Dokument za javni politiki analiza na nacionalnoto zakonodavstvo.jpg

Документ за јавни политики: Анализа на националното законодавство во однос на европските стандарди за заштита од дигитално родово-базирано насилство

Дигиталното родово-базирано насилство претставува сè поизразена манифестација на насилството врз жените и девојчињата, која се врши или засилува преку употреба на информатичко-комуникациски технологии. Иако не станува збор за нов вид на насилство, дигиталната средина овозможува поинаква динамика, поголема изложеност на жртвите и подолготрајни последици, што наметнува потреба од прилагоден правен и институционален одговор.

Во рамки на проектот „Младите жени против онлајн насилство“, имплементиран од Иницијатива за европска перспектива и Заеднички вредности, го објавуваме новиот „Документ за јавни политики – Анализа на националното законодавство во однос на европските стандарди за заштита од дигитално родово-базирано насилство“.

Целта на овој документ е да придонесе кон развој на појасен, родово-сензитивен и практично применлив одговор на дигиталното родово-базирано насилство во Република Северна Македонија.

Што опфаќа овој документ?

  • Анализа на правната рамка: Документот ја анализира постојната правна и институционална рамка во Република Северна Македонија во однос на дигиталното родово-базирано насилство, користејќи ја Директивата (ЕУ) 2024/1385 како основна референтна рамка за оценка на усогласеноста.
  • Идентификување на правни празнини: Анализата покажува дека националното законодавство не обезбедува јасно и системско адресирање на дигиталното родово-базирано насилство, ниту пак доследно ги зема предвид специфичната ранливост на жртвите и кумулативните последици од насилството. Отсуствува сеопфатна регулација на ова насилство и постои ограничен материјален опфат на дигиталните форми на насилство.
  • Лекции од праксата: Преку примерот на случајот „Јавна соба“, се покажува дека самото постоење на кривични дела не е доволно доколку правната рамка не ја препознае природата на дигиталното насилство како групно, јавно и повторливо.
  • Конкретни препораки: Се предлага сет на препораки за унапредување, кои вклучуваат измени на Кривичниот законик, воспоставување механизми за онлајн пријавување со доставување електронски докази и креирање механизми за блокирање на незаконски онлајн содржини.

Повеќе детали, анализи и целосниот сет на препораки кон институциите можете да прочитате во самата публикација.

Овој документ е изработен со финансиска помош од Европската Унија. Содржината на овој документ е единствена одговорност на проектот „Младите жени против онлајн насилство“ имплементиран од Иницијатива за европска перспектива и Заеднички вредности и не ги одразува нужно ставовите на Европската Унија.

Продолжи со читање

  • Високите цени ја надминаа корупцијата како клучен проблем, но расте прифатливоста и подложноста на корупција во Северна Македонија

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше идентификувана како најсериозен општествен проблем, во 2025 година граѓаните на Северна Македонија ги рангираат високите цени како своја главна грижа (46,6%), а корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, зголемените трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, додека корупцијата и понатаму останува еден од клучните предизвици со кои се соочува општеството. 

  • Демир Капија: Жените бараат редовни средби со институциите и поголема поддршка за локалните иницијативи

    Демир Капија, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во локалното одлучување, редовни консултации со жителките од руралните средини и навремени повратни информации од институциите беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана во Демир Капија. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Младите од Струга во улога на новинари на работилница за медиумите на заедницата

    Средношколци од Струга учеа за медиумите на заедницата, разговараа за етиката во новинарството и за момент влегоа во улога на новинари. Тие предлагаа теми, анализираа како да ја обработат приказната и дискутираа колку е важно да се зборува јавно за проблемите на локалните заедници и да се бараат решенија.

  • Два дена партиципативно буџетирање со граѓаните на Општина Кисела Вода

    Во соработка со Општина Кисела Вода спроведовме процес на партиципативно буџетирање. Граѓаните ги споделија своите потреби, проблеми и предлози за подобрување на квалитетот на животот во општината. Тие ја препознаа иницијативата како корисна и изразија поддршка за организирање ваков тип на настани, кои овозможуваат нивните потреби и идеи да бидат слушнати. Следниот чекор е анализа […]
    The post Два дена партиципативно буџетирање со граѓаните на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Два дена партиципативно буџетирање со граѓаните на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • Ден на климатските промени – 4 Ноември

    Денес го обележивме 4ти ноември Денот на климатски промени со учество на Утринска програма на Телма телевизија со нашата  Тамара Радовановиќ Анѓелковска на која што разговаравме за активностите на нашата организација поврзани со заштита на животна средина и намалување/ адаптација на климатските промени.
    Зборувавме за тоа како локалните заедници можат да станат отпорни на климатски промени и зошто е тоа важно.
    Благодарност до редакцијата на Телма телевизија за поканата!
     

  • Од управување со миграциите до интеграција: Истражувањето во рамки на ФОСТЕР го анализира пристапот на странските државјани до права во Северна Македонија

    Миграцискиот профил на Северна Македонија се менува. Иако традиционално се препознава како транзитна земја, таа сè повеќе станува земја на дестинација за странски работници и други странски државјани што бараат подолгорочен престој. Според податоците презентирани во нашето истражување, бројот на странски работници се зголемил од […]
    The post Од управување со миграциите до интеграција: Истражувањето во рамки на ФОСТЕР го анализира пристапот на странските државјани до права во Северна Македонија appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор