54977545102 dfdecfa54e k

Меки вештини и кариерни перспективи за идните експертки во сајбер безбедност

На 10 декември 2025 година, во рамки на меѓународната конференција е-Општество.мк во Скопје, Фондација Метаморфозис организираше работилница „Меки вештини и кариерни перспективи во сајбер безбедноста“, за учеснички од регионалната програма CybHER!

Работилницата беше организирана во соработка со British Council, со експертска поддршка од Љубица Пендароска, експертка за сајбер безбедност.

Photo credits: Ванчо Џамбаски

Преку работилницата учесничките разговараа за важноста на женското присуство во оваа област, придружено со инспиративното обраќање на гостинка-говорничка која сподели лични искуства од својата кариера – од првите чекори, до лидерски улоги – нагласувајќи како меките вештини, упорноста и професионалната самодоверба го отвораат патот кон успех. За време на работилницата учесничките се запознаа со различните домени на сајбер безбедноста, вклучувајќи технички, управувачки, правни, етички и комуникациски улоги, како и нови насоки како сајбер дипломатија, дигитална етика, приватност и ВИ-безбедност.

Photo credits: Ванчо Џамбаски

Тие имаа можност да ги идентификуваат своите силни страни и да ги откријат вештините што се најбарани на пазарот, добивајќи практични препораки за обуки, сертификација и стажирање. Клучен дел од работилницата беше изработката на свој личен „elevator pitch“ и мотивирачката дискусија за лидерството, емоционалната интелигенција и градењето влијание во дигиталниот свет, поттикнувајќи ги учесничките да продолжат со учење, самоунапредување и вмрежување.

Настанот е организиран од Фондација Метаморфозис, во рамки на проектот CybHER, финансиран од Владата на Обединетото Кралство и спроведуван од British Council.

The post Меки вештини и кариерни перспективи за идните експертки во сајбер безбедност first appeared on Metamorphosis.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Фондација Метаморфозис

Продолжи со читање

  • Платформата за борба против корупцијата бара итно донесување на Законот за заштита на укажувачи

    Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара итно донесување на Предлогот на Закон за заштита на укажувачи. Платформата на граѓански организации за борбата против корупцијата изразува сериозна загриженост поради бавниот процес на донесување на Предлогот на Закон за заштита на укажувачи. Иако Платформата активно учествуваше во  работната група формирана од Министерството за правда […]
    Read More… from Платформата за борба против корупцијата бара итно донесување на Законот за заштита на укажувачи
    The post Платформата за борба против корупцијата бара итно донесување на Законот за заштита на укажувачи appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара итно донесување на Предлогот на Закон за заштита на укажувачи, како клучен чекор против корупцијата

    Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара итно донесување на Предлогот на Закон за заштита на укажувачи. Платформата на граѓански организации за борбата против корупцијата изразува сериозна загриженост поради бавниот процес на донесување на Предлогот на Закон за заштита на укажувачи. Иако Платформата активно учествуваше во работната група формирана од Министерството за правда […]
    The post Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара итно донесување на Предлогот на Закон за заштита на укажувачи, како клучен чекор против корупцијата first appeared on Metamorphosis.

  • ПОКАНА ЗА ИЗЛОЖБА

    ИЗВЕСТУВАЊЕ / ПОКАНА ЗА ИЗЛОЖБА   Центарот за одржлив развој на заедницата – Дебар со задоволство ги поканува учениците, родителите, наставниците […]

  • Обука за следење на јавните набавки на општинско ниво

    Денес, 12.12.2025, ја одржавме Обуката за следење на јавните набавки, каде 20 претставници на локалните јавни институции, граѓанскиот сектор и медиумите од Прилеп и Крушево, добија нови информации и знаење за правилно следење и спроведување на трошењето на јавните пари. Време е за ефикасно и транспарентно спроведување на јавните набавки!
    The post Обука за следење на јавните набавки на општинско ниво first appeared on Finance Think.
    The post Обука за следење на јавните набавки на општинско ниво appeared first on Finance Think.

  • Вебинар за усогласување на регулативата на државната помош

    Се одржа првиот Вебинар за усогласување на регулативата на државната помош со правилата на ЕУ, на кој присуствуваа 35+ претставници на јавни институции кои ја контролираат, менаџираат и/или доделуваат државната помош во земјите од Западен Балкан. Олгица Спевец, експерт за државна помош и политики на конкурентност, го сподели искуството на Хрватска преку практични предизвици и […]
    The post Вебинар за усогласување на регулативата на државната помош first appeared on Finance Think.
    The post Вебинар за усогласување на регулативата на државната помош appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор