[Aggregator] Downloaded image for imported item #51679

Работилница за родово учество во противпожарната служба

Во рамки на активностите посветени на родовото учество во противпожарната служба, во Свети Николе се одржа 2 работилница за жени пожарникарки, со размена на искуства и добри практики со професионални пожарникарки од OPERATION FLORIAN од Обединетото Кралство.

Видеото пренесува важна порака дека жените во Македонија се недоволно застапени во противпожарниот сервис, но дека нивното учество е исклучително важно за развој на поинклузивна, посилна и поподготвена служба.

Преку практична демонстрација, разговор и споделување искуства беше истакнато дека пожарникарството бара знаење, храброст, дисциплина и подготвеност за навремена реакција. Жените можат активно да придонесат во оваа професија и да помогнат таму каде што е најпотребно.

ДПД Свети Николе продолжува да поддржува кампањи за еднакви можности, обука и поголемо учество на жените во противпожарниот сектор, со цел побезбедна и посолидарна заедница.

 

Gender participation, fire service 2026 — поддршка за поголемо учество на жените во противпожарната служба преку обука, размена на искуства и практични добри практики.

Работилница за родово учество во противпожарната служба – 05.10.2026

На 05.10.2026, во рамки на активностите поврзани со проектот Gender participation, fire service 2026, се одржа работилница организирана од OPERATION FLORIAN, посветена на јакнење на улогата, видливоста и активното учество на жените во противпожарната служба.

На работилницата, покрај учесничките од Македонија, учество земаа и пожарникарки од Република Хрватска – Барањска жупанија, како и од Подгорица, Република Црна Гора. Преку размена на искуства, практични примери и отворена дискусија, беа споделени предизвиците, потребите и можностите за поголемо вклучување на жените во противпожарниот сектор.

Посебен акцент беше ставен на обуката, практичното искуство, поддршката од институциите и заедницата, како и на рушење на стереотипите дека пожарникарството е исклучиво „машка професија“. Учесничките ја истакнаа важноста на еднаквите можности, тимската работа и меѓународната соработка како основа за посилна, поефикасна и похумана противпожарна служба.

ДПД Свети Николе останува посветено на создавање простор во кој знаењето, храброста и подготвеноста за помош се вреднуваат еднакво, без разлика на полот. Ваквите средби се значаен чекор кон поголема видливост, мотивација и активно учество на жените во заштитата на граѓаните и заедницата.

Фотографии од работилницата и размената на искуства со учесничките од Северна Македонија, Република Хрватска, Република Црна Гора и претставничките на Operation Florian.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на ДПД - Свети Николе

Продолжи со читање

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

  • АСИСТИВНАТА ТЕХНОЛОГИЈА ОВОЗМОЖУВА НЕЗАВИСНОСТ, ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ И АКТИВНО УЧЕСТВО ВО ОПШТЕСТВОТО – Водич за креатори на политики, професионалци, сервисни служби, индивидуалци, родители

    Оваа публикација/водич е изработена во рамките на проектот „Асистивна технологија – алатказа социјална инклузија“, кој го реализира Здружението за асистивна технологија „Отворетеги прозорците“ со поддршка на Европската Унија преку проектот CORDIAL – Создавањерегионални можности за активности и законодавство за инклузија на лицата со попреченост. Содржината на оваа публикација/водич е единствена одговорност на Здружението за асистивнатехнологија …
    АСИСТИВНАТА ТЕХНОЛОГИЈА ОВОЗМОЖУВА НЕЗАВИСНОСТ, ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ И АКТИВНО УЧЕСТВО ВО ОПШТЕСТВОТО – Водич за креатори на политики, професионалци, сервисни служби, индивидуалци, родители Read More »
    The post АСИСТИВНАТА ТЕХНОЛОГИЈА ОВОЗМОЖУВА НЕЗАВИСНОСТ, ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ И АКТИВНО УЧЕСТВО ВО ОПШТЕСТВОТО – Водич за креатори на политики, професионалци, сервисни служби, индивидуалци, родители appeared first on Open The Windows.

  • Регионален форум: Зелената агенда како можност за локален економски развој

    Како националните зелени политики да се преточат во конкретни локални мерки, инвестиции и подобри услуги за граѓаните? Ова прашање ќе биде во фокусот на Регионалниот форум „Зелена агенда: од национални политики до локални економски можности“, што Центарот за климатски промени го организира на 30 октомври 2026 година, во хотелот „Холидеј

  • Регионален извештај 2026: застој на реформите и намалени средства за граѓанските организации

    Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) успешно ја одржа онлајн промоцијата на Регионалниот извештај за 2026 година за овозможувачка околина за развој на граѓанското општество во Западниот Балкан и Турција. Настанот обедини истражувачи, експерти за политики, претставници на граѓанскиот сектор и партнери од Европската Унија.

  • Од градење патишта до дигитална безбедност: Поврзаноста со ЕУ како градење имунитет против геополитичките потреси

    Како една мала држава да остане стабилна во свет полн со војни, хибридни закани и нестабилни синџири на снабдување? Одговорот што се наметна на панел-дискусијата „Стратешка поврзаност за стабилност: ЕУ и Северна Македонија во новата геополитичка реалност“ е поврзаноста со Европската Унија. Тоа не значи само патишта и пруги, туку и енергија, дигитална безбедност, силни […]
    The post Од градење патишта до дигитална безбедност: Поврзаноста со ЕУ како градење имунитет против геополитичките потреси appeared first on IDSCS.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор