[Aggregator] Downloaded image for imported item #51690

Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе

На 4 и 5 октомври 2026 година, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, се одржа базична обука за прва помош, организирана со поддршка на Operation Florian од Велика Британија.
На обуката учество земаа членови од три доброволни противпожарни друштва: ДПД Свети Николе, ДПД Пехчево и ДПД Виница, како и претставници од локални институции. Обуката ја следеа вкупно 13 учесници, кои преку теоретски и практичен дел се запознаа со основните принципи на првата помош и правилната реакција во итни ситуации.
Предавачи и инструктори беа еминентните експерти од Operation Florian, Rose Watkins и Paul Ridgeon од Велика Британија, кои преку своето знаење, искуство и практичен пристап им овозможија на учесниците да стекнат важни вештини за укажување помош до пристигнување на стручните служби.
Во текот на обуката беа обработени клучни теми од областа на првата помош, со посебен акцент на проценка на состојбата, безбедност на местото на настанот, правилна комуникација, основни постапки за спасување живот и практични техники кои можат да бидат од големо значење при пожари, сообраќајни несреќи, повреди и други итни ситуации.
Сите 13 учесници успешно ја завршија базичната обука за прва помош, по што им беа доделени сертификати од страна на инструкторите.
ДПД Свети Николе изразува огромна благодарност до Operation Florian, до инструкторите Rose Watkins и Paul Ridgeon, до ООУ „Гоце Делчев“, како и до сите учесници за нивната посветеност, дисциплина и желба за стекнување нови знаења. Ваквите обуки се од исклучително значење за јакнење на капацитетите на доброволните пожарникари и локалната заедница, затоа што навремената и правилна прва помош може да спаси човечки живот.

WhatsApp Image 2026 10 05 at 6.48.59 PM

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на ДПД - Свети Николе

Продолжи со читање

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

  • АСИСТИВНАТА ТЕХНОЛОГИЈА ОВОЗМОЖУВА НЕЗАВИСНОСТ, ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ И АКТИВНО УЧЕСТВО ВО ОПШТЕСТВОТО – Водич за креатори на политики, професионалци, сервисни служби, индивидуалци, родители

    Оваа публикација/водич е изработена во рамките на проектот „Асистивна технологија – алатказа социјална инклузија“, кој го реализира Здружението за асистивна технологија „Отворетеги прозорците“ со поддршка на Европската Унија преку проектот CORDIAL – Создавањерегионални можности за активности и законодавство за инклузија на лицата со попреченост. Содржината на оваа публикација/водич е единствена одговорност на Здружението за асистивнатехнологија …
    АСИСТИВНАТА ТЕХНОЛОГИЈА ОВОЗМОЖУВА НЕЗАВИСНОСТ, ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ И АКТИВНО УЧЕСТВО ВО ОПШТЕСТВОТО – Водич за креатори на политики, професионалци, сервисни служби, индивидуалци, родители Read More »
    The post АСИСТИВНАТА ТЕХНОЛОГИЈА ОВОЗМОЖУВА НЕЗАВИСНОСТ, ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ И АКТИВНО УЧЕСТВО ВО ОПШТЕСТВОТО – Водич за креатори на политики, професионалци, сервисни служби, индивидуалци, родители appeared first on Open The Windows.

  • Регионален форум: Зелената агенда како можност за локален економски развој

    Како националните зелени политики да се преточат во конкретни локални мерки, инвестиции и подобри услуги за граѓаните? Ова прашање ќе биде во фокусот на Регионалниот форум „Зелена агенда: од национални политики до локални економски можности“, што Центарот за климатски промени го организира на 30 октомври 2026 година, во хотелот „Холидеј

  • Регионален извештај 2026: застој на реформите и намалени средства за граѓанските организации

    Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) успешно ја одржа онлајн промоцијата на Регионалниот извештај за 2026 година за овозможувачка околина за развој на граѓанското општество во Западниот Балкан и Турција. Настанот обедини истражувачи, експерти за политики, претставници на граѓанскиот сектор и партнери од Европската Унија.

  • Од градење патишта до дигитална безбедност: Поврзаноста со ЕУ како градење имунитет против геополитичките потреси

    Како една мала држава да остане стабилна во свет полн со војни, хибридни закани и нестабилни синџири на снабдување? Одговорот што се наметна на панел-дискусијата „Стратешка поврзаност за стабилност: ЕУ и Северна Македонија во новата геополитичка реалност“ е поврзаноста со Европската Унија. Тоа не значи само патишта и пруги, туку и енергија, дигитална безбедност, силни […]
    The post Од градење патишта до дигитална безбедност: Поврзаноста со ЕУ како градење имунитет против геополитичките потреси appeared first on IDSCS.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор