Eopstestvo bardil jashari 1600x900

„Е-општество: Дигиталната трансформација не вреди ако граѓаните чекаат услуга на шалтер“ – Мета.мк

Дигиталната трансформација мора да значи подобар живот, услуги без редици и без страв од злоупотреба на податоците и без бескрајни бирократски чекори. Ако тоа не го добиваме, тогаш не сме трансформирале ништо, само сме додале дигитален слој врз неефикасноста, истакна извршниот директор на Фондацијата Метаморфозис, Бaрдил Јашари во своето воведно обраќање.

Интегритетот е услов за вистинска дигитална трансформација, која не вреди ако граѓаните и натаму чекаат услуга во редица на шалтер. Ова беше само една од поентите изнесени на денешното 21 издание на меѓународна конференција е-општество.мк, на тема „Интегритетот во сржта на дигиталната трансформација“. Настанот, организиран од Фондацијата Метаморфозис, ја обедини домашната и меѓународната експертска заедница, медиумите, институциите и дипломатските претставници, за да се разгледаат предизвиците и можностите што ги носи новата дигитална ера.

Годинашната конференција ја отвори извршниот директор на Метаморфозис, Бардил Јашари, кој истакна дека дигиталната трансформација не смее да се разбере само како технолошки процес, туку како суштинска општествена промена во која интегритетот игра клучна улога.

„Кога ја избравме темата на оваа конференција, имавме предвид три димензии. Прво, институционалниот интегритет. Второ е човечкиот пристап кон вештачката интелигенција (ВИ). Мора да се запрашаме: дали системите се дизајнирани имајќи ги човековите права предвид? Или тие стануваат црни кутии? Интегритетот во ВИ значи транспарентност и фер алгоритми. Третиот аспект е човечкиот интегритет, отпорноста на граѓаните кон дезинформации и способноста за критичко размислување. Дигиталната трансформација мора да значи подобар живот, услуги без редици и без страв од злоупотреба на податоците и без бескрајни бирократски чекори. Ако тоа не го добиваме, тогаш не сме трансформирале ништо, само сме додале дигитален слој врз неефикасноста“, истакна директорот Јашари во своето воведно обраќање.

Тој упати јасен повик до институциите, до меѓународната заедница и до граѓанското општество, заеднички да се гради дигитално општество во кое технологијата служи на човечкото достоинство, а интегритетот е водечко начело во секоја реформа.

Извршниот директор на Фондацијата Метаморфозис, Бардил Јашари | Фото: Ванчо Џамбаски

„Мојот денешен повик до институциите: Да ги претвориме стратегиите во конкретни реформи. Да работиме заедно, да ги отвориме вратите за вистинско партнерство и да ги направиме услугите функционални за граѓаните. До меѓународната заедница: Продолжете да нè држите на високи стандарди. Помогнете ни да се интегрираме во механизми како Democracy Shield, не како пасивни приматели, туку како активни партнери. Поддржете нè во одржувањето, користењето и ширењето, не само на експертизата, туку и на демократскиот потенцијал што помогнавте да се изгради во граѓанскиот сектор. До граѓанското општество: Да продолжиме да се вклучуваме во креирање политики. Да ги едуцираме и информираме граѓаните за технологијата, за предизвиците и придобивките. Да бидеме чувари на интегритетот. Да се погрижиме, кога ќе се навратиме на оваа дигитална ера, да не видиме само дека сме купиле нови компјутери или смартфони. Да видиме дека сме изградиле општество каде технологијата му служи на човечкото достоинство, каде услугите се ефикасни и каде интегритетот не е само цел, туку водечко начело во сè што правиме“, заврши Јашари.

Андоновски: Без интегритет, дигиталната трансформација може да стане алатка за дискриминација

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во своето обраќање како дел од свеченото отварање, истакна дека дигиталната трансформација е длабока општествена промена што ќе донесе нови можности за граѓаните и бизнисите, но само ако е заснована врз владеење на правото и човековите права.

„Дигиталната трансформација е длабоко општествена промена, која може да донесе поефикасни услуги за граѓаните и нови можности за водење бизнис. Но, без владеење на право и почитување на човековите права, таа може да стане алатка за дискриминација и манипулација. Потребно е да изградиме модерно и безбедно и инклузивно дигитално општество, кое ќе им служи на граѓаните. Интегиртетот на институциите е важен и треба да е во служба на граѓаните и на компаниите. Според последните бројки, зголемен е бројот на граѓани кои го користат порталот е-услуги, кој овозможува да им бидат на дофат услугите на нивниот смартфон, без чекање на шалтер“, истакна Андоновски.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски | Фото: Ванчо Џамбаски

Тој додаде дека одговорните во министерството работат на бесплатни вифи-зони.

„Тие не треба да бидат привилегија, туку право на сите граѓани во државата. Освен тоа, повеќе од 35 институции се поврзани и споделуваат документи без хартии. Друг аспект е одговорна ВИ. ВИ носи огромен потенцијал и ризици за приватноста, дискриминацијата, манипулацијата со информации. Работиме на пилот-проекти, следната недела ќе го имаме порталот дата.гов.мк, кој ќе користи чатбот кој полесно ќе ги пласира информациите. ВИ без јасна стратегија ги изложува граѓаните на ризици. Затоа креираме рамка и насоки усогласени со стандарди. На оваа конференција можеме да ги зборуваме овие прашања. Kога зборуваме за интегритетот, важни се три нешта – безбедни граѓани, достапни институции и насочени иновации. Ова е потребно да стане реалност за да граѓаните почувствуваат бенефит од промените кои ги правиме. За тоа потребно ни е партнерство со сите вас, како и со меѓународните партнери“, истакна Андоновски, кој се заблагодари на „Метаморфозис“ што оваа тема не ја остава на маргините, туку ѝ дава големо значење ја става во центарот.

Заменик ЕУ Амбасадорот, Бен Нупнау | Фото: Ванчо Џамбаски

Бен Нупнау: Македонија може да биде лидер во дигиталната трансформација

Заменик-амбасадорот на Делегацијата на ЕУ, Бен Нупнау, потсети дека интегритетот и човековите права се клучни за успешна дигитална трансформација и дека Македонија веќе активно учествува во европските иницијативи во ова поле.

„Мора да имаме цврста инфраструктура – кибер безбедност и медиумска писменост. Мора да се усогласиме со европските стандарди, да се усогласиме со идеалите на ЕУ. Граѓаните имаат бенефити од овие политики, а Македонија е активен член на Европската мрежа за ВИ преку проектот „Везилка“. Ќе продолжиме да работиме со вас на проблемите со дезинформации. Државите надвор од ЕУ може да ги применат алатките, со кои ќе се задржи безбедноста на информациите. Користејќи ги ресурсите, Македонија може да биде лидер во дигиталната трансформација. Работиме заеднички на тоа да се осигура дигиталниот простор и заштита од штетни влијанија“, потенцира Напнау.

Францускиот амбасадор, Кристоф Лериголер | Фото: Ванчо Џамбаски

Ле Риголер: Koлективна одговорност е дигиталната трансформација да се развива етички

Амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер, потсети дека борбата против дезинформации е еден од врвните приоритети на француската надворешна политика.

„Темата за интегиртетот е поврзана со почитување на човековите права во сите општества. Ова е годишна конференција на Метаморфозис која зборува за релевантни теми. Денес зборуваме за заштита на граѓаните на Интернет, зборуваме за предивиците кои доаѓаат од дигиталната трансформација. За да успее дигиталната трансформација и да поттикне економски раст, овие напори мора да напредуваат уште повеќе. Oваа тема не потсетува дека дигиталната трансформација е алатка која мора да ја користиме одговорно. На глобално ниво, Франција е длабоко вклучена во дигиталниот простор на земјите од Западен балкан и ќе продолжи да ја поддржува С. Македонија“, рече Ле Риголер во своето обраќање пред присутните.

Бакел: Информацискиот интегритет е основа на демократијата

Советничката за регионална стабилност од Амбасадата на Кралството Холандија, Јантине Бакел, предупреди дека светот е преплавен со дезинформации од домашни и странски актери, што доведува до ерозија на интегритетот на информациите и затоа според неа, е важно информациите врз кои градиме мислење да бидат доверливи

Јантине Бакел, советничка за регионална стабилност од холандската амбасада во Скопје

„Холандија затоа им дава поддршка на организации во борбата против дезинформации. Многу новинари ги зајакнаа своите капацитети, да препознаат и документираат и известуваат за странско влијание. Така тие им помагаат на граѓаните да ја разберат оваа борба и да ја намалат штетата. Успешни стратегии кои тука се применуваат може да бидат корисни и за нас. Веруваме дека дигиталната трансформација треба да служи на општеството, а не обратно. Дигиталните системи ги трансформираат администрациите, здравството, образованието и безбедноста. Кога работат етички, ги зајакнуваат граѓаните, во спротивно ги намалуваат демократските вредности. Недискриминацијата треба да е во сржта на секоја одлука. Граѓаните треба да знаат како се користат нивните податоци. Во Холандија човековите права ги гледаме како нешто за кое не се дискутира, владите мора да покажат дека дигиталната технологија се користи одговорно. Холандија останува посветена на работата со вас за оваа значајна тема“, рече Џанел.

Колку сте отпорни на антидемократски влијанија?

Присутните на настанот преку интерактивен квиз проверуваа колку се отпорни на антидемократски влијанија. Прашањата ги опфатија најчестите извори на информирање, довербата во теории на заговор и ставовите за климатските промени.

„Според истражувањата на Метаморфозис, граѓаните најчесто се информираат преку лични контакти и телевизија. Загрижувачки е што значителен број испитаници веруваат дека постои „тајна група“ која ги контролира глобалните настани, вклучително и војните, што укажува на широка распространетост на теориите на заговор. Уште поалармантно е дека дел од граѓаните сметаат дека климатските промени се измислица, што го одразува влијанието на дезинформациите врз јавната перцепција“, рече Деспина Ковачевска, медиа специјалист во Метаморфозис.

Деспина Ковачесвска од Фондацијата Метаморфозис | Фото: Ванчо Џамбаски

Како што таа истакна, охрабрувачки е што граѓаните препознаваат дека дезинформациите се сериозен проблем, иако признаваат дека тешко ги разликуваат.

„Најголемиот дел од граѓаните очекуваат Владата да преземе мерки за заштита од дезинформации и да обезбеди интегритет во јавниот простор. Во таа насока, ние како Метаморфозис подготвивме патоказ за заштита на демократијата од дезинформациски закани, кој бара координирана акција на сите чинители. Во оваа смисла и финансиската поддршка е клучна, затоа што антидемократските актери располагаат со значителни ресурси. Нашата цел е заеднички да дејствуваме стратешки и, на крајот, да обезбедиме регионална стратегија на Западен Балкан за посилна соработка против овие влијанија“, истакна Ковачевска.

Извештајот од истражувањето на јавното мислење на Фондацијата Метамофрозис, ќе биде наскоро јавно достапно.

Конференцијата продолжува во текот на целиот ден во хотелот Холидеј ин во Скопје. Во попладневните часови ќе биде доделена наградата „Илија Жупановски“ за исклучителни успеси во борбата против дезинформациите.

Линк до оргиналниот текст: Е-општество: Дигиталната трансформација не вреди ако граѓаните чекаат услуга на шалтер – Meta.mk

The post „Е-општество: Дигиталната трансформација не вреди ако граѓаните чекаат услуга на шалтер“ – Мета.мк first appeared on Metamorphosis.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Фондација Метаморфозис

Продолжи со читање

  • „Убавка Јаневска и Весна Коловска се добитнички на наградата „Илија Жупаноски“ од Метаморфозис“ – Мета.мк

    Сторијата со наслов „Конти со кинески врски под британски превез ги однесе заштедите на македонските граѓани“ на Убавка Јаневска и Весна Ковска ја освои првата награда, додека втората награда им беше доделена на Игор Стојанов и Тони Михаилов за проектот „Украден идентитет: Како со вештачка интелигенција се злoупотреби името на доктор Никола Пановски?“ Весна Коловска […]
    The post „Убавка Јаневска и Весна Коловска се добитнички на наградата „Илија Жупаноски“ од Метаморфозис“ – Мета.мк first appeared on Metamorphosis.

  • „Е-општество: Институциите мора да се откажат од „љубомората“ кон податоците“ – Мета.мк

    Вештачката интелигенција го забрзува капацитетот за обработка на големи количини на информации и генерирање вредност, но заедно со придобивките, се зголемуваат и ризиците Во време кога податоците станаа најважниот капитал на дигиталното општество, дилемата кој ги контролира, кој има корист од нив и како се користат останува отворена. Вештачката интелигенција го забрзува капацитетот за обработка […]
    The post „Е-општество: Институциите мора да се откажат од „љубомората“ кон податоците“ – Мета.мк first appeared on Metamorphosis.

  • „Е-општество: Човечкиот интегритет се соочува со дилеми во ерата на вештачката интелигенција, како да се одговори на новите предизвици и кои се решенијата?“ – Мета.мк

    Низ цела Европска Унија, Законот за вештачка интелигенција (ВИ) поставува стандарди за праведност, транспарентност и одговорност, но им остава на земјите кои не се членки на ЕУ да го регулираат одговорното користење на ВИ Имплементацијата на вештачката интелигенција се случува со побрзо темпо од создавањето регулаторни рамки или усвојувањето минимални стандарди за нејзино одговорно создавање […]
    The post „Е-општество: Човечкиот интегритет се соочува со дилеми во ерата на вештачката интелигенција, како да се одговори на новите предизвици и кои се решенијата?“ – Мета.мк first appeared on Metamorphosis.

  • „Образованието е најважната алатка за отпорност кон дезинформациските кампањи“ – Мета.мк

    Информациските манипулации и кибер нападите претставуваат сериозен предизвик за стабилноста и довербата во демократските процеси На сесијата се дискутираше за кибер и хибридни закани | Фото: Ванчо Џамбаски Процесот на дигитализација создава значајни можности за развој, но истовремено носи и зголемени ризици кои ја поткопуваат безбедноста на државите, институциите и граѓаните. Информациските манипулации и кибер […]
    The post „Образованието е најважната алатка за отпорност кон дезинформациските кампањи“ – Мета.мк first appeared on Metamorphosis.

  • Човековите права се наша секојдневна неопходност

    Хелсиншкиот комитет за човекови права се приклучува кон глобалните заложби по повод Меѓународниот ден на човековите права – 10 Декември, кој годинава се одбележува под мотото „Наша секојдневна неопходност“. Темата  нагласува дека човековите права се фундаментални, позитивни и достижни аспекти од секојдневниот живот – како што се домот, храната и мирот – со цел луѓето […]
    Read More… from Човековите права се наша секојдневна неопходност
    The post Човековите права се наша секојдневна неопходност appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Коруптивниот притисок расте, а отпорот на граѓаните слабее

    Последното истражување за проценка на корупцијата на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) потврди дека корупцијата останува еден од најсериозните општествени предизвици во Северна Македонија. Новите податоци укажуваат на влошување на состојбите.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор