Press conference with microphones and laptops

Пензискиот систем под притисок: реформите може да заштедат 5,5 милијарди евра до 2035 година

Пензискиот систем на Северна Македонија е под структурен фискален притисок кој веќе е присутен, а не е прашање на далечна иднина. Структурниот дефицит на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување – пензиите, транзициските трошоци за вториот столб и придонесите за здравство, намалени за сопствените приходи од придонеси – во 2025 година достигна 54,4 милијарди денари, или 5,2% од БДП. Тоа значи дека околу 41% од расходите на Фондот се покриваат од буџетот, наспроти околу 36% во 2023 година.

Дефицитот е резултат на три влијанија што дејствуваат повеќе од две децении. Прво, стапката на придонеси беше намалена од 21,2% на 18% во 2009–2010 година (од 1 Јули 2025 е 19,9%), а пензиите повеќепати беа зголемувани надвор од законската формула. Второ, демографските трендови: стапката на фертилитет е 1,6, природниот прираст е негативен од 2019, а од 2021 бројот на лица над 65 години го надминува бројот на деца. Трето, пазарот на труд: неформалноста повторно порасна на 13,5%, а жените остануваат значително помалку економски активни од мажите.

Од 2023 година расходите за пензии растат значително побрзо од приходите од придонеси – во 2025 година 19% наспроти 8,8%. Тоа не е демографски ефект, туку резултат на индексацијата и на линеарните зголемувања на пензиите.

Без реформа, дефицитот расте од 5,2% од БДП во 2025 на 6,3% до 2030 и достигнува врв од околу 6,6% во 2035–2037 година. Најризичен период е 2038–2048, кога транзициските трошоци го достигнуваат врвот, а бројот на осигуреници на еден пензионер паѓа под 1,3. На долг рок дефицитот навидум се намалува, на 5,5% во 2050 и 2,7% во 2070, но тоа не е подобрување: пензиите сè повеќе заостануваат зад платите, па односот меѓу просечната пензија и нето платата паѓа од 59% на 35% до 2050. Во апсолутен износ дефицитот расте цело време, а околу средината на 2040-тите ќе има помалку осигуреници отколку пензионери.

Студијата покажува дека ниту една поединечна мерка не е доволна. Со реформа, односно комбиниран пакет од постепено зголемување на придонесот на 20%, индексација само со инфлацијата, поголемо учество на жените на пазарот на труд и намалување на неформалноста, дефицитот паѓа на 4,2% од БДП до 2030 наместо на 6,3%, а до 2050 година под 0,5%. Промената на пензиската возраст во тој пакет има мал дополнителен ефект, помал од 0,2 процентни поени од БДП. Цената е пониска стапка на замена (пензија во однос на нето плата). Ако пак се задржи сегашната формула за индексација, дефицитот останува над 4% од БДП до 2040 година.

Краткорочната фискална заштеда е колку помалку пари буџетот би префрлил во Пензискиот фонд во првите десет години од потенцијалната реформа (2026–2035), во споредба со сценариото без реформа. Со комбинираниот пакет таа изнесува околу 337–341 милијарда денари (околу 5,5 милијарди евра), или околу 30% од БДП кумулативно. Годишно, тоа е во просек околу 34 милијарди денари (околу 550 милиони евра), односно околу 3% од БДП. Тоа е три до четири пати повеќе од најдобрата поединечна мерка, индексацијата само со инфлација, која заштедува околу 179 милијарди денари (околу 2,9 милијарди евра).

Сепак, студијата предупредува на суштинска дилема меѓу одржливоста и адекватноста на пензиите: со индексација само според инфлацијата стапката на замена паѓа на околу 22% до 2050 година, наспроти 35% при сегашната формула, а двете вредности се под прагот од 40% што се користи како минимум. Затоа препораката е гарантирана минимална пензија наместо ад-хок зголемувања, и индексација со автоматски фискален механизам наместо дискрециони одлуки.

„Параметарските реформи се неопходни, но не и доволни – тие купуваат време. Прозорецот за реформи се затвора околу 2035 година, а цената на одложувањето не расте линеарно, туку се акумулира“, истакна  Петрески.

Студијата е изработена со моделот PSSM-MK, врз основа на официјални податоци од ФПИОСМ, Државниот завод за статистика, Министерството за финансии и меѓународни бази на податоци.

 

The post Пензискиот систем под притисок: реформите може да заштедат 5,5 милијарди евра до 2035 година appeared first on Finance Think.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Институт за економски истражувања и политики Finance Think

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор