Screenshot 2026 10 13

ОЕЦД: Јавните услуги треба да се приспособуваат на потребите на граѓаните, а не обратно

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) го објави извештајот „Serving Citizens 2026: Delivering Better Public Administrative Services“ (Во служба на граѓаните 2026: Обезбедување подобри јавни административни услуги), во кој се анализира како земјите ги организираат и обезбедуваат јавните административни услуги и колку тие одговараат на потребите на граѓаните.

Извештајот, објавен на 24 септември 2026 година, покажува дека иако повеќето земји на ОЕЦД имаат стратегии за подобрување на јавните административни услуги, сè уште постојат значајни недостатоци во нивното спроведување, координацијата меѓу институциите и користењето на искуствата на граѓаните за подобрување на услугите.

Граѓаните, особено оние во неповолна положба, недоволно се вклучуваат во креирањето на јавните услуги. Иако 87% од анализираните земји имаат стратегии за подобрување на јавните административни услуги, само 62% од земјите со вакви стратегии ги консултирале граѓаните при нивната подготовка. Уште помалку, односно 46%, ги вклучиле лицата во неповолна положба. Ова создава ризик реформите да не одговараат на вистинските потреби и тешкотии со кои се соочуваат граѓаните.

Жените и лицата што се соочуваат со дискриминација се помалку задоволни од јавните административни услуги. Според податоците од истражувањето за довербата во институциите, во просек 68% од корисниците се задоволни од јавните административни услуги. Меѓутоа, задоволството е пониско кај жените, младите, лицата со пониско образование, граѓаните со финансиски тешкотии и особено кај оние што сметаат дека се соочуваат со дискриминација. Кај последната група, задоволството е за девет процентни поени пониско од просекот.

Институциите собираат информации за искуствата на граѓаните, но недоволно ги користат за подобрување на услугите. Дури 94% од анализираните земји спроведуваат истражувања за искуствата на корисниците, но само 55% ги користат овие податоци или податоците за успешноста на услугите при донесувањето одлуки за нивно подобрување. Ова укажува на значителен јаз меѓу утврдувањето на проблемите и преземањето конкретни мерки за нивно решавање.

Недоволната координација меѓу институциите дополнително го отежнува пристапот до јавните услуги.Иако 77% од земјите започнале да развиваат услуги поврзани со важни животни настани, како раѓање дете или промена на живеалиштето, само во 20% од анализираните случаи услугите се интегрирани преку размена на податоци меѓу институциите. Во останатите случаи, граѓаните често и понатаму треба одделно да се обраќаат до повеќе институции.

ОЕЦД препорачува јавните администрации да развиваат услуги засновани на реалните потреби и искуства на граѓаните, да ја подобрат меѓуинституционалната соработка, да ја користат дигитализацијата за поедноставување на постапките и, пред сè, да го користат задоволството и искуството на корисниците како показатели за успешноста на јавните услуги.

Наодите од извештајот ја потврдуваат важноста на пристапот во кој граѓаните, особено оние што се соочуваат со сиромаштија, дискриминација и други пречки, активно учествуваат во утврдувањето на проблемите и предлагањето решенија. Подобрувањето на јавните услуги не треба да се оценува само според донесените стратегии, воспоставените процедури или дигиталните решенија, туку и според тоа дали граѓаните навистина успеваат навремено и без непотребни пречки да ги остварат своите права.

Извор: OECD (2026), Serving Citizens 2026: Delivering Better Public Administrative Services, OECD Publishing, Paris.

Целосниот извештај е достапен на: https://doi.org/10.1787/ecaa9c7e-en

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • 🚨НАЦИОНАЛНИОТ КАЛЕНДАР НА ЖЕНСКИ СПОРТСКИ НАТПРЕВАРИ Е ТУКА!

    ЧЕТИРИ СПОРТОВИ, ЕДНА ЦЕЛ А ТОА СЕ ПОЛНИ ТРИБИНИ ЗА НАШИТЕ ШАМПИОНКИ! Четири спортови. Повеќе градови. Една заедничка цел – да ги наполниме трибините за женскиот спорт! Од октомври до декември 2026, најавуваме низа возбудливи натпревари во кошарка, фудбал, ракомет и одбојка, на кои на нашите спортистки им е потребна…

  • Трето продолжение на обуката на тренери за управување со животната средина

    На 29.10.2026 год. (четврток) во Велес извидниците од велешкиот одред кои што учествуваа на тренингот за тренери организираа трет настан на кој што присуствуваше Анастасија Давчева ИО“Димитар Влахов”- Велес. Исто така овој настан беше организиран заедно во соработка на ОБСЕ и учениците од СОУ “Јовче Тесличков“ во Велес  оддржаа презентација…

  • Учество на конференцијата „Дигитализација на противпожарната заштита“

    На 28 октомври 2026 година, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, на конференцијата „Дигитализација на противпожарната заштита“ учествуваа по еден претставник на ДПД Свети Николе, на ТППЕ Свети Николе и на кол-центарот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) во Свети Николе. Настанот беше организиран од Сојузот на стопански комори на Македонија, преку Комората за…

  • ENSURE мобилност во Темишвар: нови знаења, соработка и благодарност до домаќините

    Тричлена делегација на Доброволното противпожарно друштво Свети Николе учествуваше на мобилноста за партнерско учење во рамките на проектот ENSURE, која се одржа од 12 до 16 октомври 2026 година во Темишвар, Романија, како дел од WP4 – Twinning Programme. Наш домаќин беше партнерската организација CPIP – CENTRUL PENTRU PROMOVAREA INVATARII PERMANENTE TIMISOARA ASOCIATIA, чиј тим…

  • ВОСПОСТАВУВАЊЕ ДИЈАЛОГ ПОМЕЃУ ЖЕНИТЕ И ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

    Жените и локалната власт во Кривогаштани во дијалог за економско јакнење и развој на женското претприемништво На 29 октомври 2026 година, во Општина Кривогаштани, се одржа средба посветена на унапредување на дијалогот помеѓу жените и локалната власт, со фокус на економското јакнење на жените, развојот на женското претприемништво и создавањето родово одговорни локални политики и…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор