Screenshot 2026 10 13

ОЕЦД: Жените и понатаму се соочуваат со нееднаквости во образованието и на пазарот на трудот

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) го објави извештајот „Education at a Glance 2026“ (Образованието низ бројки 2026), кој содржи меѓународно споредливи податоци за образованието, образовните достигнувања, финансирањето, наставниот кадар и поврзаноста меѓу образованието и вработувањето.

Извештајот, објавен на 29 септември 2026 година, укажува дека, и покрај напредокот во образованието, значајни родови нееднаквости и понатаму постојат, особено во однос на приходите, застапеноста на жените на раководни позиции и нивното учество во високото образование.

Жените заработуваат помалку од мажите и покрај образовните квалификации. Според податоците на ОЕЦД, младите жени на возраст од 25 до 34 години во просек заработуваат од 15 до 19% помалку од мажите на иста возраст, зависно од степенот на образование. Кај жените на возраст од 45 до 54 години, разликата во приходите изнесува од 20 до 23%. Овие податоци покажуваат дека образованието само по себе не е доволно за надминување на родовите нееднаквости во економската положба на жените.

Жените се мнозинство меѓу наставниот кадар, но се помалку застапени на раководни позиции. Во земјите на ОЕЦД, жените сочинуваат 96% од наставниот кадар во предучилишното образование и 83% во основното образование. Сепак, во основното образование тие заземаат само 67% од раководните позиции. Во високото образование, жените претставуваат 46% од наставниот кадар. Овие разлики укажуваат на нееднаквата застапеност на жените на различни нивоа на образовниот систем и во процесите на управување и одлучување.

Родовите разлики се присутни и во меѓународното високо образование. Жените сочинуваат 51% од меѓународните студенти што започнуваат додипломски студии и 52% од оние што започнуваат магистерски студии, но нивното учество се намалува на 45% кај докторските студии.

Извештајот истовремено покажува дека младите мажи почесто од младите жени немаат завршено средно образование. Во 2025 година, 14% од мажите на возраст од 25 до 34 години немале завршено средно образование, наспроти 11% од жените.

Наодите на ОЕЦД ја нагласуваат потребата политиките за родова еднаквост да не се ограничуваат само на обезбедување еднаков пристап до образование, туку да ги опфатат и можностите за професионален развој, напредување, учество во одлучувањето и остварување еднакви економски права.

Извор: OECD (2026), Education at a Glance 2026: OECD Indicators, OECD Publishing, Paris.

Целосниот извештај е достапен на: https://doi.org/10.1787/b4968bbc-en

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Кој ги штити правата во дигиталниот свет? Подготвуваме нова генерација правници

    Технологијата се менува. Заштитата на човековите права останува темел на правната професија. Дигиталните технологии ги менуваат правните односи, работата на институциите и начинот на кој луѓето ги остваруваат своите права. Вештачката интелигенција, масовниот надзор, обработката на личните податоци, онлајн платформите и сајбер-криминалот отвораат нови прашања […]
    The post Кој ги штити правата во дигиталниот свет? Подготвуваме нова генерација правници appeared first on Myla.

  • Зелените и дигиталните реформи напредуваат нерамномерно, а слабата институционална координација создава дополнителни финансиски ризици

    Северна Македонија бележи напредок во зелената и дигиталната транзиција, но реформите се спроведуваат со различна динамика, а институционалната координација меѓу двата процеса останува ограничена. Доцнењето на реформите не е само административен проблем, туку може да има последици за европските средства, инвестициите и конкурентноста на македонската економија. Ова се главните заклучоци на анализата „Двојна по име, […]
    The post Зелените и дигиталните реформи напредуваат нерамномерно, а слабата институционална координација создава дополнителни финансиски ризици appeared first on IDSCS.

  • МРЕЖА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА: Дискриминацијата не исчезнува со молчење

    Мрежата за заштита од дискриминација изразува сериозна загриженост поради измените во наставната програма за сеопфатно сексуално образование, сега преименувана во „Здравје и заштита на здравјето“, […]

  • ПЛАТФОРМА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ: КОГА ДРЖАВАТА ГО БРИШЕ РОДОТ ОД ОБРАЗОВАНИЕТО, ЈА БРИШЕ И СОПСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ ЗА РОДОВАТА НЕЕДНАКВОСТ

    Платформата за родова еднаквост изразува сериозна загриженост поради одлуката на Министерството за образование и наука да ја измени програмата за сеопфатно сексуално образование, сега преименувана […]

  • Двојна по име, асиметрична по мерка

    Зелените и дигиталните реформи во Северна Македонија: Aсиметрии, јазови, причини и финансиски ризик   Зелената и дигиталната транзиција се две меѓусебно поврзани трансформации што го обликуваат развојот на Европската Унија и земјите кандидати за членство. За Западен Балкан, исполнувањето на обврските поврзани со двојната транзиција е предуслов не само за усогласување со законодавството на ЕУ, […]
    The post Двојна по име, асиметрична по мерка appeared first on IDSCS.

  • ВЛИЈАНИЕТО ПРОДОЛЖУВА: Поддржете ги камповите GLOW и YMLP и овозможете им на новите генерации млади да бидат дел од нив

    Вклучи се ВЛИЈАНИЕТО ПРОДОЛЖУВА: Поддржете ги камповите GLOW и YMLP и овозможете им на новите генерации млади да бидат дел од нив Кампот завршува. Влијанието продолжува. Веќе со години, камповите GLOW (Girls Leading Our World) и YMLP (Young Men’s Leadership Project) им овозможуваат на младите од Македонија да стекнат самодоверба, да ги развиваат своите лидерски вештини, да создаваат пријателства и да го откријат сопствениот потенцијал. Пандемијата COVID-19 го прекина одржувањето на двата кампови. По неколкугодишна пауза, ИМКА во 2023 и 2025 година повторно организираше дневни кампови, а во летото 2026 година ги врати и националните кампови со ноќевање. Со тоа, младите повторно добија можност да поминат неколку дена надвор од своето секојдневие, да запознаат врсници од различни места, да се соочат со нови предизвици и да научат нешто ново за себе и за другите. Помогнете камповите да продолжат да создаваат можности за младите Со „Влијанието продолжува“, ИМКА собира средства за да ги подобри и прошири камповите GLOW и YMLP во 2027 година. Поддршката ќе биде насочена кон три области: Школарини за учесниците: Финансиска поддршка за млади чии семејства не се во можност да ја покријат целосната партиципација. Не сакаме финансиските ограничувања на семејствата да бидат причина некој млад човек да ја пропушти можноста да биде дел од кампот. Опрема и материјали за активности: Обезбедување и обновување на шатори, опрема за престој и активности на отворено, како и материјали за работилници и активности за тимска работа и развој на лидерски вештини. Активности во природа и нови искуства: Едукација за животната средина, тимски предизвици и практични активности во Националниот парк Пелистер. Со секоја донација помагате повеќе млади да добијат можност да учествуваат, да стекнуваат нови вештини и искуства и да создаваат пријателства што ќе продолжат и по завршувањето на кампот. Како можете да ја поддржите кампањата?                   Вашата донација овозможува: 500 ден. / $10            Материјали за лидерски работилници 1.000 ден. / $18         Авантуристичка активност на Пелистер за еден учесник 2.000 ден. / $35        Опрема за спортски активности на отворено и едукација за животната средина 3.000 ден. / $55       Комплет шатор за еден тим 7.500 ден. / $135       Целосна стипендија за еден кампер 15.000 ден. / $270    Стипендии за двајца кампери 22.500 ден. / $400   Стипендии за тројца кампери 50.000 ден. / $900   Главно спонзорство на кампот GLOW или на кампот YMLP 80.000 ден. / $1.450 Авантуристички активности за учесниците на двата национални кампови Заедницата е дел од приказната Обновувањето на камповите не би било можно без поддршката од луѓето и организациите кои веруваат во нивната вредност. Меѓу нив се поранешни волонтери на Мировниот корпус, поранешни членови на тимовите на камповите кои денес живеат во странство, организации од дијаспората, како и поранешни учесници и членови на тимовите од Македонија. Врските што се создаваат преку програмите на ИМКА не завршуваат со последниот ден од кампот. Многумина од поранешните учесници подоцна се враќаат како инструктори на камповите, ментори или волонтери, а стекнатите знаења и искуства ги применуваат и во своите заедници. Пријателствата, самодовербата и желбата да се преземе иницијатива се дел од она што останува и по завршувањето на кампот. Камповите продолжуваат и во 2027 година Следните национални кампови ќе се одржат во времетраење од пет дена (со четири ноќевања), во следните термини: GLOW: 22-26 јуни 2027 година YMLP: 29 јуни-3 јули 2027 година Камповите ќе се одржат во Битола и Националниот парк Пелистер, а ќе соберат млади од различни градови и заедници низ Македонија. Преку работилници, тимски активности, престој во природа и заеднички предизвици, учесниците ќе имаат можност да ги развиваат своите лидерски вештини, да стекнуваат нови пријателства и да создаваат спомени и искуства што ќе ги носат со себе и понатаму. И вие можете да придонесете! За камповите GLOW и YMLP да продолжат да им бидат достапни на младите, потребна е поддршка од заедницата. Можете да помогнете на неколку начини: Донирајте и помогнете да се обезбедат стипендии, опрема, материјали и активности. Споделете ја кампањата со пријателите, семејството и организациите со кои соработувате. Вклучете се како волонтер во тимот. Секоја поддршка значи уште една можност некој млад човек да биде дел од овие кампови и да стекне искуства што ќе му користат и долго по нивното завршување. Кампот завршува. Пријателствата остануваат. Лекциите остануваат. Самодовербата останува. Влијанието продолжува.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор