justice Project (WJP). Според резултатите, во 62 % од анализираните земји е забележано назадување, додека во 38 % состојбата се подобрила. Ова е деветта последователна…

  • Двојна по име, асиметрична по мерка

    Зелените и дигиталните реформи во Северна Македонија: Aсиметрии, јазови, причини и финансиски ризик   Зелената и дигиталната транзиција се две меѓусебно поврзани трансформации што го обликуваат развојот на Европската Унија и земјите кандидати за членство. За Западен Балкан, исполнувањето на обврските поврзани со двојната транзиција е предуслов не само за усогласување со законодавството на ЕУ, […]
    The post Двојна по име, асиметрична по мерка appeared first on IDSCS.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор