590239599 1354436116381889 1993513513473902496 n

Средба на конзорциумот на партнери од Програмата за дигитален активизам

Извршниот директор на Фондација Метаморфозис, Бардил Јашари, учествуваше на средба на конзорциумот на партнерите од Програмата за дигитален активизам. Состанокот се одржа во Сараево, непосредно пред меѓународната конференција Мегафон 2025.

Програмските партнери се собраа во Сараево на два дена интензивно поврзување, размислување и планирање за иднината. Фокусот на средбата беше, како преку Програмата за дигитален активизам, може да се поддржат организациите на граѓанското општество и поединците ширум светот преку технологија, алатки, знаење, вештини, можности за градење отпорност и етичка вештачка интелигенција.

Средбата послужи како потсетник за силата и иновативноста во глобалната заедница – Програма за дигитален активизам, која ја води долгогодишниот партнер на Фондација Метаморфозис, Фондација Техсуп.

The post Средба на конзорциумот на партнери од Програмата за дигитален активизам first appeared on Metamorphosis.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Фондација Метаморфозис

Продолжи со читање

  • Македонија мора да го забрза одговорот на ХИВ: една третина од лицата со ХИВ не се дијагностицирани

    Граѓанските организации откриваат нови случаи 12 пати поефeктивно од здравствениот систем На национално ниво се проценува дека околу 620 лица живеат со ХИВ, но само […]

  • Извештај за постапка за избор на кандидати за избор на судија во ЕСЧП

    По поништувањето на првата постапка и распуштањето на првата комисија за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за формирање нова комисија и распишување нов јавен конкурс. Одлуките за поништување на првата постапка, распуштањето на комисијата и нејзиното повторно формирање не беа јавно […]
    Read More… from Извештај за постапка за избор на кандидати за избор на судија во ЕСЧП
    The post Извештај за постапка за избор на кандидати за избор на судија во ЕСЧП appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Локалните Младински Совети ја започнуваат својата трансформација

    Како дел од проектот „Младите се гласот на промените во општините“, започнавме со градење на капацитетите на Локалните Младински Совети. Успешно ја реализиравме првата дводневна обука за младинско учество и младински активизам, во партнерство со Empowering Kрушеvo.
    Обуката се одржа во периодот од 03 до 05 ноември во Струга, со учество на претставници од ЛМС Прилеп и ЛМС Крушево – членови на локалните младински совети и локалните собранија на млади од двете општини. Целта на оваа активност е да се поттикне активно вклучување на младите во процесите на донесување одлуки во заедницата и да се создадат одржливи механизми за нивно учество и застапување. Преку интерактивни сесии, дискусии и практични вежби, учесниците стекнаа нови вештини и знаења за младински активизам, партиципативни процеси, како и начини за идентификување и мапирање на младинските потреби на локално ниво.
    Ова е само почеток на процесот за операционализација и зајакнување на младинските структури, како важен чекор кон подобрување на партиципативното опкружување за младите – еден од клучните приоритети на Европската Унија.
    Младински Совет Прилеп во партнерство со Здружение на млади ЕМПАУРИНГ Крушево го спроведува проектот „Младите се гласот на промените во општините“. Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2“ финансиран од Европската Унија. Содржината на веста не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија и на Граѓанскиот ресурсен центар. #јасграѓанинот
    #МладиЗаМладите #ЛокалниМладинскиСовети #МладинскоУчество

  • Дали постојните програми навистина ги адресираат родовите разлики кај младите кои употребуваат дроги?

    Оваа публикација е изработена во рамки на проектот „Креирање родово базирани програми за млади кои употребуваат дроги“, финансиран од ЕУ – Еразмус+ програмата. Проектот има цел да ги поддржи организациите, институциите и професионалците кои работат со млади, преку развивање практики и програми што ја препознаваат родовата разновидност и потребите на различните групи млади кои употребуваат […]
    The post Дали постојните програми навистина ги адресираат родовите разлики кај младите кои употребуваат дроги? appeared first on ХОПС.

  • Еко Логик избран за контакт точка на YCDF – нов чекор кон поодржлива иднина

    Со огромно задоволство ја објавуваме веста дека Еко Логик е официјално избран како контакт точка за Скопје во рамките на Форумот за Младинска Климатска Дипломатија за Југоисточна Европа (Youth Climate Diplomacy Forum – YCDF). Овој избор не е само признание за нашата долгорочна работа во полето на животната средина, туку и значајна можност за понатамошно […]

  • Емпатија, правда и поддршка за жените!

    Во рамки на глобалната кампања „16 дена активизам против насилството врз жените“, Гласен Текстилец учествуваше на панел-дискусијата организирана од ЕХО

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор